Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Со завршување на договорот , автоматски се продолжува или треба ад се јават да прашаат дали сакам или не сакам да се продолжи
Не се продолжува договорот , само услугата која ти ја нудат ти продолжува се до оној момент додека ти не побараш да ти ја прекинат без плакање пенали или било какви други обврски.Незнам само дали Телеком нуди некоја поволност при продолжување-обновување на договорот,како што тоа го прават другите оператори вклучувајки го и Т-мобиле кој даваат одредени телефони бесплатно или со одреден попуст.
 
Има некој проблем со wireless-от на speedport рутер т.е губење конекција од 5-6мин на секој 1h?
И јас имав ваков проблем пред десетина дена. Што видновс користиш?
 
Кај мене не, само пред некој ден немав ни телефон ни интернет на 10 мин во 6 години
 
Колкава е максималната брзина што сте ја достигнале? Стигнувам до 90 мбит/с ама не ми е константно.
 
стабилен ли е оптичкиов нет
Јас сега брзо го сменив 3Max Start со 3Max Optic Start и за стабилност неможам објективно да зборувам дека прекратко го користам. Она што можам да го кажам е дека апгрејдот дефинитивно вреди. За 2-3 саати дојдоа и ја наместија мрежата и опремата, не ја пресекоа старата конекција се дур не ја инсталираа новата, значи не останав без интернет ни минута.

На speedtest.net вади плус минус 48Mbit download и нешто помалку upload (50Mbit е тој пакет по договор). Реален download на торенти ми е 5.5-5.7MB/s доколку има доволно сидери.

Многу поприметно е што пингот/лагот во игрите е значително намален од некои 90-120ms на 60-70ms latency (80-90ms со торент сидање во позадина што е смешно), ова исто многу зависи и од далечината на серверите на играта а инаку на speedtest дава 9ms пинг до Телеком. Youtube подолгите видеа од по саат и нешто се вчитуваат веднаш и доколку моташ на средина не чекаш 2-3 секунди дури да се вчита. Исто многу потечно е сурфањето на интернет, брзо се отвараат страниците и доколку има слики/гифови брзо ги вчитува.

Рутерот кој го инсталираат зрачи Wi-Fi сигнал половина од брзината на линијата, кај мене конкретно отприлика 22Mbit што ми е сосем доволно за лаптоп, смартфон или што и да уклучам.

Во глобала за она кратко време што го користам и што успеав да истестирам сум задоволен и не се каам што мигрирав во оптички пакет. Сега треба време да помине да видам колку е стабилен споредено со ADSL-от кој кај мене лично беше стабилен со исклучок на еднаш двапати кога имаа дефект во централа, што е нормално кога станува збор за технологија и мрежи.

Можам ако те интересира повеќе околу торенти да истестирам дали ја ограничуваат брзината или дали кочат upload и такви работи па да пишам пак. Само 2 филма симнав од приватен тракер и многу брзо се симнаа а upload не качува ни приближно колку download, дали Телеком кочи сидинг или не е баран торентот моментално не знам, треба повеќе тестирање.
 
Јави им се нека ти сменат рутер ама барај да ти стават спидпорт немо од ти зте што ги имаат за ништо не ги бива.
 
Рутерот кој го инсталираат зрачи Wi-Fi сигнал половина од брзината на линијата, кај мене конкретно отприлика 22Mbit што ми е сосем доволно за лаптоп, смартфон или што и да уклучам.

И мене вака ми беше на почеток. Околку 25Mbps имав на лаптопот кој е 3-4 метри оддалечен од рутерот преку 1 ѕид. Мислев дека така треба да биде, ама со инсталирување на нов драјвер за мрежната картичка ми рипна на 50Mbps и сега(повеќе од 1 год) симнува со 5.5-5.6MB/s
 
Спремен сум да ставам оптика, поточно 3 Max Optic Start пакет. Aко има некои поплаки, забелешки, маани и слични негативни работи сега е време да ги споделите :D.
Исто така, колку е јак рутерот што го даваат и дали може да покрие куќа од 3 спрата (односно приземје плус 2 спрата), од горе до доле, ако не, кое би било решението во тој случај?
 
Вчера го раскинав договорот со t - home. Ме интересира до кога ќе можам да ѓи користам пакетите.. Дали до крајот на месецот или следниве неколку два три дена?Инаку договорот ми беше истечен и не сакав да го продолжам.
 
Вчера го раскинав договорот со t - home. Ме интересира до кога ќе можам да ѓи користам пакетите.. Дали до крајот на месецот или следниве неколку два три дена?Инаку договорот ми беше истечен и не сакав да го продолжам.
Ти завршил договорот, или официјално си го раскинал доворот со документ, ова она, поради тоа што, ако само ти завршил договорот сега си на неопределено, т.е. ќе имаш сеуште интернет онолку колку сакаш ти.
 
Ти завршил договорот, или официјално си го раскинал доворот со документ, ова она, поради тоа што, ако само ти завршил договорот сега си на неопределено, т.е. ќе имаш сеуште интернет онолку колку сакаш ти.

Официјално со документи плус секако ми истекуваше, не сакав да го продолжам. До кога би имала интернет? Ме сфати сигурно сега :pos:
 
Официјално со документи плус секако ми истекуваше, не сакав да го продолжам. До кога би имала интернет? Ме сфати сигурно сега :pos:
Да. да те сфатив, поради тоа што и мене ми истече договорот и не го продолжив и сега сум фактички на неопределено време (можам да раскинам кога сакам), и ако дадат некои нови пакети можеби ќе го продолжам, ако не ќе туркам така некое време додека да се определам за некој друг провајдер, а во врска со твоето прашање не знам да ти одговорам, најубаво јави се на 122 и прашај си таму.
 
Што се дешава со нетов??
1 минута имам нет,па после 5 минути немам..:confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom