Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе само на мене ми се чини или судиите ова првенство се многу тиња ?
Добро ти се чини..
Досега изгледав речиси 80% од натпреварите,па не видов меч без очигледни судиски пропусти...
Како наша лига да гледам....
Посебно со некои нерезонски исклучувања....како да сакаат судиите да бидат во центар на внимание...
Не треба да чуди,грото се млади судии,ги нема веќе оние стари судиски волци....
Сега све некои анонимци.....треба време и искуство пред да излези некоја двојка која би водела еден меч со авторитет и професионалност....
Засега немаше некои дуели на големите фаворити за медалите...допрва ќе се оценува судењето....
 
Напротив , нема некое очигледно фаворизирачко судење , барем во екстремни случаи. Судењето според мене е задоволувачко.
 
Не фаворизичарско,туку судење со доста грешки на двете страни....
Ова говори дека има доста неиускуство кај грото од судиските двојки....
 
Сите ги паметат шампионите, никој не памети кој бил второ, трето или четврто место. Од европските репрезентации секој може да победи секого, па и ние Франција.
Не, на ова првенство, неможеме да им се доближиме на Франција, Хрватска и Шпанија, за Данска ќе видиме. Кога Шундо ќе превземе одговорност за дебаклот во Шведска, и за поразот од Португалија и секој пораз на гости во квалификации од мизерни репрезентации. А на домашен терен да, сите може да ги победиме.
 
Да не се будалиме шансите ни се нула со Франција. Германија игра топло ладно има смена на генерација... Не дека и со Тунис или Аргентина би било лесно ама тоа се далеку послаби противници.
 
Оваа Франција со речиси идентичен состав беше 11-та на претходното ЕП. Кажувам, топка е... се врти :) Иако шансите би ни биле 1 на 1000, сепак ги има.
 
Кое признание и оставка ги барате од Шундо кога човекот рече дека ја постигнал целта, пласман во втор круг и дека дебакл е само ако не влеземе у осминафинале...

Инаку судењеве премногу чудно, ма да и какво да биде кога од Брег на Слонова Коска и од пич мајчин ги ваделе судииве...
 
Оваа Франција со речиси идентичен состав беше 11-та на претходното ЕП. Кажувам, топка е... се врти :) Иако шансите би ни биле 1 на 1000, сепак ги има.

Па што е подобра варијатна да се мачиме утре и со Данска или фино лепо да си го ладат главните наши играчи за со Франција?
 
Катастрофа се судиите на ова првенство, не дека некој фаворизираа или не знам што, ама премногу грешки приметив.
Европското првенство и по квалитет на судии и општо организација на домаќинот е многу по квалитетно отколку светското, голема е разликата.
 
Па што е подобра варијатна да се мачиме утре и со Данска или фино лепо да си го ладат главните наши играчи за со Франција?
Абе види вака, ај прочитај уште еднаш што сум напишал... да, нам ни е битно. На Франција не толку, оти нели, најдобри се... Аман, ај да се откажеме пред време ако ни се падне Франција.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 00:42 ---
Само за другарката на beneamata

epd6.gif
 
Јас гледав Германија - Тунис пред некој ден, какво судење против Тунис имаше но ништо, пак победија :D
 
Оваа Франција со речиси идентичен состав беше 11-та на претходното ЕП. Кажувам, топка е... се врти :) Иако шансите би ни биле 1 на 1000, сепак ги има.
Па според мене повеќе ни одговара Франција него ли Тунис.
Нееверопски екипи не ни одговараат.Французите ќе не потценат. Немаме притисок пошто сме аутсајдери во тој меч.
 
Па според мене повеќе ни одговара Франција него ли Тунис.
Нееверопски екипи не ни одговараат.Французите ќе не потценат. Немаме притисок пошто сме аутсајдери во тој меч.
Според мене само Франција е екипа што не можеме да ја победиме.Ние сме им совршен противник на нив,не брзаме,играме 6 на 6 цело време,имаме 2 бека што се забиваат во одбрана и еден што знае да шутне......има на волеј едно 20 разлика да им легнеме.
Подобри на светот кога ќе постава одбрана од французите нема,а тек кога ќе успееш некако да пројдеш (со Мојсо и Миркуловски СФ е тоа) те чека Омејер.
Знаат и контра да лупнат затоа што имаат ненормални крила,бековите знаат да дадат гол од секоја позиција,физички се тотално супериорни,играат игра што е пеницилин за нас......
 
Точно.
И поради сето тоа Французите се тотални фаворити.Ако изгубиме нема да биде изненадување и сите ќе се свртат кон групните натпревари како причина на пласманот на СП.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 10:04 ---
Ама сепак да не ги отпишуваме нашите во преостанатите 2 натпревари па на крај краева да не ги отпишуваме и Тунижаните. (под ова мислам дека може да кикснат Тунижаните до крај на групната фаза :) )
 
Само мене така ми се гледа, или стварно границата за вкупно голови (Индивидуален тотал) на Исланд е превисоко поставена на 27.5 голови !? Јас мислам дека нема никакви шанси на Данска на и' дадат преку 27 гола, а коеф. е 1.9 ..

ПС - НАПРЕД НАШИ !! :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom