Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Каде можам да најдам мапа на покриеност на оптика, едно време имаја на интернет страната сега не можам да ја најдам:??
 
Каде можам да најдам мапа на покриеност на оптика, едно време имаја на интернет страната сега не можам да ја најдам:??
Немет. Јави се на 122 и прашај ги.
 
Некое инфо да не има некој случајно дали после септември ќе пуштат некои добри понуди за 3 Макс пакетите?
 
Некое инфо да не има некој случајно дали после септември ќе пуштат некои добри понуди за 3 Макс пакетите?
на адсл толку може и да понудат. толку може технологија. сега изборот е или кабелски или оптички.
 
Ја незнам зашто идиотиве кога се веќе оген скапи и лудаци а омилено им е да кратат на услуги направи пакет 3макс Со 20mbps,30 евентуално и направи го 1300 денари....
 
Дома имам брзина негде малку испод 8 мб/с,а во неколку кафиќи каде има од локалната кабелска интернет, мерам со спид тест на мобилниот и ми вади 17-18, а и осетно побрзо се сурфа

Веќе и телеком нема брзина во однос на другите како што се фалеше досега
 
Дома имам брзина негде малку испод 8 мб/с,а во неколку кафиќи каде има од локалната кабелска интернет, мерам со спид тест на мобилниот и ми вади 17-18, а и осетно побрзо се сурфа

Веќе и телеком нема брзина во однос на другите како што се фалеше досега
Има, само цените им се оган! Погрешна политика имаат во поглед на техничка поддршка на корисниците. Да биде бељата поголема, кога се јавуваш на 122 на 3ка, всушност зборуваш со "секретарки". Тие момци и девојки се толку ограничени во можностите да помогнат, што излегува смешно. Освен да ви пријават проблем, па други да ви го средуваат, друго нешто не можат. Голем дел од корисниците не го знаат ова и војуваат со нив: зошто не дојдовте, проблемот не е решен, дојдоа "вашите" и дозаебаа работа... Мој совет: кога ќе дојде екипа, НЕ ГИ ПУШТАЈТЕ ДА СИ ОДАТ додека не го решат проблемот! Очи нема да им видите и ќе се расправате со недолжни луѓе. Исто, барајте броеви за контакт од самите екипи! 122 немаат и не можат да ви дадат број. На одредени региони можеби и можат, но остатокот се надворешни фирми со кои немаат директен контакт. Не се расправајте со луѓето, не ви се виновни. Имате проблем, пријавете. Доаѓа екипа, барајте број и решавање на проблемот. Не утре, задутре. Подолго време сте без услуга, во салон: Добар ден, јас сакам да напишам приговор. И решен проблем ;) (ова е накратко моето долгогодишно искуство со 122, 0800 по старо и начинот на кој функционираат нештата кај нив). СРЕЌНО!
 
Vo Amerika GOOGLE FIBER 1 Gigbit internet kosta 70 $ odnosno 62 Evra a vo Makedonija kosta 80 Evra mesecno, - Makedonski Telekom - Spodeli Dozivuvanja
 
Vo Amerika GOOGLE FIBER 1 Gigbit internet kosta 70 $ odnosno 62 Evra a vo Makedonija kosta 80 Evra mesecno, - Makedonski Telekom - Spodeli Dozivuvanja
Оди живеј во Америка, што да ти кажеме друго :) Немој да мислиш дека ги бранам. Слободно види таму некој маил, па пиши предлог за брзина, пакет некој...може ќе те стават во продажба ;)
 
Najskapa kompanija
Slaba usluga i ponudi
Јас го неам то мислење дека имаат слаба услуга,имав проблем со ресиверот во 23 часот откажа се јавив другиот ден во 08,00 дојде екипа да го отстрани проблемот односно да го замени ресиверот.Понуда ? која од кабловските телевизии нуди поголем избор на канали квалитетни, можеби единствено што ги немаат ХРТ.Има голем избор на спортски од Арена, Спорт клуб ,Евроспорт и други да не ги набројувам ,од филмските го имаат пакетот на ХБО и едно можеби и најважно имаат покриеност сигурно над 95% од Македонија што другите оператори го немаат затоа и имаат поскапа понуда од другите.Погледни во Скопје барем зборам скоро го ископаа цело за поставување на оптика
 
Дај бе луѓе што сакате, за 2.800 денари имам 2 мобилни со неограничени разговори кон сите домашни мрежи со 3 гига интернет по телфон, 50/50 мегабита интернет (ок, со ограничување до 600 гига, на кое ретко се доближувам иако се што симнувам е во Full HD), 80+ канали (единствено уште Спорт клуб да беше со HD сигнал). Фиксниот телефон не го ни рачунам, оти речиси и да не го користам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom