Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Moze pink ke gi stavaat pa ja zgolemile pretplata Hahahaha
 
Убедливо најглупиот пост на Кајгана без конкуренција :pos:


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па не би рекол така. И јас сум на такво размислување, само имам еден проблем: како родителите да ги научам да гледаат ТВ преку андроид бокс.
 
Па не би рекол така. И јас сум на такво размислување, само имам еден проблем: како родителите да ги научам да гледаат ТВ преку андроид бокс.


Ти прочита убаво што напишал членот погоре? Кое размсислување? Дека луѓето кои држат кабловски се нетокму?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
ПРОМЕНА НА ЦЕНА ЗА КТВ УСЛУГА
Почитувани корисници,

Ве известуваме дека месечната преплата за кабелска телевизија од 01 Јуни ќе биде 450 денари.
Останатите услуги интернет, телефонија, оптички интернет, остануваат со иста цена. Покачувањето се должи на зголемените надоместоци за авторски права за каналите кои ги реемитуваме.

Телекабел

 
ПРОМЕНА НА ЦЕНА ЗА КТВ УСЛУГА
Почитувани корисници,

Ве известуваме дека месечната преплата за кабелска телевизија од 01 Јуни ќе биде 450 денари.
Останатите услуги интернет, телефонија, оптички интернет, остануваат со иста цена. Покачувањето се должи на зголемените надоместоци за авторски права за каналите кои ги реемитуваме.

Телекабел
2 страни се дискутира за тоа... прочитај малце пред да пишеш нешто, не колку да спамираш само.

Инаку да се надоврзам на темата, како стојат другите локални оператори? И таму ли веќе ја качија претплатата или останува иста? (310 ден.)
 
Petnet gevgelija,kanal16 resen i tie ja pokacija pretplatata
 
Ете и локалниот струмички оператор, Кабелнет... покачија (450 ден.), имаат соопштение.
 
AXN канал телекабел е кодиранот на ми кажува внесете картичка ?
 
Дигиталната тв во Битола е во прекин?!
Аналогната има сигнал... некој да знај што е работата?
 
Изгледа денес глувчињата што трчаат на тркалцата и произведувааат интернет, ги шинале ноџињата!
 
Kojа верзија на МТV канал го имаат Телекабел регистрирано ?

Гледам имаат еден MTV и МТV LIVE HD. Koj точно е овој MTV ? Eвропската верзија што е замена на MTV Adria или нешто друго ?

Исто го имаат регистрирано и Vavoom, IDJ TV, Fight Channel.
 
Kojа верзија на МТV канал го имаат Телекабел регистрирано ?

Гледам имаат еден MTV и МТV LIVE HD. Koj точно е овој MTV ? Eвропската верзија што е замена на MTV Adria или нешто друго ?

Исто го имаат регистрирано и Vavoom, IDJ TV, Fight Channel.

Европската верзија.
 
DIVA(Universal) без титл ќе биде отсега или моментално е некој проблем да не знаете?
 
Да ја оживеам темата со малку подолг пост.

Уште откога ставив кабловска и интернет од телекабел (еве веќе една година), дигиталните канали ми сецкаат, а на моменти целосно се губат, и ужасно ме нервираат. Уште на почетокот повикав екипа да го средат прооблемот, нешто мереа, менуваа сплитери и на крајот заклучокот беше дека кабелот што ми бил пуштен од разделникот до телевизорот бил слаб(?!) и ако сум сакал да ми пуштат наново појак(?!) кабел по ѕидот, тогаш ќе немало проблеми. Секако дека не се согласив, на пресно реновиран стан да ми висат кабли, ќе фурам на аналогна си викам.

Пред некое време на наградна игра добив уште еден телевизор (среќа јебига :), и ги повикав телекабел да стават разделник за да добијам сигнал во другата соба (каблите се веќе пуштени по ѕидовите). Ставија разделник, пуштија телевизија, пак ги потсетив за дигиталните канали, рекоа дека има многу сметња(?!) од околните станови и згради, дека сигналот бил на граница и дека тешко би се подобрил. Јебига, тоа е, си реков и продолжив да фурам на аналогна.

Дојде светското. Ми се гледа фудбал на HD, а ми сецка. Вториот телевизор конечно го ставив во функција, пуштам МРТ1 HD, ни да сецне ни ништо. Пуштам на телевизорот во дневната, сецка. Го ставам вториот телевизор на кабелот од првиот, и таму сега сецка. Ок, си велам, сигурно е до кабелот, како што ми рекоа уште првиот пат кога ми наместија кабловска. Ќе гледам на другиот телевизор ко така, барем имам еден телевизор со добар дигитален сигнал.

Пред некој ден имав проблеми со интернетот, и секако, прва работа што направив е го исклучив рутерот и модемот од струја. За некоја среќа, имав пуштено дигитална телевизија на телевизорот, и прво нешто што забележав е дека кога го исклучив рутерот и модемот, сецкањето запре. Ги оставив така 15тина минути, почна фудбалот, сликата стакло, сигналот супер. Кога ги уклучив модемот и рутерот, сецкањето почна. Аха! Тука лежи зајакот! Со пуштен модем, а исклучен рутер, сигналот си е ОК. Во моментот кога ќе го пуштам модемот, и кога на него ќе се поврзат wireless devices и почнува проток на интернет, сигналот се губи. Истото се случува и кога директно ќе уклучам компјутер со мрежен кабел на модемот.

Денес им се јавив во телекабел, да дојдат да видат што е работата. Скоро сум сигурен сум дека можат да го засилат сигналот, дали директно од „бандера“ (како што викаат) или со ставање на појаки сплитери, ама сега има душата да му ја извадам дури не ми средат се како што треба.

Гледам тука некои имаат пишано за слични проблеми со сецкање, па нека пробаат да го исклучат интернетот доколку им е на истиот кабел со телевизорот. Ќе следи нов пост после сервисот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom