Тешко дека Фенер ќе помине лесно со Реал. Со Весели изгубија доста во рекетот, останаа само со Удох како центар. Немаат друг центар, Бариш Хершек е 4ка иако го игра и на 5ка, Антиќ и тој. Многу тешко ќе им биде под рекетот, посебно ако некоја утакмица Удох влезе во проблем со лични. Реал моментално има поширок ростер и поквалитетен ростер. Предност за Фенер ќе биде домашниот терен, меѓутоа Реал никако не смее да се отпише. Впрочем и ми се чини поголеми шанси има Реал да направи брејк, одколку Фенер во Мадрид. Неизвесна серија, ништо чудно и 5тата утакмица да решава.
ЦСКА ќе ја исчисти Ѕвезда, 3-0 би требало без проблем, со мали шанси Ѕвезда да победи една утакмица во Белград и да биде 3-1.
Локомотив - Барса, 2 дефанзивни екипи, овие ништо чудно некоја утакмица 50-50 да им заврши, како таа Локомотив - Фенер 52-55. Локо има добри играчи, играат доста добра кошарка цела сезона, затоа се и овде. Единствено што ме нервира е што во последно некако ептен форсираат шут за 3, и кој треба и кој не треба. Рендолф и Синглтон играат центри (иако не се класични), а се утепуваат фрлање за 3ки. Барса цела сезона игра топло-ладно, посебно на гостувањата е катастрофа, што би требало да е шанса за Локо што имаат предност на домашен терен, но сепак Локо ми е како добар match-up за Барса, две екипи кои се ориентирани на одбрана, така да подобрата ќе оди понатаму. Искрено незнам на кој да типувам, двете ми се со исти шанси.
Каха - ПАО исто така треба да биде интересна серија. Каха со "преродениот" Бурусис покажа одлична кошарка сезонава, ретко кој очекуваше дека во таква тешка група ќе се на втората позиција. Сепак ПАО со нигите што ги донесе, Вилијамс, Хејнс и Хантер доста го прошири ростерот. Пао дома тешко да загуби, пекол им е арената посебно во вакви плеј-оф наптревари, имаат еден куп искусни играчи, така да очекувам двете дома лесно да ги добијат. Е, сега најверојатно ќе се решава во Лаборал, покажаа дека се тврд орев дома, паднаа ЦСКА, Реал, Барса, Кимки, единствено Олимпијакос ги победи дома. Ако успее Каха да поведе 2-0, сигурно ќе имаат шанси, но ако се замине со 1-1 во Атина, ПАО не ми се верува да го испушти тоа.