Дека се лопови сите се лопови.
Ама Т-Мобиле се мислам најголеми.
Толку години имам постпејд, не сум имал толку високи сметки.
Наеднаш, 2000, 3000 денари сметка? Па што е тоа бе?
Дали се они нормални? На 3те бизнис-пакет броеви ми стига толку висока сметка! На крај излезе дека вработени таму во Т-Мобиле го злоупотребувале бројот и дека си вртеле за нивни потреби.
Ајде си викам договори веќе никогаш, ќе те испокрадат, неможам да губам време со тужби и расправии по продавниците, па ќе си земам припејд.
Активирав услуга на Т-Мобиле Кул припејд за неограничени разговори во рамките на Т-МОбиле. Ок ми зема 100 денари.
Вртам и вика „Немате доволно кредит“.
Добро, бев во Т-Мобиле и таму ми рекоа дека треба минимум 10 денари или така нешто да имам на сметка за услугата да си биде активирана и да можам да вртам. Значи тргнувајќи од тоа, јас треба секоја недела да ставам по 150 денари (100 за услугата, + 50 за да можам да воспоставам повик). Тоа ќе ме фати 600 денари месечно.
А тоа реално е многу за припејд. Кај го има тоа?
Океј, додадов кредит уште 100ка пошто стварно ми требаше, со надеж дека услугата ќе си се активира овојпат, кога наеднаш....При неколку повици, оп повторно немам кредит. Зошто е тоа така?
Услугата за бесплатни минути ја покажува како активна секаде. Вториот кредит што го ставив за да функционира услугата наместо да ми ги донесе бесплатните минути од првиот уплатен кредит, не ми донесе ништо.
Фактички 2риот кредит ми се потроши за миг и не ми донесе никакви бесплатни минути, а разговорите ми се тарифираа нормално без никакви попусти.
И кај го има тоа, наводно 2.9 денари минута, а на сметката имав 9 денари. Ни минута не зборев а кредитот летна.
Арамии невидени се. Да земе човек све да исклучи од телефонија и да живее живот од 19 век.
Вип е супер ствар припејдот да, ќе се изназбориш, ама затоа мрежата е катастрофална. Пола муабет е „Ало ало? Ме слушаш? Те слушам“. Спушти заврти, пак спушти пак заврти. Треба да излагам на улица за да правам муабет, или да се шетам по соби во борба за сигнал.
А Оне не се ни осмелувам да земам по ова што го читам по интернетов и револтираните корисници.
Така да има ли некој Промо Плеј што активирал, како е задоволен? Гледам тоа е најпримамлива и најисплатлива понуда од кај лоповиве? Мора нешто да се активира, пошто сите на крајот знаеме дека не се живее без телефон во 21 век...