True Blood season 1 (HBO)
значи обожавам да пишувам вака рецензии,најчесто за играни филмови, првпат пишувам за серија па ајде реков да направам сефте со серијата што ми ја заеба цела колоквиумска
од излезени 5 сезони, и ѓубрето наречено твајлајт некако ко да изгубив желба да гледам,читам или слушам било што во врска со вампири.
серијава ја начекав неколку пати на ХБО кога ја емитуваат локалниве кабелски мрежи, ама тој реднек акцент ми беше многу одбивен и едноставно си се држев до играни филмови тогаш. кога ја начекав неколку пати на фокс лајф прво нешто што ми фати око е саундтракот, благо речено се нафатив да ја гледам најпрво заради саундтракот, одлично склопен со отворањето на епизодата, единствено можам така да го ставам рамо до рамо со game of thrones (немам неке големо резиме за серии).
потоа гуглав малку на интернет и видов дека Алан Бол е режисер, режисерот на six feet under исто од ХБО, јас ја немам гледано ама Psyside ја фалеше многу а јас сеуште слепо му верувам на човекот и почнав да ја гледам.
во првиот ден изгледав 7 епизоди, што реално е многу и некако исфорсирано за да го осетиш тој филинг, така се зафркнав и со GoT и мораше да ја гледам одново.
првата сезона е поспора и еден вид на пролог, се билда карактер по карактер, се покажуваат особините на секој лик во серијата, самата ситуација е доволно детално објасната, сега не ми смета воопшто тој акцен туку напротив лесно го дигестирав. имаше нешто во серијава што не си толку возбуден додека ја гледаш ама последните 30 % од епизодата те тера одма да ја пуштиш следна епизода.
сега малку за сторијата- гледав рим и сопранос и сите знаеме какви серии кува ХБО особено кога ќе ја внесеш и вампирското либидо и страст.
сторијата е добро склопена и се одвива бавно, како што реков изгледа како пилот сезона, како тест.
сите тие информации што можеш да ги дознаеш ти идат најнормално, ќе се случи нешто и потоа за брзо време ќе се објасни, не те остава да мислиш и да си шпекулираш, тоа е огромен плус за прва сезона, каде што ти треба што повеќе информации за серијата.
главните ликови се : Суки стекхаус и нејзиниот брат Џејсон, Бил Комптон и Тара.
суки е едно младо невино девојче со посебна дарба да чита мисли, во текот на сезоната ќе се покажи и како добра и како лоша работа.
Бил па е вампир стар 200 години, ветеран во граѓанската војна, и се враќа во родното место во неговата куќа, се раѓа романса помеѓу нив, слатка но и опасна, опасна по живот.
сето тоа испреплетено со сексуалните аспирации на братот џејсон и неговите девојки ја прават сезонава мистична.
проблемот во оваа сезона е едноставен, негативецот во серијата, искрено не очекував се додека се откри ама неговите мотиви и дела ми беа претерано слаби. а и имаше и многу ликови кој неможев да ги поднесам на почетокот
оценка за сезонава : 8/10
сметам дека втората и оваа сезона се најдобри
оценка за серијава 7/10 поради непотребни заплеткувања и глупите глупите моменти како во шпанска серија