T-Mobile - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањево ќе оди во темите за сите 3 оператори.

Кога може да се изврши префрлање на пост-пејд број од еден во друг оператор?

Или преформулирано: дали префрлувањето на пост-пејд број е можно само кога истекува тековниот договор со операторот чии услуги ги користите или пак може во било кој период од договорот?

Мислам дека е доволно јасно прашањето... :-)
 
Аман бе овие ама се влечат со телефоните ужас......

во понеделник,ама и тогаш не е сигурно :facepalm:

а за намалување на некои телефони кој знае дали и има :гомце:

останува да чекам до понеделник :нинџ:
 
Која е најдобра опција за мобилен интернет ако имам припејд број?Линк по можност.Благодарам.
 
кога ке отворам ова за проверка на сметка на првата страна ми покажува дека имам 2850 денари сметка а коага ке одам во детален преглед ке напраам за цел месец од први до денеска и писува дека имам само 25 денари од пратени пораки.
Дали на првата страна е вкупната сметка без поволностите од претплатата па после се одбива се или како иде тоа ?
 
Сакам да прашам доколку некој памти дали го имаше Самсунг Галакси 3 кога излезе на поволни тарифи да се земе пример плаќање до кај 1700 месечно, тарифата и рата ваљда за телефонот на 24 месеци и слично. Сакам да го чекам Галакси 4 бидејќи го користам Galaxy I9000 aka. Galaxy S па отприлика за тој плаќав до кај 1600 месеци кога го зедов и беше 27.000 само телефон, верувам овој ќе биде поскап, но ме интересира тројката имаше поволни можности да се земе, а да не биде цената од само телефон, која претпоставувам ќе биде до кај 32-3 илјади.
 
Ова тарифата 299, има 500 минути кон т-мобајл,а кон останатите нема. Е сеа прашањето ми е,дали во тие 299 спаѓа звонењето кон другите мрежи,дали е вкалкулирано.
 
Дали некој знае дали воопшто полиција/Т-мобиле се замраат за изгубени телефони и навистина ги бараат? iPhone 4S у случајов...
 
Дали некој знае дали воопшто полиција/Т-мобиле се замраат за изгубени телефони и навистина ги бараат? iPhone 4S у случајов...
Би требало да се замараат, поготово ако мојш да фатиш некој пријател..
 
Денес бев да продолжиме договор од фирма и нормално да земеме телефони. Во City Mall каде што бевме нема ниту еден телефон кој што ни требаше нам(но ги имаа по два на излог), но да биде уште поголема сагата нема ни други телефони. Жената која што работи таму ни кажа дека и во другите салони е иста ситуација. Некој да е запознаен со ситуацијава и да има решение?
 
Нема решение, едноставно немаат телефони. Изборот се сведува на 2-3 добри модели, а плус при крај е и промо тарифата. Ако ти фаќа око некој од лагер листата нарачај што е можно побрзо.
 
Па сите телефони им се истрошени со тие новите претплати што се.А за нови телефони не очекувајте толку..Секогаш се спори
 
Во тоа е и проблемот што немаат ниту од добрите. Во наш случај ни требаа Xperia S и Xperia T
 
Денес бев да продолжиме договор од фирма и нормално да земеме телефони. Во City Mall каде што бевме нема ниту еден телефон кој што ни требаше нам(но ги имаа по два на излог), но да биде уште поголема сагата нема ни други телефони. Жената која што работи таму ни кажа дека и во другите салони е иста ситуација. Некој да е запознаен со ситуацијава и да има решение?
Ситуацијата е ваква веќе месец дена. Лажат сушат, и цело време викаат дека телефоните ќе им стигнат од понеделник. Зошто не набавуваат, и зошто ако набавуваат, носат многу малку телефони, не ми е јасно. А сакам да ми се разјасни. Како може да извадат промо тарифа, а да очекуваат да нема голема побарувачка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom