Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не знае какви ќе бидат новите пакети на телеком од есен дали ќе има подобрување интернетот како на пример зголемување на лимитот а не само како до сега се испофалија дека ја зголемија брзината па другите оператори и ја зголемија брзината ама и ставија нови интернет пакети и тоа дупло подобри од телеком.
 
Ме интересира колку оператори ставиле нови подобри интернет пакети од Т-Хоум, и на кои пакети точно мислиш?
 
Па еве од 1 јули Cabletel воведуваат нови пакети кои сите се неограничени само разликата им е во брзината отиди на страната ќе видиш, после пред еден месец и Telekabel ги сменија пакетите, а On net немаат ништо сменето но сепак подобри се од телеком во тоа што го нудат, а за нивната професионалност не сум компетентен да коментирам.
 
Никој нема ништо сменето, само пробуват или најавуваат, еве и Телеком сеуште има проблеми со зголемениве брзини, не пак другите.

Малце претерана е твојата изјава.
 
абе луѓе,вие одма сакате зголемување на брзината и на лимитот,па полека малце,почекајте уште малце да запре еуфоријата од 6мбит и 10мбит интернет,да се стабилизираат провајдерите, да ги изнесат своите КРАЈНИ понуди,а не само шпекулации,и тогаш изберете си.поздрав
 
RedDragon, телекабел за мене се "маалски" провајдер. Не само за мене, туку навистина се. Имаат мрежа во одредено подрачје на градот скопје и толку. Ако сакам да ставам интернет од нив, треба да се преселам во делови од градот кадешто они ја нудат услугата. Да не збориме за другите делови на македонија (македонија не е само аеродром).

Оф.нет не можат да бидат подобри од т-сакс во моментов бидејќи оф.нет ги препродаваат услугите на т-сакс. Нема никаква логика да ми речеш дека тие препродавачот бил подобар од вистинскиот сопственик на услугата. Или мислеше на WADSL-ot кој чини 1300 денари месечно, за брзина до 1024/128 Кбпс со месечен трансфер од 10-15 гигабајти, на никаква мрежа? Е браво :)
 
Никој нема ништо сменето, само пробуват или најавуваат, еве и Телеком сеуште има проблеми со зголемениве брзини, не пак другите.

Малце претерана е твојата изјава.
КејблТел и Телеком не се заедно веќе, порано влечеа од нив нет, сега се издвоени, така да не споредувај.:smir:
 
Ајде уште малку,цела недела сум на дајл ап брзина.Го надминав лимитот и сега еден апдејт неможам ко чоек да напраам.Малце се 100 гига,треба поголем пакет да понудат:kafe:
 
Ајде уште малку,цела недела сум на дајл ап брзина.Го надминав лимитот и сега еден апдејт неможам ко чоек да напраам.Малце се 100 гига,треба поголем пакет да понудат:kafe:
100 ГИГА ти се малко. ЛОООООООООООООООООЛ. Јас иам 3, нонстоп ги надминувам, и после кога ќе дојде дајл ап полесно ми е:toe:
 
100 ГИГА ти се малко. ЛОООООООООООООООООЛ. Јас иам 3, нонстоп ги надминувам, и после кога ќе дојде дајл ап полесно ми е:toe:

Е стварно се малку друже, јас еве месецов опнав накај 130гб, ама ја на кабелски сум, не ми кратат брзина после 100. Сеа треба да си зеам 25 празни двд-а за да се спремам за јули:baeh:
 
Е стварно се малку друже, јас еве месецов опнав накај 130гб, ама ја на кабелски сум, не ми кратат брзина после 100. Сеа треба да си зеам 25 празни двд-а за да се спремам за јули:baeh:

Аман бе Seph што спушташ толку? :pos2:
 
Филмови, серии, игри, итн. Стандард. Еве на пример Mass Effect е 7 гига, SpinCity серијата е 12 гига, од завчера симнав 7-8 филма, тоа се негде 5 гига. Па се собираат за 1 месец мајку му.
 
Тргна работава,мада ке мора да се контролирам изгледа,до сега отидоа 15 гига:toe:
Заебана работа се серииве ама подобро у секој случај вака него од тезга или двд-тека да ги зимам.
 
Мт нет ја претераа работава сериозно!Користам адсл веке многуу долго време.Кога почна првпат со услугава ја ресетираа конекцијата на секој 12 часа.Потоа од кога ги пуштија новиве пакети пред година и нешто намалија на 6 часа,за да од овој месец го сведат на 3 часа.Браво!Какви пациентчиња станаа не ми се верува.Bye Bye MT.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom