T-Mobile - Генерална дискусија

Член од
9 јануари 2021
Мислења
756
Поени од реакции
793
Дали T-Mobile имаат СА modul
Немаат, оти телевизијата им работи на ИП протокол, т.е. преку интернет. Две платформи се сега Мах ТВ и Магента ТВ. Два различни платформи се, Мах ТВ е интерактивна телевизија со такви функционалности, а Магента ТВ е со андроид платформа.
Доколку имаш желба помини до салон и речи му да ја разгледаш самата платформа како функционира.
За CA modul да користиш, имаш кабловски оператори или DVB - T од А1.
 
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Сакам да може да се работи со едно даљинско,даљинското од телевизорот.Дали овој оперстпр го може тоа.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
756
Поени од реакции
793
Сакам да може да се работи со едно даљинско,даљинското од телевизорот.Дали овој оперстпр го може тоа.
Има такво нешто да работиш со едно далечинско. Се параат двете даљинска и може со едно да се управува и телевизорот и приемникот.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.117
Поени од реакции
7.697
Има такво нешто да работиш со едно далечинско. Се параат двете даљинска и може со едно да се управува и телевизорот и приемникот.
Сите функции или само уклучување и исклучување на телевизорот?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.117
Поени од реакции
7.697
Без интерактивните функции мислам дека само можи.
Дека колку што знам такви парење може за функцијата уклучување и исклучување телевизорот. Некои далински имаат и по две копчиња за уклучување и исклучување, едно копче е за телевизорот а едно за ресиверт.

Такво имаа Тотал тв далинско. Сум го видел во Србија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.651
Поени од реакции
11.871
Сакам да може да се работи со едно даљинско,даљинското од телевизорот.Дали овој оперстпр го може тоа.
Доколку имаш понов телевизор кој поддржува универзален далечински управувач, тоа е изводливо.

Го имам испробано безброј пати на нови телевизори од Самсунг и од ЕлЏи и потврдено функционира.

Сум слушнал дека функционира и на понови телевизори од Сони, Филипс и Панасоник, но бидејќи немам видено со сопствени очи не можам да потврдам.

Во пракса телевизорот треба да има опција за подесување на универзален далечински управувач - Universal Remote, така што ќе треба да внесеш име на телевизискиот оператор - во овој случај Telekom MK или Makedonski Telekom, по што телевизорот ќе ти даде да го тестираш универзалниот далечински управувач со менување на ТВ каналите и на секој обид ќе те прашува дали се променил ТВ каналот или не. Доколку проработи му потврдуваш дека ТВ каналот се сменил, доколку не проработи одбираш опција дека ТВ каналот не се сменил и телевизорот повторно го тестира универзалниот далечински управувач.

Телевизорите на ЕлЏи кои поддржуваат универзален далечински управувач се толку паметни, така што доколку го поврзиш телевизорот на Интернет и потоа му го конфигурираш универзалниот далечински управувач, воопшто нема да те прашува кој е телевизискиот оператор, туку од прва го наоѓа Makedonski Telekom и бара само потврда дека тоа е телевизискиот оператор.

Функционира и кај рисиверите од старата MaxTV платформа и кај рисиверите од новата Магента ТВ платформа.
 
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
На А1 може со едно даљинско кајмене е така немам ресивер само назад CA modulot ама сакам да се префрлам во Т- mobile затоа прашувам дали има таква шанса да не се занимавам со ресивер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.651
Поени од реакции
11.871
На А1 може со едно даљинско кајмене е така немам ресивер само назад CA modulot ама сакам да се префрлам во Т- mobile затоа прашувам дали има таква шанса да не се занимавам со ресивер.
Од Македонски Телеком ќе мораш да користиш рисивер, и старата MaxTV платформа и новата Магента ТВ платформа се IPTV платформи, а Македонски Телеком не сакаат да се замараат со поплаки од корисници за IPTV апликација која можеби нема да може да се инсталира на телевизор или на мобилен телефон.

Вака со IPTV рисивер ќе си знаат дека му даваат на корисникот нивна опрема и дека одговорноста за одржувањето, сервисирањето и било каква замена на опремата е одговорност на Македонски Телеком и затоа полесно им е да се замараат со IPTV рисивери отколку да се замараат со IPTV апликација која ќе треба да се инсталира на илјадници различни телевизори.

Новите Магента ТВ рисивери функционираат преку Андроид IPTV платформа, далечинските управувачи им функционираат преку Bluetooth, така што ако не сакаш да ти се гледа било каков рисивер, слободно ќе можеш рисиверот да го прибереш во шкаф, фиока или на било кое место каде што нема да ти боде очи, под услов да биде вклучен во струја, поврзан со рутерот кој Македонски Телеком ќе ти го дадат на користење, и да биде поврзан со телевизорот.

Доколку имаш понов телевизор кој поддржува универзален далечински управувач, ќе можеш да се ослободиш и од вториот далечински управувач за Магента ТВ рисиверот кој ќе ти го дадат на користење од Македонски Телеком, па така ќе можеш со далечинскиот управувач за телевизорот да ги командуваш и телевизорот и Магента ТВ рисиверот.
 
Член од
24 март 2024
Мислења
4
Поени од реакции
1
Да не има некој проблем со апликацијата да не покажува трошење на мобилниот интернет? Си стои како да нема трошено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom