TB серија со кратка рецензија (по сезона)

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Smallville - Season 8
SmallvilleCastSeason8.jpg
Во оваа сезона приказната од претходните 7 сезони добива нова димензија. Конечно почнуваме да ги препознаваме деталите од приказната за Супермен. Кларк добива работа во најпознатиот весник во Метрополис и се формира фамозната тројка од легендата Кларк Кент, Лоис Лејн и Џими Олсен. Во оваа сезона се збогуваме со непријателот на Кларк од самиот почеток на серијата Лекс Лутор и од првата љубов на Кларк, Лана Ленг. Во целата сезона како главна улога се појавува и најголемиот уништувач на земјата познат по логото DoomsDay (Суден Ден). Приказната сега од Smallville преминува во Метрополис.

 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Psychoville

Немојте некој да ја гледал серијава. 1/10. Најглупо нешто кое го имам симнато од интернет и не знам како издржав до седма епизода. Ваљда очекував да се деси нешто wow али си реков дај да ја прекинам тортурата и избришав од компјутер.
Гледам на имдб оценка 8.1 и си викам ај ќе ја спуштам. И стваро, интересно звучи "A group of seemingly unrelated strangers all receive a mysterious note stating "I know what you did," it sends their lives into a downward spiral." Али кога ќе ги видиш ликовите ти доаѓа еден нагон да го убиеш целиот човечки род, ако стварно постојат такви луѓе. Грозно. И не преувеличувам. Еве гледајте ги ликовите, не сакав да ја ставам сликата за да не го огрдам форумов. Значи таа најлево е болничарка и си замислува дека куклата е вистинско бебе, го храни, го успива. Тој вториот, дедото грозен, е опседнат со играчки. Џуџето има моќ за телекинеза и уствари се сожалив за него. Тие двајцата од десно се жива мизерија. И кој глуп режисер бе еј би ставил за главен лик кловн? И тоа алкохоличар, со една рака. Поужасно нешто од кловнови на светов нема. Ухх се наежив.
Ако некој ја има изгледано серијава, стварно дај кажете што ќе се деси со тие листињата што им стигнаа на почетната сцена.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Lost Girl

Нова серија од само 13 епизоди која финалето го имаше на 12ти декември 2010 година.
Во серијата се работи за Бо која е вила и има потреба да се храни со животот на другите. Ќе се здружи со Кензи која е само човек, но тогаш другите вили во градот ќе разберат дека имаат новодојдена и таа ќе мора да избира помеѓу добрите и лошите вили односно помеѓу темните и светлите вили.
Низ целата прва сезона има голем број на секс сцени бидејќи после секоја повреда Бо може да си ја врати силата преку сексот.
На имдб има скоро 8, јас засега и давам 7.
Се на се интересна серија за да отепаш време :)
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
„Езел“

Турска серија инспирирана од романот на А.Думас ’’Грофот од Монте Кристо“.Во Турција за кратко време ја надмина гледаноста и стекна поголема популарност од “1001 и една ноќ’’.
Сторијата започнува со Омер Учар,кој представува едноставен и искрен младич кој е одан на своето семејство и неговите 3 пријатели од детинство.Али(Бариш Фалај) и Џенгиз(Јигит Озсенер) се неговите најдобри пријатели кои ги смета за свои браќа.Третиот пријател е Ејшан(Џансу Дере) која воедно е и љубовта на неговиот живот.
После долгото одслужување во војска,Омер се враќа дома во Истанбул,среќен што најпосле ќе ја запроси жената на неговиот живот.Меѓутоа,судбината му зацртува друг пат-за време на неговото одсуство,неговите пријатели зацртуваат и прават лукав план за пљачка на казино,притоа убивајќи еден од заштитарите и оставајќи доволно лажни докази за обвинувањето на нивниот пријател Омер.Омер на крај ќе биде оптужен и осуден на доживотен затвор.
Омер во затворот го доживува пеколот додека неговите пријатели градат приватни кариери со украдените пари.Омер во затворот трпи физички и психички малверзации.Физички пред се од страна на надзорните и затворските стражари,кои безпрестано го измачуваат со цел да дојдат до одговорот на нивното прашање’’Каде се украдените пари?“.Психички непрестано размислува за издајата на неговите најдобри пријатели и нивното лажно сведочење на суд.При последната борба во затворот,Омер се здобива со страшни повреди(пред се неговото лице),но со помош на неговиот ментор Рамиз(кој воедно представува моќен мафијаш),Омер ќе успее да избега од затвор.
Неговото деформирано и непрепознатливо лице треба брзо да се оперира.Заедно со промената на лицето доаѓа и промена на идентитетот-Омер постанува Езел Бајрактар.После 12 години патња,неговата омраза кон пријателите постана се поголема,па се одлучува како потполни странец да ги посети своите пријатели и да им се одмазди.


Штета што нашите тв канали не ја прикажуваат.Серијава е врв.


http://www.imdb.com/title/tt1534360/


Треилер:


 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Fringe Season 3



Сликава би требало да ве заинтригира...

Зошто претходно видов дека првата и втората сезона се на кратко рецензирани, да не се повторувам па еве со третата.

По врвниот крај на втората сезона, уште подобар почеток на сезоната од втората (и втората има добар почеток). Те овој универзум, те оној, акции и случувања се случуваат и во двата универзума и целата приказна се врти повторно околу Оливиа, Питер и Волтер, ама ликовите на квадрат, освен Питер нели. :) Едните од нашиот универзум се обидуваат да ги спасат двата универзума, додека копиите од другите универзум се обидуваат да го уништат „нашиот“ универзум. Пишувам нашиот, зошто во нивниот кулите близначки сеуште постојат. Питер има моќ да управува со машината (која ја има на двете страни и која синхронизирано делува) која што може да создаде, но и да уништи, па ако мислевте дека само Питер може да управува, згрешивте. Се случува голема перипетија и целата сезона добива сосема друга насока.

Вреди да се гледа серијава, иако во темата пишав што не ми се допаѓа од оваа сезона. Можеби најдостојната замена на Lost, кога се во прашање мистериите. Сите знаеме зошто, Џеј Џеј (не Јован Јованов) Абрамс. :)

Од мене, 8/10, само поради крајот, инаку добиваше 10/10.
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Koj se soglasuva da napravime grupa na nekoja socijalna mreza za Doctor Who za povtorno da se emituva a gledam i deka dosta ja falite a i jas ja obozavam ne sum propustil isto taka nitu edna epizoda zatoa koj se soglasuva so mene thumbs up i da ja oziveeme serijata vo MDK !!!! (y)
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Person of interest



Серијава почна у септември, али си се поведов по старото добро правило според мене - да излезат повеќе епизоди па да ги погледнам. Моментално некаде е до кај 16-та епизода. Рецензијава ја пишувам изнервиран од многу хејтерскава рецензија.

Според типов, станува збор за многу досадна серија, ептен разочаран од Нолан и Абрамс, ликовиве се тапа, неинтересни, хејт, хејт, хејт. Според мене, тотално спротивно. Нешто ново од Абрамс, многу пореално и многу помалку сај-фај. Станува збор за генијалец (Харолд Финч) кој работел за американската влада по 9/11 во креирање на машина која ќе спречи идни терористички напади, односно пронаоѓање на терористите кои ги подготвуваат. Но освен терористи, машинава ги лови и обичните криминалци и можно причинители или жртви во убиства, па поради грижата на совест, типов наоѓа партнер (Џон Рис) во спречување на истите. Секако, без флешбекови нема да биде интересно, па така флешбековите откриваат многу од мистериозното минато на сите главни ликови. Секоја епизода е различна за себе, со нова закана, но во голем дел поврзана со претходните. Како и да е, не е се само акција, бидејќи зад се ова се крие една голема мистерија во поглед на ликовите, машината, поврзаноста со владата и многу други работи.

За мене, вистинско изненадување од Абрамс по Фринџ, излегол по малку од неговата препознатлива тематика и серијава заслужува да се погледне. Се надевам дека нема да забега по примерот со Лост и Фринџ. Најверојатно ќе има и втора сезона, судејќи по бројките на гледаност (не сум запознаен со идните планови).

За да не ми биде досадно во пресрет на новите последни епизоди, повелете на темата.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Ivanhoe (1997)

Се работи за британска мини-серија од 6 епизоди од по 50 минути, во продукција на BBC. Адаптација е на романот „Ајванхо“ на Волтер Скот.

Потребно е малку објаснување за да може полесно да се следи дејствието: Англија е под власта на Норманите после 1066 година и на тронот седат кралеви од Норманско потекло, владеејќи и со покорените Саксонци. Вилфред од Ајванхо е Саксонец кој е верен на Норманскиот крал Ричард I Лавовско Срце и со него се бори во Третата крстоносна војна. Поради неговата верност кон кралот, неговиот татко Седрик од Ротервуд се откажува од него. При враќањето од војните, Ајванхо е заробен во Австрија. Ајванхо не подлегнува на мачењето и не го предава својот крал и по враќањето дома ќе се обиде да си го обели образот и да си ја врати честа. Ајванхо е заљубен во Ровена, која е штитеник на татко му Седрик, кој сака да ја омажи за Ателстан, саксонски благородник. Вечерта кога Ајванхо тајно се враќа дома, Седрик ја прославува свршувачката на Ателстан и на Ровена. Истата вечер, во нивната куќа засолништво бараат и неколку Норманци, меѓу кои е и Брајан де Боа Гилбер со кого Ајванхо веќе се познава, а и Евреинот Исак од Јорк со неговата ќерка Ребека. Дејствието и во книгата, а следствено и во серијата, не е точно прикажување на историјата, туку е само приказна која користи одреден период од историјата (на пример Норманите и Саксонците не биле толку непријателски настроени едни кон други).

Сценариото е една од добрите страни на оваа серија. Многу добро е напишано и доста верно ги прикажува многуте случувања и заплети од книгата. Онаму каде се разликува од книгата, може да се каже дека дури е и подобра: на пример, Евреинот Исак и ќерка му Ребека се многу поактивни и поинтересни ликови во серијата отколку во книгата. Особено потегот на сценаристката со поставувањето на Ребека на многу поважно место придонесува за многу побогата приказна.

Најдоброто нешто е глумата. Посебно се истакнува Кирон Хајндс како Норманот Брајан де Боа Гилбер и навистина е задоволство да се гледа неговата глума. Хајндс многу јасно ја прикажува човечноста на ликот, па тој во текот на серијата полека станува најинтересен од сите ликови. Останатите глумци се дури и повеќе од одлични. Глуми дури и Кристофер Ли, кого го нема често во ваквите продукции на BBC.

Друга добра страна се акционите сцени кои се доста насилни, како сцените со турнирот или сцената со крајната борба која е многу реалистична, тешка и изненадувачка. Не се баш соодветни за деца.

Бидејќи се работи за историска драма, сместена во 12-от век, сценографијата и костимографијата се соодветни за времето, и се повеќе реалистични отколку раскошни. Има многу локации кои се навистина убави. Режијата не се истакнува посебно, ниту музиката.

Серијава е одлична екранизација на одлична приказна за средновековна Англија.

Оценката на IMDb e 7.6. Јас давам 8.

