@gjoko-mkd брзина на линија и спид тест не е исто. Во Скопје линиите држат околу 18-19. Надвор и повеќе. Е сега, замисли имаш линија од 24+, ама пакет од 12/768. Не ја искористуваш целосно и може да ти појачаат да речеме, наместо 8 интернет и 4 резервирани за ТВ, 10 интернет и 4 за ТВ. Кога би имал Премиум пакет или не знам по ново како е, може да дигнат и 12/14 интернет и 4/5 ТВ. Сѐ додека линијата може да издржи и не отстапува којзнае колку од пакетот, има простор за "подобра брзина". Затоа му напишав: гњави ги додека не сменат. 2Мбпс плус, 2! А, ич?
Да не заборавам, "тапата" (cap limit) постои одамна, не е нешто ново од Телеком. На некои линии ја има од прва, на некои по потреба. Тоа всушност е ограничување на брзината на интернетот. Зошто? Ај замислете вака: имаш 12/768 вкупна брзина. Со "тапа" имаш 8 за интернет, 4 за ТВ и НИКОГАШ нема да ти замрзне слика. Под услов да нема проблем со самиот сигнал од Телеком. Ако ти ја тргнат "тапата" (мој другар го побара тоа, после мое објаснување што е како е) нема шанса во исто време да симнеш торент, гледаш Youtube и сл и плус да гледаш ТВ нормално. По автоматизам, голем дел од брзината (ако не и цела) ќе биде искористена како интернет брзина, па ресивер и ТВ може да се сликаат. Сега се буниш за брзина на интернет. Ќе тргнат ограничување. Ќе почнеш да се буниш за замрзната слика на ТВ. Пак ќе ти стават ограничување и истото ќе биде. Овој мојов, што побара да му тргнат, е дисциплиниран

Кога неговите гледаат ТВ, тој не користи интернет или чисто да прочита нешто (за што и не му треба којзнае колку брзина). Ако мислиш дека можеш така да функционираш, слободно побарај да тргнат и мисли што правиш после

Да не се разбереме погрешно, не го бранам Телеком! Во денешно време да нудиш пакет со 13Мбпс вкупна брзина е идиотски. Ама кога веќе си потпишал договор, гледај да го искористиш на најдобар можен начин
