Што има кај хрватите?
Ние имаме еден проблем што се однесува на ваквите емисии, секаде во светов гости се фудбалски аналитичари, луѓе што никад не се бавеле со фудбал ама се разбираат за фудбал, доктори за фудбал. Кај нас такви нема, гостите се некои тренери од типот на Калц кој не мрднал подалеку од ФК Скопје, без грам речник, глупости тропаат, го кажуваат очигледното а некад и ептен се губат кога ќе почнат да анализираат. Затоа не ги ни гледам овие емисии пошто само нервоза ми ствараат.
Па не е баш така... Еве на пример Италија, поточна Скај Ит, која е една од подобрите телевизиски куќи кога е во прашање пратење на фудбал, што подразбира и фудбалска анализа. И во емисиите за Сериа А и во тие за ЛШ, секогаш има бивши фудбалери, има еден новинар, постар чичко, не ми текнува како се вика...
Работата е што се добро одбрани и таа група постојано се врти, некои од нив и се стручни кокоментатори, како Панчев со Калински, некои постојан работат заедно како вашиот Бергоми со Кареса. Во емисијата за време на ЛШ натпревари секогаш беа Виали, Роси и мислам Панучи (повремено и некој друг влетуваше). Во тие за Сериа А: Костакурта, Марчегани, Мауро, Бобан и др.
Не е важно кои се, туку дека си имаат еден тим, кој што е стандарен. Селектирани бивши фудбалери кои што разбираат, но и знаат тоа што го мислат да го кажат пред камера. И нормално, спремни да провоцираат, за да се крене гледаноста. Па често знаат да се закачат со некој трнер: Мауро со Мурињо, Бобан со Конте и др.
Кај нас секој ден носат некој друг. А можеа да се договорат со три-четворица и плус еден судија и да ротираат. Дај им некоја дневница како на Панчев. А овие ќе се спремаат, ќе објаснуваат кој како игра, како напаѓа, како се брани и сл. Вака многу аматерски ја тераат. А и не е секој за пред камера. Захариевски ли беше како прваче?
Кој би бил добар, не знам баш... Не ги ни гледав многу овие што беа гости до сега. Хаџиевски веројатно би можел да помине. Можеби и Бабунски, тој прати современ фудбал...
И женско во студио! Тоа е потребно, но и нека разбира фудбал малку, нека ја научат, да не биде глупа и напорна. И тука италијаните направиле добар
избор.