Еве слика со Брајан де Боа Гилбер и Ајванхо:

ivh36.jpg
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
True Blood season 1 (HBO)
значи обожавам да пишувам вака рецензии,најчесто за играни филмови, првпат пишувам за серија па ајде реков да направам сефте со серијата што ми ја заеба цела колоквиумска
од излезени 5 сезони, и ѓубрето наречено твајлајт некако ко да изгубив желба да гледам,читам или слушам било што во врска со вампири.
серијава ја начекав неколку пати на ХБО кога ја емитуваат локалниве кабелски мрежи, ама тој реднек акцент ми беше многу одбивен и едноставно си се држев до играни филмови тогаш. кога ја начекав неколку пати на фокс лајф прво нешто што ми фати око е саундтракот, благо речено се нафатив да ја гледам најпрво заради саундтракот, одлично склопен со отворањето на епизодата, единствено можам така да го ставам рамо до рамо со game of thrones (немам неке големо резиме за серии).
потоа гуглав малку на интернет и видов дека Алан Бол е режисер, режисерот на six feet under исто од ХБО, јас ја немам гледано ама Psyside ја фалеше многу а јас сеуште слепо му верувам на човекот и почнав да ја гледам.
во првиот ден изгледав 7 епизоди, што реално е многу и некако исфорсирано за да го осетиш тој филинг, така се зафркнав и со GoT и мораше да ја гледам одново.
првата сезона е поспора и еден вид на пролог, се билда карактер по карактер, се покажуваат особините на секој лик во серијата, самата ситуација е доволно детално објасната, сега не ми смета воопшто тој акцен туку напротив лесно го дигестирав. имаше нешто во серијава што не си толку возбуден додека ја гледаш ама последните 30 % од епизодата те тера одма да ја пуштиш следна епизода.
сега малку за сторијата- гледав рим и сопранос и сите знаеме какви серии кува ХБО особено кога ќе ја внесеш и вампирското либидо и страст.
сторијата е добро склопена и се одвива бавно, како што реков изгледа како пилот сезона, како тест.
сите тие информации што можеш да ги дознаеш ти идат најнормално, ќе се случи нешто и потоа за брзо време ќе се објасни, не те остава да мислиш и да си шпекулираш, тоа е огромен плус за прва сезона, каде што ти треба што повеќе информации за серијата.
главните ликови се : Суки стекхаус и нејзиниот брат Џејсон, Бил Комптон и Тара.

