Точно е дека и во СФРЈ имало големи разлики во платите но финтата е во тоа што тогаш и тој со најниската плата можел да има еден пристоен живот додека сега и тој со повисока плата тешко, тешко може да скрпи први со први ако нема некој дополнителен приход а да не зборуваме за повеке. Доволен показател е и тоа што тогаш со Југословенскиот пасош можело да се оди и да се работи било каде во светот без проблем но во однос на сега многу малку луѓе бегале од државата, додека денес, иако пасошите ни се за во WC, луѓето, посебно младите бегаат од овде и не се враќаат ниту по капата ако им падне а сигурно никој не бега од убавина...
Стамбеното прашање било решено на сите, секој си градел куќа или си добивал стан, и тоа на наједноставен начин преку фирмата во која работел без никакви банки, хипотеки, партии и глупости..... како стоиме сега на оваа поле?
Образованието било далеку, далеку поквалитетно и апсолутно бесплатно. Какво ни е сега образованието?
Здравството средено комплет со врвни стручњаци и целосно бесплатно како и лековите. Какво ни е сега здравството?
Производство по највисоки стандарди, фабрики во кои работеле илјадници луѓе, фабрики кои неможеш да ги изодиш пеш од крај на крај, фабрики како Железара, Охис, Алкалоид, Тиквеш, ИМТ, ФАС, ТАС, ТАМ, ЗМАЈ,......................... се произведувало од игла, облека, храна....... па до најтешки машини и возила, електроника, тенкови, оружје.............. бескрајно може да се набројува.
Се граделе автопати и автопати, вештачки езера, хидроцентрали, термоцентрали, енергетски системи, АТОМСКИ централи, и какви се не ОГРОМНИ капитални објекти.......... што градиме сега од таков калибар?
Армија за секој респект, армија која може да ти гарантира безбедност во секој поглед.... каква армија имаме сега?
Криминал на најниско можно ниво.... врвни криминалци биле по некој џепчија таму и ваму.... каква е сега состојбата со криминалот?
Дрога скоро и да не се знаело што е тоа, може би имало во поголемите градови по некој наркос ама се броеле на прсти и сите ги знаеле.... каква е состојбата сега со дрогата?
Народот не бил воопшто задолжен, по некое кредитче на плата и тоа..... сега дали има семејство без два- три кредита и неможе да ги отплаќа?
Безбедност на ниво, во било кое време оди каде сакаш и спии надвор..... како е сега?
Никој не знаел што е тоа да не се исплати плата или придонеси.... сега во 50% драпаат стапови
Земјоделството било на највисоко можно ниво со страшно големи капитални инвестиции во него и загарантиран откуп на производството по пристојни цени.... сега како е?
Се граделе страшни хотели и одмаралишта кои и денес се ненадминати.... денес што се гради?
Работеле со полн капацитет и театри и балети и опери и музеи..... денес какви ни се овие институции?
Спорт.... не треба ниту да се збори ниту може да се споредува таа машина во сите спортови со оваа мизерија што сега ја нарекуваме спорт...
И може да се набројува до бескрај, нема крај..... никаде, во никоја област не е подобро од тогаш, напротив многу, многу полошо..... од држава која со право се шегуваше со своите соседи и беше на рамниште со сите светски сили и економии станавме нестабилни вукојебини со кои сите се подбиваат и си играат курташак....
Во ни едно поле не е подобро. Ако некој знае во што е подобро нека каже макар тоа било и една мрвка.
Се на се Тито згрешил во тоа што не ја уништил од корен троската која не доведе до оваа дереџе, што бил многу благ.