Добар ден вчера ... за денес имам многу дилеми , ама избрав неколку натпревари :
ATP Stockholm
Del Potro - Blake 1.25 3.50
Интересен дуел. Blake е пред крајот на кариерата , додека Дел Потро се мачи да се врати во старата форма што ја имаше пред операцијата и имаше скоро година дена пауза од тенисот.Плус веќе неколку недели е без одигран меч поради повреда.
Блаке ретко да направи нешто посериозно на поважите турнири, играше неколку финалиња на Челанџер турнири , но не освои ништо.Ко шо кажав крајот на неговата кариера е скоро.
Не знам како Дел Потро ќе одигра вечер , ама Блаке е познат по неговиот јак сервис. Азискиот хендикеп е поставен на -4,5 гејмови , и мисалм дека Блаке ќе успее да се задржи над тој хендикеп. Најголема причина е недоволно спремниот Дел Потро , додека Блаке на тврда подлога е добар. Пораз од 6:4 6:4 е добитен , пораз од 6:3 6:4 е губиток.
Blake + 4,5 @ 1.80 6/10 Sportlife
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Turkish Airlines Euroleague
Fenerbahce - Caha Laboral 1.40 2.70
Почеток на овосезонската Еуролига во баскет.
Прво коло , каде сите дуели се очукува да бидат тврди, никој не сака да почне со пораз.
Фенербахче имаат прилично амбициозен тим : Роко Укич , Џејмс Гист , Богданович и најсилниот дел од тимот е тренерот Невен Спахија.
Во турската баскет лига , во првото коло ги сломија Трабзон дома со 25 поени разлика.
Играт офанзивен баскет, бидејќи таков им е ростерот , и таква игра им лежи.
Каха Лаборал пак лигата ја почна со 2 победи ( победа во гости кај Гран Канариа со 9 разлика , победа дома против Севиља со 13 разлика ) , но во третото коло доживееја тежок пораз во гости кај Сарагоза од 20 поени разлика). Ко шо се гледа гостувањата не им одат баш најдобро, ако се земе во предвид дека Гран Канариа ( 1-2 ) е слаба екипа , а Сарагоза (1-1) е просечна екипа.
Очекувам фуриозен напад на Турците , најверојатно и публиката ќе им помогне во тоа , и водство на полувреме поголемо од 4 поени, колку што и е азискиот хендикеп за полувреме.
Fenerbahce -3,5 HT @ 1.90 6/10 Sportlife