суки е едно младо невино девојче со посебна дарба да чита мисли, во текот на сезоната ќе се покажи и како добра и како лоша работа.
Бил па е вампир стар 200 години, ветеран во граѓанската војна, и се враќа во родното место во неговата куќа, се раѓа романса помеѓу нив, слатка но и опасна, опасна по живот.
сето тоа испреплетено со сексуалните аспирации на братот џејсон и неговите девојки ја прават сезонава мистична.
проблемот во оваа сезона е едноставен, негативецот во серијата, искрено не очекував се додека се откри ама неговите мотиви и дела ми беа претерано слаби. а и имаше и многу ликови кој неможев да ги поднесам на почетокот
оценка за сезонава : 8/10
сметам дека втората и оваа сезона се најдобри
оценка за серијава 7/10 поради непотребни заплеткувања и глупите глупите моменти како во шпанска серија
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Elementary season 1​
пошо холивуд неможе да не си дозволи најголемиот детектив на сите времиња да не работи на американско копно мораа да ја направат оваа серија because Amurrica thats why.​
Шерлок како најинтересен лик во последно време и мојата посвета спрема книгите и постарите адаптации на тв со Џереми Брет а и постари црно бели проекции, решив да и дадам шанса и на оваа и тоа еден trial од цела сезона.​
пошо гледам CBS и формат од 24 епизоди по сезона не очекував многу. пробале да вметнат некоја свежина со бекграундот на шерлок, неговата зависност од хероин и како Луси Лу(Џоана Ватсон) влегува во неговиот живот.​
впечаток со еден збор за цела сезона : Неинтересно​
причините едноставни, чекаш повеќе од 20 епизоди без никаква приказна и гледаме ЦСИ њујорк каде што Шерлок си решава случај по случај кој нема никаква врска со приказната. буквално ЦСИ. не се ни потрудиле да стават некој интересен детаљ, некоја мистерија, едноставно задача по задача.​
втора работа: хемијата помеѓу Ватсон и Шерлок беше синтетика, никогаш не ја разбрав улогата на Ватсон во серијата, od sober companion do private detective, и самата не знаеше шо е на крајот.​
трета работа : Шерлок ми беше многу емо, му ја убиле женската, се навлекол на хероин од пуста мака и потоа го гледавме како бара спас, никаква харизма, никаква интерпетација на шарм или на било што ќе можеш да го пофалиш, и го направиле тотален сезнајко, знаеше програмски јазици, биологија, Географија, Политика, едноставно walking encyclopedia, тапа во секој случај, и нонстоп се вади дека прочитал во некое списание за ова за она, а абер нема. Промашена е поентата кај овој шерлок​
и Луси Лу слабо се престави, покерфејс во сите можни ситуации, во Kill Bill беше фак јеа, има некој друг филм шо си има покажано актерските способности ??​
Четврто: the twist for the sake of the plot ситуациите во скоро секој случај, значи ЦСИ ниво на случај и каде што можеш да го процениш злосторникот , и на крајот имаш твист со цел да те изненадат и дека си погрешил, еднаш супер, два пати ок ама кизнај колку пати со таа финта ја туркаа сезонава, слаба креативност и повторување.​
и последното за крај : полоши антагонисти нема да најдиш од овие, која деструкција се случи на крајот од сезоната леле мајко, anti climatic до кај шо влегува.​
сума сумарум: ако го барате најдоброто искуство за големиот ум и детектив, оваа серија го покажува баш спротивното, ете јас издржав цела сезона, а тој што планира да ја гледа и ако евентуално сака да ја прекини, ќе си направи самиот услуга. подобро гледајте старите шерлок во црно бело барем ќе се изнагледате стара кинематографија наместо ова шо и да е (не се тотално срање ама нема едноставно да ви биди гајле за ништо поврзано со серијава)​
едит: последен сум пишал јас на темава пред повеќе од една година ?? :eek:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
American Horror Story: Coven (2013)

Третата сезона од, изгледа, популарната серија AHS, не е без одреден квалитет. Кети Бејтс, Џесика Ланг и Анџела Басет имаат што да испорачаат, секогаш имале, а солидна глума има и кај немал број други актери (пред се` кај актерките - побројни се, ако ништо друго).

Њу Орлеанс, Луизијана - ковени и вуду фризерници, меѓувештерски пресметки, ловци на вештерки, по малку хорор и навраќања кон минатото - знаат да создадат привлечност и да ги направат гледливи 13 епизоди, колку што ги има во сезоната.

Ми се чини дека, споредбите со True Blood (Луизијана е доста привлечна за вакви тематики), па и со Harry Potter (збиралиште/школо за млади вештерки) се неизбежни, што не мора ништо да значи.

Моите „замерки“ се однесуваат на нелогичностите (дури и во „светот“ на вештерлакот одредени работи подлежат на законите на логиката кои важат во истиот), дупките во сценариото, кое варира во квалитетот), па се чини дека барем две-три епизоди се вишок.

Како и да е, ова во никој случај не е негледливо, иако би можело да биде доста подобро реализирано.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
American Horror Story: Asylum (2012)
По третата сезона на AHS, ја изгледав втората. Големи разлики во квалитетот, во споредба со Coven речиси и нема. 13 епизоди кои би било добро да се помалку. Пак имаме хронолошки испреплетувања.
Сепак, темата е различна, а атмосферата поморничава (налудничава :) ).
Доста работи, негогаш на добар, а некогаш и на не толку добар начин се измешани овде: Масачусетс (славна американска хорор дестинација - Салем,вештерки, Х.Ф.Лавкрафт), Silent Hill, Exorcist, по малку SF и SS : за секого по нешто.

Солидна глума, подобра од AHS Salem. Воглавно, според мене за нијанса втората сезона е подобро реализирана од третата. Гледливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom