Tито го предвидел распаѓањето на Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше ти проблеми кога бил Тито та толку многу го мразиш?? дали кога бил Тито ти недостигале пари,мир и слобода?
Дали те замарале Албанци и ти краделе од сопствениот твој буџет тогаш??
Дали ако не беше Тито би издржал воопшто?? Ејј тој го тргна фашизмот и го направи Балканот онаков како што е! Тој сакаше на прав пат сите да не однесе,ама му се мешаа во внатрешната политика! не го може секој ова! ама се појавија нови сега....е сега тие се дотични! Кога тогаш ќе си го реализираш тоа! Сепак твое мислење си е и почитувам!
Има различни случаи другар .. еве мојата фамилија ако ја земеш за пример и пред тито и по тито односно и пред СФРЈ и по СФРЈ живееле односно живееме побогато ... После имаш многу луѓе којшто нивните родители/ дедовци /баби им биле малтретирани за тоа време заради различните погледи .. значи не е се така дека сите го сакале Тито имало луѓе што го сакале тоа е да ама не го одбивај фактот дека имало многу луѓе којшто го мразеле заедно со целиот систем
 
Можеби и има што го мразеле и го мразат,ама пример споредено со денешнава политика многу повеќе има што мразат одошто сакаат!
За време на СФРЈ мојата фамилија била многу богата и после Сфрј додека Сдсм биле на власт ама дошол Груевски и цела фарма што ја имавме од кози (350 кози) пропадна!
Млекото го намали од 35 денари на 11 денари а продажната цена му ја крена на 50 денари! Стандардот го накачува а платите??
 
да не ја тераме на политика ... ќе те молам
 
Можеби и има што го мразеле и го мразат,ама пример споредено со денешнава политика многу повеќе има што мразат одошто сакаат!
За време на СФРЈ мојата фамилија била многу богата и после Сфрј додека Сдсм биле на власт ама дошол Груевски и цела фарма што ја имавме од кози (350 кози) пропадна!
Млекото го намали од 35 денари на 11 денари а продажната цена му ја крена на 50 денари! Стандардот го накачува а платите??
Мислев дека нема повеќе да ти реплицирам, ама ме треаш тоа да го направам. Па додека бил на власт дотичниот колку луѓе останале без својте имоти, додека беа на власт едните колку татковци, и мајки останаа без работа. За другиве пак не ни сакам да коментирам исти се и они. Политичарите си гледат прво за себе, па после за народот. Така да без врска е да коментираме кој е подобар,и кога било подобро.
 
Многу сиромашни луѓе има кои умираат и се мачат,ама изглеа МОДЕРНИЗАЦИЈАТА е побитна! имаше и субвенции...Ма какви бе субвенции?? ништо од тоа нема!
 
Одиме веќе накај политика, а тоа на форумов е забрането. Така да не би коментирал за субвенции, и остварени и не остварени проекти на партии, и одредени личности.
 
Ааа штом е забрането подобро да не коментираме!
 
Ако сакаш нешто да ми кажеж,прашаш пиши пп, а за коментирање, и водење политика се добива БАН.
 
Мислев дека нема повеќе да ти реплицирам, ама ме треаш тоа да го направам. Па додека бил на власт дотичниот колку луѓе останале без својте имоти, додека беа на власт едните колку татковци, и мајки останаа без работа. За другиве пак не ни сакам да коментирам исти се и они. Политичарите си гледат прво за себе, па после за народот. Така да без врска е да коментираме кој е подобар,и кога било подобро.
Многу пристрасно зборуваш и за жал не ги гледаш фактите. Како прво... многу богати во времето на Социјализмот, немало. Значи преовладувала средната класа, тие што биле богати биле многу малку, истото важи и за сиромашните. Како второ, на сите што им биле одземени нивите, дуќаните и сл. било со цел тоа да се подели еднакво и да можат сите да работа ( од капитализам во социјализам) на тие што им биле одземени, а веруј ми и во мојата фамилија и те какво богатство земале, им дале работа, не ги оставиле да гладуваат и да се снаоѓаат. Сфаќам дека те боли фактот што дедо ти бил еден од оние кои што страдале во тоа време, заради различните погледи и јас имам такви во мојата фамилија, но факт е дека подобро се живеело, послободно и народот имал. Сега за жал средната класа се помалку ја има.
 
Можеби зборувам пристрасно, ама тоа е. Болката и неправдите се толку големи што и на гладот и сиромаштијата им завидувам.
 
Брее овој Тито бил ептен голем Шерлок......
Да не предвидиш распад на нешто како Југославија е како да не видиш прст пред око.
 
За како се живеело порано не знам не сум ги зафатил тие години.
За Тито можам да кажам што ми кажале од дома.
Имало мир,сите имале т.е средната класа доминирала,законот се почитувал и немало заебанции си можел слободно на пат да спиеш.

Негативно:Ограниченост во одредени полиња,слаба свест на народот во Македонија работеле по 3 сати наместо 8 (т.е се заебавале) за разлика од Словенија кои сватиле дека работат за самите нив ,а не за државата.

Тоа е тоа за Тито можам да кажам човек кој успеал да обедини различни земји,религии народи кој до вчера војувале еден против друг е нешто навистина големо(и тоа благо речено).
За жал целиот систем се потпирал на него така да со неговата смрт се се распаднало.
 
Постарите мои(дедовци, баби, мајка, татко) имаат генерално добро мислење за Тито, за СФРЈ и општо за тогашниот систем Социјализам ............ јас сум помлад(26 год.) и имам поделени мислења т.е. не сум живеел во таа бивша држава, во тој систем, а пак Тито починал неколку години пред јас да се родам .................... меѓутоа едно е факт луѓе скоро 21 год. сме независна држава, Тито почина во 1980г.(пред 32 год.), СФРЈ се распадна уште пред 2 децении(и тоа бајаги крваво), Социјализмот како систем исто така крахираше .................. и навистина ми е глупо кога ги гледам особено повозрасниве генерации како уште сонуваат и живеат во тоа време(со истите сфаќања и ставови), јас сум млад и ја сакам оваа држава независна Македонија и да признаам навистина понекогаш и ми оди на живци фалењето на бившата СФРЈ и на бившиот систем ................ инаку времето си е исто, само што тогаш народот не бил аздисан како сега, тогаш се живеело далеку поскромно од сега ................. куќа, количе, едно одморче во годината на Јадран и толку ......... а сега имаме ку*опрчење до даске ............. сите викаат дека трпат за леб, а секој дома во гаража има некое парче од 15ина или 20ита илјади евра, а има и такви со по две-три парчиња, кафаните и кафичите се преполни, трговските центри исто така, летно време повеќе од половина СК. е надвор, секој има во просек по два-три мобилни, непознавам дом во кој нема минимум еден компјутер+интернет и.т.н. Сакам да кажам дека денеска животот е далеку поскап од тогашниот, имаме повеќе технологија/апаратура денеска, тогаш во секоја куќа имало само ТВ од оние старите сигурно се сеќавате, радио, шпорет на дрва... а денеска во секоја соба имаме триста апаратури ................. плус народот денеска е поаздисан од тогаш, тогаш немало како денеска толку алкоси, наркоси, коцкари... ипак имало некаков каков таков ред ................. и тогаш имало криминалци(без разлика ситни или крупни крим.), ама на прсти да ги изброиш, додека пак денеска што е и најтрагично според мене има толку многу криминал насекаде, во секоја пора на општеството, во секое гратче, маалце, селце, уличе, што всушност денеска и не се знае кој е навистина криминалец , а кој е навистина чесен, уствари денеска и покрај криминалците и некој чесен ќе отиде во курбан, такво е времето зафркнато !
--- надополнето: 5 мај 2012 во 17:45 ---
Има различни случаи другар .. еве мојата фамилија ако ја земеш за пример и пред тито и по тито односно и пред СФРЈ и по СФРЈ живееле односно живееме побогато ... После имаш многу луѓе којшто нивните родители/ дедовци /баби им биле малтретирани за тоа време заради различните погледи .. значи не е се така дека сите го сакале Тито имало луѓе што го сакале тоа е да ама не го одбивај фактот дека имало многу луѓе којшто го мразеле заедно со целиот систем

Пријателе истите луѓе/фамилии кои за време на Социјализмот живееле солидно, грото од нив и денеска живеат солидно т.е. не се променети многу работите ..... не зборам за сите секако ............ на пр. мојата фамилија и тоа поширока да земеме и тогаш работеле повеќето, а и денеска работат .......... значи за нас конкретно е исто времето, без некои поголеми промени ......... е сега има и такви кои во новиов систем тотално пропаднаа, некои пак и доста се издигнаа, значи се е релативно од човек до човек, од семејство до семејство, за нас(мое семејство)конкретно е потполно исто и пред да се распадне СФРЈ, а и после тоа во овие 2 децении ни угоре-ни удолу што би се рекло !
Инаку во секој систем има и задоволни и незадоволни, без разлика кој систем е во прашање и во Социјализмот имало и задоволни, но имало и незадоволни, а исто е и денеска и денеска има луѓе кои солидно живеат и се задоволни, а има и такви кои се незадоволни, значи се е релативно од човек до човек и од семејство до семејство и не смее да се прават 100% генерализации !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom