Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Телекабел у глобала има добра понуда на тв канали, али недостигаат SK4, SK5, SK6 и тоа у основна понуда. Глеам вчера пуштиле нов канал Vavoom али сликата е "водени боици", а така им е и N1 и DIVA бивша Universal, ако е дигитално нека биде дигитално. HBO или Cinestar у дополнителен пакет нема да биде лошо, друго имаат се.

Само напред Телекабелци.
 
Ви го акна чичко Роби...

А тебе кој ти го има “акнато“?

Изгледа на Роби му го акнаа денес, после сиот труд, опозицискиот однос кон пвеводбениците додека беа на власт и ставањето на изродот Младен Чадиковски за главен уредник, сепак си остана неговата телевизија 24 само на кабелските и дигиталните оператори, ништо од националната терестријална лиценца.

Парите одат во странство, студија нарачана од Агенцијата за медиуми вели не треба нова национална телевизија
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

Колкав е процентот на луѓе кои гледаат телевизија преку обична антена, има ли некаде таков податок да се види ?
 
Колкав е процентот на луѓе кои гледаат телевизија преку обична антена, има ли некаде таков податок да се види ?

Па не беше баш тоа поентата, секако дека ги има се помалку со секоја помината година.

Поентата беше во тоа дека телевизија која е терестријално достапна на национално ниво ќе биде достапна за сите гледачи, без разлика дали ја гледаат преку антена или преку кабелска/дигитална телевизија.

Телевизиите кои емитуваат терестријален сигнал добиваат приоритет кај маркетинг агенциите, а со тоа им следува загарантирана заработувачка од реклами, додека телевизиите кои емитуваат сигнал преку кабелски/дигитален/сателитски сигнал можат дури и да бидат игнорирани од страна на кабелските/дигиталните/сателитските оператори.

Така на пример, новата телевизија 1тв на изродот Бојан Јовановски - Боки 13, наменета за да шири плава жолтица, сеуште не е достапна за корисниците на аналогната и дигиталната кабелска телевизија на Телекабел, бидејќи Телекабел не е обврзан да ја емитува нејзината програма.

Истото важи и за телевизија 24, која додека беше телевизија 24 Вести, со години не беше достапна за корисниците на дигиталната кабелска телевизија на тогашен Близо, односно денешен Вип ТВ, кој воопшто не беше обврзан да ја емитува нивната програма, а и до денешен ден не е обврзан да је емитува нивната програма, слободно може да прекине да ја емитува нивната програма кога сака.

Кога било која од овие две телевизии би добила национална терестријална лиценца, за почеток ќе добие независна телевизиска платформа - конкретно терестријалната платформа на национално ниво - за да ја емитува својата програма на целата територија на Македонија и ќе биде бесплатно достапна за сите гледачи преку антена, а ако во таков случај некој кабелски/дигитален оператор сепак одлучи да не ја емитува програмата на таа национална телевизија, гледачите ќе имаат бесплатна алтернатива, а тоа нема да придонесе за подобра репутација за телевизискиот оператор.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Samo netokmu nekoj moze da drzi kablovska bez ogled dali e vip, telekom, teleКИШ. Turajte optika i mrs na IPTV bre luge...
 
Samo netokmu nekoj moze da drzi kablovska bez ogled dali e vip, telekom, teleКИШ. Turajte optika i mrs na IPTV bre luge...

Убедливо најглупиот пост на Кајгана без конкуренција :pos:

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom