Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Гостите што ги викаат им се полн погодок.
Што разбира оваа од фудбал господе![]()
Првата од второто коло почна во добар ритам. Нека продолжат и другите така, да гледаме голови и голови.
Слабо го испотија со Маја ДАНИЕЛС ...![]()
Жал ми е за Африканциве. Да бидеш прв домаќин што испаднал во групи е доста голем резил. Само не сум нешто изненаден којзнае колку сепак немаат ништо посебна репрезентација... од Кајзер Чифс и Орландо Пајратс не правиш ти конкурентен тим за СП... А и не е исто СП без домаќинот сепак. Мексико 86та мислам 1/4 финале, Италија 90та 1/2, 94та Америте 1/8, Французиве освоија 98ма, Јапонија 1/8 а Кореа 1/2 2002ра и Германија 1/2 2006та. тажно е домаќинот олку слабо да одигра.
Од друга страна браво за Уругвај сосема заслужено.
Покрај толку споменуваните вувузели, Светското првенство во Јужна Африка се соочува и со друг проблем каков што нема кога се одржува на европскиот или јужноамериканскиот континент. Тоа е недоволниот број гледачи.
Досегашниот тек на Мундијалот не донесе којзнае каков фудбал, меѓутоа она што може да се забележи е фактот дека во некои мечеви делови од стадионите се празни.
Како причина за тоа се наведува лошиот стандард во јужноафриканската република и големата оддалеченост на Европа и Јужна Америка.
Дури 10.000 слободни места имаше во натпреварот меѓу Јапонија и Камерун, не беше распродадено ниту отворањето на Светското првенство, а дуелот меѓу Словачка и Нов Зеланд го следеа нешто повеќе од 20.000 гледачи, ситуации што се, речиси, невозможни во Европа или Јужна Америка. Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) деловно го премолчуваше тој проблем, но се огласи по зачестените критики и призна дека натпреварите не се распродадени, а вината ја лоцираа кај фудбалските фанови кои не се од Африка. Нејзините челници вперуваат прст во Европејците и Јужноамериканците тврдејќи дека навивачите од споменатите континенти не ги презедоа картите иако ги имаа претходно резервирано, некои од нив и купено.
![]()