Постарите мои(дедовци, баби, мајка, татко) имаат генерално добро мислење за Тито, за СФРЈ и општо за тогашниот систем Социјализам ............ јас сум помлад(26 год.) и имам поделени мислења т.е. не сум живеел во таа бивша држава, во тој систем, а пак Тито починал неколку години пред јас да се родам .................... меѓутоа едно е факт луѓе скоро 21 год. сме независна држава, Тито почина во 1980г.(пред 32 год.), СФРЈ се распадна уште пред 2 децении(и тоа бајаги крваво), Социјализмот како систем исто така крахираше .................. и навистина ми е глупо кога ги гледам особено повозрасниве генерации како уште сонуваат и живеат во тоа време(со истите сфаќања и ставови), јас сум млад и ја сакам оваа држава независна Македонија и да признаам навистина понекогаш и ми оди на живци фалењето на бившата СФРЈ и на бившиот систем ................ инаку времето си е исто, само што тогаш народот не бил аздисан како сега, тогаш се живеело далеку поскромно од сега ................. куќа, количе, едно одморче во годината на Јадран и толку ......... а сега имаме ку*опрчење до даске ............. сите викаат дека трпат за леб, а секој дома во гаража има некое парче од 15ина или 20ита илјади евра, а има и такви со по две-три парчиња, кафаните и кафичите се преполни, трговските центри исто така, летно време повеќе од половина СК. е надвор, секој има во просек по два-три мобилни, непознавам дом во кој нема минимум еден компјутер+интернет и.т.н. Сакам да кажам дека денеска животот е далеку поскап од тогашниот, имаме повеќе технологија/апаратура денеска, тогаш во секоја куќа имало само ТВ од оние старите сигурно се сеќавате, радио, шпорет на дрва... а денеска во секоја соба имаме триста апаратури ................. плус народот денеска е поаздисан од тогаш, тогаш немало како денеска толку алкоси, наркоси, коцкари... ипак имало некаков каков таков ред ................. и тогаш имало криминалци(без разлика ситни или крупни крим.), ама на прсти да ги изброиш, додека пак денеска што е и најтрагично според мене има толку многу криминал насекаде, во секоја пора на општеството, во секое гратче, маалце, селце, уличе, што всушност денеска и не се знае кој е навистина криминалец , а кој е навистина чесен, уствари денеска и покрај криминалците и некој чесен ќе отиде во курбан, такво е времето зафркнато !
--- надополнето: 5 мај 2012 во 17:45 ---
Има различни случаи другар .. еве мојата фамилија ако ја земеш за пример и пред тито и по тито односно и пред СФРЈ и по СФРЈ живееле односно живееме побогато ... После имаш многу луѓе којшто нивните родители/ дедовци /баби им биле малтретирани за тоа време заради различните погледи .. значи не е се така дека сите го сакале Тито имало луѓе што го сакале тоа е да ама не го одбивај фактот дека имало многу луѓе којшто го мразеле заедно со целиот систем
Пријателе истите луѓе/фамилии кои за време на Социјализмот живееле солидно, грото од нив и денеска живеат солидно т.е. не се променети многу работите ..... не зборам за сите секако ............ на пр. мојата фамилија и тоа поширока да земеме и тогаш работеле повеќето, а и денеска работат .......... значи за нас конкретно е исто времето, без некои поголеми промени ......... е сега има и такви кои во новиов систем тотално пропаднаа, некои пак и доста се издигнаа, значи се е релативно од човек до човек, од семејство до семејство, за нас(мое семејство)конкретно е потполно исто и пред да се распадне СФРЈ, а и после тоа во овие 2 децении ни угоре-ни удолу што би се рекло !
Инаку во секој систем има и задоволни и незадоволни, без разлика кој систем е во прашање и во Социјализмот имало и задоволни, но имало и незадоволни, а исто е и денеска и денеска има луѓе кои солидно живеат и се задоволни, а има и такви кои се незадоволни, значи се е релативно од човек до човек и од семејство до семејство и не смее да се прават 100% генерализации !