T-Mobile - Генерална дискусија

Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
да ве прашам нешто, дали тие телефони што се на т мобајл.ком.мк ги има и во продавницата дали се тоа сите телефони или во продавниците има и некои телефони што ги нема на страната
сите телефони што се настраната ги има и у продавница, може да ги нема баш сите телефони на лагер во одредена продавница, ама во поголемите продавници, би требало да ги има,како у гтц,сити мол и сл...
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.660
На новата Промо плеј сум што нуди 1гб интернет. До сега сум користел само wireless конекција па добив порака за инсталирање setup за интернетот. Инсталирам све, рестартирам телефон и пак немам интернет. Решение ?
 
апн-и имаш ли сетирано, и за кој телефон станува збор?
 
Ч

Чај

Гостин
Претходно користев ВИП некој тарифен модел од 500 денари,може имаше 1000 минути кон сите мрежи,но врската беше катастрофална.Кога проверив дека секогаш ми преостануваа околу 300-400 минути,а притоа постојано си без конекција како со интернет на Близу,среќа заврши договорот па се префрлив на новата Промо Плеј. Неограничен интернет (1 гига со добра брзина,понатаму побавен) неограничено на Тмобиле и 200 минути кон другите мрежи.Повеќето контакти ми се на Т-мобиле па не успевам ни тие 200 минути да ги потрошам кон други мрежи,ама квалитетот на сигнал е очигледен,со тој што зборувам како да е до мене.Затоа се вели колку пари толку музика.
 
П

Паган-др

Гостин
Има некој искуство со префрлање припеид број од ВИП на Т-Мобајл? Дали има некои посебни заебанции со префрлањето, а потоа и користење на бројот на мрежата на Т-Мобајл?
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Јас сум на новава promo play тарифа веќе месец и две недели и уште ми нема стигнато сметка. Кога отприлика стигаат сметкиве? :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.292
Поени од реакции
5.259
Јас сум на новава promo play тарифа веќе месец и две недели и уште ми нема стигнато сметка. Кога отприлика стигаат сметкиве? :D
https://my.t-mobile.mk/login.nspx
Провери си тука колку ти е сметката, ако викаш дека повеќе од месец ти нема стигнато сметка. Поштарите знаеш каснат кај нас.
 
Ч

Чај

Гостин
Јас сум на новава promo play тарифа веќе месец и две недели и уште ми нема стигнато сметка. Кога отприлика стигаат сметкиве? :D
Можно е да ти е поддесено да добиваш само електронска сметка.Битно ќе ти стигне по смс дека имаш за плаќање.
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Можно е да ти е поддесено да добиваш само електронска сметка.Битно ќе ти стигне по смс дека имаш за плаќање.
Да, да тоа ми стигна пред 1 недела, значи да идам да си платам, да не чекам сметка? :icon_lol:
 
Ч

Чај

Гостин
Да, да тоа ми стигна пред 1 недела, значи да идам да си платам, да не чекам сметка? :icon_lol:
Па нормално :icon_lol: Ако не ти се чека со уште една порака дека си закаснал.Навремено ако плаќаш добиваш + 90 поени.Треба да одиш на www.my.t-mobile.mk направи си профил (ако веќе немаш) и провери во опции дали имаш штиклирано да добиваш ЕЛЕКТРОНСКА наместо хартиена сметка.Ќе ти стигнуваат на е-маил.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Кога го продолжуваш договорот и земаш телефон со доплата мислам дека имаш можност да ги искористиш и собраните поени за поефтин да ти дојт телефонот, барем така беше пред некое време ко земав телефон, е сеа ме интересиат која му е вредноста на поените дали знајт некој, 1000 поени колку би биле во пари?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563

и сега е така ... мислам дека поените ги делиш со 5 или 6 т.е. 3000 поени = на 5-600 ден ...
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
и сега е така ... мислам дека поените ги делиш со 5 или 6 т.е. 3000 поени = на 5-600 ден ...
Е да, сеа ми се врати филмот, тогаш имав 5000 поени т.е 1000 денари, значит со 5 се делит :).. Фала мнногу.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
590
Поени од реакции
250
вака пред некое време кога уплативм за сметка за интернет, (домашен)телефон... тие кажаа дека заоа што сме редовни корисници од сега сме приклучени и ние да добиваме поени, но јас првпат слушам дека и од домашен се тоа добива и така помина еден месец стигнува сметката барам нигде не пишува колку поени имам

како да видам? https://my.t-mobile.mk а и овде се бара број од мобилен а домашен никако нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom