Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
[quote="Види Фотос, post: 5604665, member: 38447]
„Точно е дека ракометарите се физички и психолошки преморени, [/quote]

ЛОЛ, а од што па толку се изморија деновиве. На работна акција да не се преку ден. Или другите репрезентации не играат у такви тешки и компетитивни лиги како македонската и Сеха лига.

Ја не се разбирам многу во ракомет (освен тоа што како и секој друг во нашата земја автоматски добивам 10 годишно играчко и тренерско искуство кога ќе почне некое првенство), ама ми изгледа како да сме комплетно прочитани за играта. Противниците знаат што ќе изиграме уште пред ние да знаеме.
Овој Исланд е најслабиот Исланд што ја некогаш сум го гледал по првенства. Пола екипа им се трупови, им фалат колку што разбрав 2-3 стандардни репрезентативци, им се пензионирал Стефансон, прават технички грешки скоро колку нас и пак успеаа да не тепаат комотно.
Џабе им се оправдувања за колку беа лоши на мечов.
 
Прошт играч на натпреварот какви зицери им фана на пољациве :)
 
Искрен да бидам не ми е Голужа некој омилен лик, мрчев зашто не го зема Балиќ ама потегов со подмладување на дел од репрезентацијата и внес на тие млади талентирани играчи но и некои потези кои ги влече ми дава надеж да кажам дека Хрватите имаат добри шанси.
 
Леле леле какво млатење на Унгарците..
ГУЛАШ на Хрватски начин....:pipi:
Си ги работат Хрватите Унгарчињата како бавча...во 12 меча 10 победи за Хрватска,едно реми и само еден пораз...комплекс...:)
 
Страшни се Хрватите,имаат и подмладена екипа,имаат иднина за разлика од нас
 
Да, Хрватска партали прави. Иако немаат класичен централен го надополнуваат тоа предобро со многу комбинаторики, стрплив напад и разноврснот во нападот, развлекување, забод меѓу два играчи и правење вишок.
Дувњак и Копљар а и Гојун бомбардери од светски калибар.

Исланд и не е толку слаб иако немаат неколку првотимци, тимската игра за разлика од нашите им е на многу завидно ниво.
 
Ау ау каков ракомет секоја чест за Хрватска одлична игра..ова е ракомет
 
Хрватска мислам дека е кадарна да ја елиминира и Данска и Франција. Одбрана 2 метри просек. Напад по тројца бека расположени за шутеви, брза топка ротирање од крило до крило модерен ракомет.

Туку каде се математиките за да бидеме втори или трети....
 
Сакам да им се заблагодарам на кладилниците за слаткиот 1.75 коеф. што и' го ставија Хрватска :D . Зихераш сум во душа и не ми се ставаше мачката во торба со хендикепот кој беше само -1.5 гол, а коеф. беше 2.05. Убаво тргна ракометот од таа страна, денес мислам дека се' излезе и има доста добитни.

Хрватска бтв покажа ептен јако лице вечерва. Ми делуваат десеткувано без Балич и Бунтич, со (несериозно) повреден Лацкович и веќе помалце тромавиот и не така агилен Вори. Ги гледав сега и вчера, главни карики во поставата им се Дувњак (кој го играат на среден бек) и Копљар кој од меч во меч игра со се' поголема самодоверба и левата му делува незапирливо на моменти. Плус голема работа им врши Чупич кој седмерец и со врзани очи ќе погоди, а контрите му се плус повеќе (денес пак даде 7-8 гола). Имаат доста нови млади деца во составот, кои не можат уште сега да го понесат товарот на еден вака голем собир. Ќе видиме до каде ќе догураат, ама за сега се за секоја пофалба. (y)
 
Хрватска мислам дека е кадарна да ја елиминира и Данска и Франција. Одбрана 2 метри просек. Напад по тројца бека расположени за шутеви, брза топка ротирање од крило до крило модерен ракомет.

Туку каде се математиките за да бидеме втори или трети....

Ако победиме со 4 разлика сме 3-ти во група , ако победиме со 5 разлика тогаш сме 2-ри , додека со победа до 3 разлика или пораз сме 4-ти.
 
Ако победиме со 4 разлика сме 3-ти во група , ако победиме со 5 разлика тогаш сме 2-ри , додека со победа до 3 разлика или пораз сме 4-ти.

Со последното ни треба бод или победа со Данска за да бидеме пак втори или трети плус ќе зависи Данска како ќе изигра со Исланд.
 
Ако победиме со 4 разлика сме 3-ти во група , ако победиме со 5 разлика тогаш сме 2-ри , додека со победа до 3 разлика или пораз сме 4-ти.
На победа може да се надеваме, ама не на победа од 4 и 5 разлика, значи 0% се шансите за тоа. Повеќе реално е победа утре, и победа против веќе прво пласирана Данска.
 
Со последното ни треба бод или победа со Данска за да бидеме пак втори или трети плус ќе зависи Данска како ќе изигра со Исланд.

Овие претпоставки се ако Данска го совлада Исланд .Ако ја победиме и Данска и Русија нормално дека сме втори , додека со пораз од Данска важат опциите кои ги кажав во претходниот пост.
--- надополнето: 15 јануари 2013 во 23:05 ---
На победа може да се надеваме, ама не на победа од 4 и 5 разлика, значи 0% се шансите за тоа. Повеќе реално е победа утре, и победа против веќе прво пласирана Данска.

Ако не победиме (пораз) залудна ќе биде победа над Данска :)

Ако победиме под 4 разлика тогаш ни е потребна и победа над Данска.
 
Тоа е поентата утре мора да се победи со минимум 4 разлика. Се ставивме во стапица. Во спротивно ќе треба Исланд да ја совлада Данска па ние да ја победиме и Данска за да бидеме трети.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom