Склучување брак е само изјава дадена пред сведоци, од што се плашите толку ако се сакате и сакате да имате деца.
За човек кој стои зад својот збор, чувства и мислење не би требало да му биде проблем тоа да го изјави и стави на хартија.
Според мене бракот е инструмент кој носи свои предности пред врската која не е официјализирана со документ, тој претставува обврзување на партнерите еден кон друг, од која врска ако не сте задоволни можете да го завршите со развод, во која пак постапка можете да ги решите имотно - правните проблеми на задоволство на двајцата. Од друга страна во врска која не е „ставена на хартија“ кога ќе дојде до ситуација да партнерите решат да се разделат, или судбината ги раздели (несреќи се случуваат) многу е тешко да се остварат побарувања (пример детето да наследи имот без долготрајни постапки за докажување татковство...па и да се заедно, мораат партнерите да се ополномоштуваат еден со друг за возење кола, не па за посериозни работи...Зборот ми е ако имате брак и на хартија е подобро и за децата и за партнерите во секој случај, и да останете заедно и да се разделите, значи според мене зборот брак не е тежина, како што реков на почетокот ако се сакате и сакате да имате деца заедно.