Да не ти се верува дека Слукас изигра таква партија, секоја чест.
Многу лоша партија на Реал, искрено чудо е како изгубија само со 6 разлика, а и влегоа со 1 поен минус во последната четвртина. Премногу шутеви за 3, премногу. Руди 2/10 за 3ка, се отепа шутирање, да му се плукнам во кркмата. Љуљ 0/7 за 3ка, а одлични пробиви имаше. Уште еден факт, Ајон кој им е стартен центар, првиот шут и воедно кош од игра му беше на 2 минути до крајот. Џејси Керол само 10 минути доби, а не само што е одличен шутер за 3, туку со неговото излагање од блоковите знае секогаш да навлече играчи на себе, а со тоа создава вишок многу пати, премногу малку време доби, Мачиулис и тој, само 10 минути. Го отепа играње Руди, па и факинг Џефри Тејлор, кој освен што е добар дефанзивец, од друго абер си нема. Не можам да го сватам Ласо, има одлични пробивни плејмекери во Љуљ и Чачо, ама упорно со тие 3ки форсираат. Заслужени 1-0 за Фенер, Реал доколку сака да прави брејк мора малку да го промени пристапот.
ЦСКА очекувано до 1-0, иако Ѕвезда одигра добар натпревар, сепак ЦСКА цело време имаа контрола, играа колку за победа, рутинирано цело време. Исто очекувам да биде и во вториот натпревар, во Белград единствено со некое лудо шутерско издание и перфектна одбрана Ѕвезда би имала шанси макар за една победа.