T-Mobile и Македонски Телеком повторно една компанија

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Т-Мобиле Македонија се присоединува кон Македонски Телеком. Одлука за припојување на двете компании донесоа денеска на вонредни седници Одборите на директори на двете компании преку анекс на Спогодбата за припојување донесена во октомври 2013 година.

Потврда за припојувањето треба да даде и Собранието на акционери на првата седница, а двете компании ќе почнат да функционираат како една од 1 јули годинава.

Акционерите ќе треба да ги прифатат и измените на Статутот на Македонски Телеком со кои се менува датумот на спојување на двете компании.

Спогодба за спојување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком беше донесена во октомври 2013 година.

Одборите на Директори на двете компании донесоа Одлука за одобрување на спроведување на интерна истрага во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

На вонредниот состанок, Одборот на Директори на Македонски Телеком го избра Панче Кралев, којшто е неизвршен член, за Претседател на Одборот на директори, со мандат од 21 април 2015 година.


Извор
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
А до сега не беа споени?
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.010
Поени од реакции
6.040
А до сега не беа споени?
Најверојатно работеле како две одвоени компании, со иста Parent Company(родителска компанија) што би се рекло.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
А до сега не беа споени?
Спојувањето беше во тек но во позадина..така пример ги споија салоните и слично. Наскоро ќе биде само 1 единствена компанија
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.350
Поени од реакции
5.000
Какво спојување бе ало што вие.. Иста компанија е во прашање. Внатрешните структури се соединуваат. Исти акции ќе имаат на берза. Ист борд и такви срања...
За обичните смртници ТОТАЛНО ирелевантно......
Македонски Телеком е Т-Home под групација на Маѓар Телеком кој пак е подружница на Дојче Телеком
Т-Мобиле е мобилен оператор на Дојче Телеком
исти ку*ац......

И патем кој се тие Македонски Телеком...

Овие престанаа да постојат 2008ма.

Приватизацијата се случи на 15 јануари 2001 година, кога Владата на Република Македонија и конзорциум предводен од унгарскиот давател на телекомуникациски услуги, Матав, потпишаа договор за аквизиција на акциите на Македонски телекомуникации при што Матав влезе во акционерската книга на Македонски телекомуникации како сопственик на 51 % од акциите со што стана доминантниот сопственик на компанијата. Од октомври 2008 година, македонската влада се уште држи директен удел во акциите на компанијата. Од 1 јуни 2001 година, давателот на услуги за мобилна телефонија T- Mobile (поранешен Мобимак) почна да функционира како посебен правен субјект (ќерка компанија).
На 1 мај 2008 година, АД Македонски телекомуникации официјално станаа дел од глобалното семејство на Дојче Телеком, со прифаќање на новиот „Т“ бренд.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Се споија најапашките компании.
Па врвот - види кој им е нов претседател на борд на директори - бивш министер.Ќе спроведувал внатрешна истрага за прислушкуваните разговори :bravobe:
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Какво спојување бе ало што вие.. Иста компанија е во прашање. Внатрешните структури се соединуваат. Исти акции ќе имаат на берза. Ист борд и такви срања...
За обичните смртници ТОТАЛНО ирелевантно......
Македонски Телеком е Т-Home под групација на Маѓар Телеком кој пак е подружница на Дојче Телеком
Т-Мобиле е мобилен оператор на Дојче Телеком
исти ку*ац......

И патем кој се тие Македонски Телеком...

Овие престанаа да постојат 2008ма.

Приватизацијата се случи на 15 јануари 2001 година, кога Владата на Република Македонија и конзорциум предводен од унгарскиот давател на телекомуникациски услуги, Матав, потпишаа договор за аквизиција на акциите на Македонски телекомуникации при што Матав влезе во акционерската книга на Македонски телекомуникации како сопственик на 51 % од акциите со што стана доминантниот сопственик на компанијата. Од октомври 2008 година, македонската влада се уште држи директен удел во акциите на компанијата. Од 1 јуни 2001 година, давателот на услуги за мобилна телефонија T- Mobile (поранешен Мобимак) почна да функционира како посебен правен субјект (ќерка компанија).
На 1 мај 2008 година, АД Македонски телекомуникации официјално станаа дел од глобалното семејство на Дојче Телеком, со прифаќање на новиот „Т“ бренд.
Така де, на тоа се мислеше, мислев се подразбира дека внатрешните структури се спојуваат :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ова што сега го прочитав и слушнав ме изненади, од проста причина што јас до сега мислев дека тие се од дамна споени, една целина, т.е. едно исто. Се надевам дека се ќе функционира како и до сега.....:)
 
B

BooBojan

Гостин
Мoментo Пaнче Крaлев...
Пoдoбрo дa се исселувaме штo е мoжнo пoскoрo.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Потејто, потато... монополот никогаш не зе ни тргна :D
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Досадни се више, споени се и со владата, дерат 24/7.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom