ТА Евролига 2015/16

  • Креатор на темата Креатор на темата ColdSky
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како пуца одбраната на Лаборал, примија скромни 38 поени за 14 минути.
 
Не е крива одбраната на Лаборал,Бросе го отворија натпреварот феноменално.Кој шутна погоди,од било која позиција.

Не ми е јасна улогата на Стрелниекс.Зашто еден играч како него,кој е одличен шутер,не сака да шутира.Најверојатно го лимитира Тринкиери,иначе ова е просто неверојатно.Ме полуди сезонава све да му ебам по список.

Ефес 10:0 за две минути.Пао играат 100 пати подобро,ама ептен грешат. 4 грешки по ред направија + во бонус влегоа.[DOUBLEPOST=1460056858][/DOUBLEPOST]Реал-Кимки се потепаа.Им оди шутот у пм!:vozbud::cuc: Рајс верувале или не,за 12 минути 22 поени.9/10 шутира,промаши само една тројка.
Фелипе Рејес за 7 минути 11 поени,без промашај.Керол 15 поени.:shook:
 
Последно уредено:
Душко да си ја исцепа дипломата, има неверојатна шутерска екипа а он цела 3/4 упорно пробува да спушти топка под кош, Швед се распаѓа.


Џејси Керол 23 поени моментално за 16:42 минути, хаубица, Руди им дава една сосема друга димензија.
 
Последно уредено:
playoffs1516.jpg


Фенерхбаче - Реал ќе биде лудници.

:pistoldz:
 
Швед кој ќе го земе да прави екипа околу него нека си стави пиштол на чело...[DOUBLEPOST=1460069301][/DOUBLEPOST]Aјде малку Ф4 прогнозирање.
Ја мислам ЦСКА нема да има проблем ова е ипак ОГРОМЕН успех за Звезда никој не очекуваше на почеток дека после продавање на некои играчи и повреда на капитенот дека ќе можат и до топ16 и плус лошо и почнаа а види ги сега да не беше онаа лоша утакмица со Дарушафака можеа до 3 место.
Фенер поради предност на домашен терен мислам ќе пројдат безвезе би било да се вадат Реал цело време и сега да стигнат до Ф4 а не играат ништо цела сезона. За нив навивам и да освојат.
Локомотив мојот потаен фаворит од сенка после ЦСКА и Фенер што го зборам уште одамна мислам дека ќе ја пројде оваа никаква Барса.
Лаборал - Пао мислам тука грциве идат без проблем направија добар тим после у втор дел на сезона и играат одлично.
 
Последно уредено:
Цска - нема потреба да се каже зашто. Очекувам метла.
Фенер - би требало да пројдат, Реал се лоши сезонава до немај каде, иако ќе имаат некоја победа.
Барса- Локомотив ми е исто ко Химки, безвезна екипа. Имаат шутери, и тоа е тоа. Нит игра нит план нит концепција, само плескај. Барса има кризни утакмици, игра лошо некогаш, а за 3 дена покасно да одигра маестрално. Континуитетот е проблем во екипата, инаку се 10 класи подобри од сите екипи освен Фенер и ЦСКА.
ПАО- играат подобро во вториот дел од сезонава, поквалитетни се од Куча што игра јако дома, на гости се невидени ужаси.
 
Тешко ќе му биде на Фенер без Весели, многу тешко.:)
 
Тешко дека Фенер ќе помине лесно со Реал. Со Весели изгубија доста во рекетот, останаа само со Удох како центар. Немаат друг центар, Бариш Хершек е 4ка иако го игра и на 5ка, Антиќ и тој. Многу тешко ќе им биде под рекетот, посебно ако некоја утакмица Удох влезе во проблем со лични. Реал моментално има поширок ростер и поквалитетен ростер. Предност за Фенер ќе биде домашниот терен, меѓутоа Реал никако не смее да се отпише. Впрочем и ми се чини поголеми шанси има Реал да направи брејк, одколку Фенер во Мадрид. Неизвесна серија, ништо чудно и 5тата утакмица да решава.

ЦСКА ќе ја исчисти Ѕвезда, 3-0 би требало без проблем, со мали шанси Ѕвезда да победи една утакмица во Белград и да биде 3-1.

Локомотив - Барса, 2 дефанзивни екипи, овие ништо чудно некоја утакмица 50-50 да им заврши, како таа Локомотив - Фенер 52-55. Локо има добри играчи, играат доста добра кошарка цела сезона, затоа се и овде. Единствено што ме нервира е што во последно некако ептен форсираат шут за 3, и кој треба и кој не треба. Рендолф и Синглтон играат центри (иако не се класични), а се утепуваат фрлање за 3ки. Барса цела сезона игра топло-ладно, посебно на гостувањата е катастрофа, што би требало да е шанса за Локо што имаат предност на домашен терен, но сепак Локо ми е како добар match-up за Барса, две екипи кои се ориентирани на одбрана, така да подобрата ќе оди понатаму. Искрено незнам на кој да типувам, двете ми се со исти шанси.

Каха - ПАО исто така треба да биде интересна серија. Каха со "преродениот" Бурусис покажа одлична кошарка сезонава, ретко кој очекуваше дека во таква тешка група ќе се на втората позиција. Сепак ПАО со нигите што ги донесе, Вилијамс, Хејнс и Хантер доста го прошири ростерот. Пао дома тешко да загуби, пекол им е арената посебно во вакви плеј-оф наптревари, имаат еден куп искусни играчи, така да очекувам двете дома лесно да ги добијат. Е, сега најверојатно ќе се решава во Лаборал, покажаа дека се тврд орев дома, паднаа ЦСКА, Реал, Барса, Кимки, единствено Олимпијакос ги победи дома. Ако успее Каха да поведе 2-0, сигурно ќе имаат шанси, но ако се замине со 1-1 во Атина, ПАО не ми се верува да го испушти тоа.
 
Макаби у преговори со тренерот Барцокас плус Дилејни:cool:, ако и ова се оствари,плус тука додади ги Цирбес , Милер и Вимс, ќе имаат страшен тим.
 
Се жалеше претседателот пред некој месец дека не биле богати како порано и оп наеднаш се разбацуваат со пари.:icon_mrgr: Квинси ќе земe 2,1 милион за двете сезони.
 
Се жалеше претседателот пред некој месец дека не биле богати како порано и оп наеднаш се разбацуваат со пари.:icon_mrgr: Квинси ќе земe 2,1 милион за двете сезони.
Evrei se toa bajo moj, ne deka nemaat, tuku ne im se davaat :D
 
Евролига со нов формат од наредната сезона. 16 тимови ќе се натпреваруваат во лигашки формат, 30 натпревари, секој со секого по два пати. Првите 8 ќе играат плеј-оф како досега, до 3 добиени утакмици.

Ќе учествуваат 11 клубови кои имаат А лиценца (Реал, Барса, Лаборал Куча, Фенер, Ефес, ЦСКА, Макаби, Жалгирис, Милано, Олимпијакос и Панатинаикос), 4 клубови од АБА лигата, Шпанската, Германската и ВТБ лигата, кои ќе имаат по едногодишна Б лиценца, и уште еден клуб ќе биде освојувачот на Еврокупот, претходната сезона.

http://www.euroleaguebasketball.net...urocup-competition-structures-set-for-2016-17
 
Јович прави фаул уште на средина од теренот,судиите не судат,скока Де Коло и судат тогаш фаул и три слободни.Катастрофална одлука.
 
Па многу јасно дека на ЦСКА ќе им се налонети ама сега за сега не играат лошо Звезда мислев ќе ги згазат уште од почеток како и да е ќе видиме до кога ќе се држат , сепак на крај се знае кој ќе победи таа втората вечер ќе биде интересна :)[DOUBLEPOST=1460483391][/DOUBLEPOST]Уф нема шанси против овие судии Звезда да им се ниту доближи. Гледај само како Хајнс го држи Цирбес со лакти и раце цело време а оваму секој најминимален контакт се суди за фаул много домаќинско судење
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom