Светско првенство(мажи)-Хрватска, Данска, Норвешка 2025 [14 јануари - 2 Февруари]

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?

  • Данска

    Гласови: 35 47,3%
  • Франција

    Гласови: 17 23,0%
  • Шведска

    Гласови: 0 0,0%
  • Норвешка

    Гласови: 3 4,1%
  • Хрватска

    Гласови: 6 8,1%
  • Шпанија

    Гласови: 3 4,1%
  • Германија

    Гласови: 4 5,4%
  • Некој друг

    Гласови: 6 8,1%

  • Вкупно гласачи
    74
Кога Португалциве научија да играат ракомет, изгледа нешто не сум во тек.... :misticen:
темелите им ги постави романецот Мирчеа Костаче јака школа руска во тоа време после југословенската една од најдобрите во светот,после го зедоа голманот швеѓанецот матс олсон итн
 
Ниту Шпанија, ниту Шведска, а ни Норвешка нема да играат во 1/4-финале. :kuracc: Браво за Бразил!
не сум изненаден кога имат реално судење, секој секого можит да победит,,,,дај боже сите скандинавски да испаднат
 
Таман просрав колкава е разликата меѓу топ 5 селекциите и останатите, Португакија и Бразил ги исфрлаат лагано Шведска, Шпанија и Норвешка и тоа на нивен терен.
Е ова се изненадувања, а не ние се напаливме ко да сме освоиле, со две победи над аматерска селекција и пензионерите од Катар :D
Утре да ја здрмаме Франција, па ко што би рекле од гол.мк, да кажеме дека џабе сме се потсмевале на Кире пред некоја година дека ќе сме станеле ко Норвешка :D
 
Си имавме и ние свои шанси во 2013 и 2015 на СП , али тогаш со нокаут форматот беше глупо. Вакви услови ко сега да имавме уште 3 да испукаме во втора фаза , мислам ќе можеа до топ 8.
 
Исланѓанецот на клупата кај Хрватите, како се пали, скока, се радва на секој гол :pos: не ме чуди после мечот да е најомразена личност вака да се радва против своја држава :icon_lol:
Ама еве и коментаторот кажа, ваљда дека не добил никогаш шанса на клупата на Исланд, иначе лаганица ги мелат за сега.
 
Кузмановиќ убедливо најдобар голман на првенствово.
Автоматски споено мислење:

Можно ли е Исланд да се усраа до толку... пак нема да видат 1/4 финале освен Словенија ако не им помогне.
 
Последно уредено:
данските смрдежи им судат пак на лалињата,за жалбата наша никаков одговор...
а нас вечерва ни судат норвежаните
 
данските смрдежи им судат пак на лалињата,за жалбата наша никаков одговор...
а нас вечерва ни судат норвежаните
Тоа е бидејќи нема официјална жалба по протокол, туку главно плачење по медиуми и некоја генерална пост фестум поплака пратена до ИХФ независна од првенството. Демек нешто не можеле да ги најдат, им се криеле и им истекол рокот за официјлната жалба.
 
Зошто не се играат во исто време утакмиците каде е битно ??
На пример Исланд и Египет и Хрватска најверојатно ќе праат круг со исти бодови, а Египет и Исланд имаат слична гол разлика, Египет игра подоцна од Исланд.
 
Чекај сеа, ако тепаат сите три, гол разлика одлучува така? Хрватска тука е во најповолна позиција, +37 имаат, Исланд +15, Египет +16. У превод ќе настрадаат Капе Верде и Аргентина, едино е глупо што не се во ист термин.
 
Не, се гледа меѓусебни на Исланд, Хрватска и Исланд. Исланд така отпаѓа, затоа ќе се крстат на Словенија да им земе барем бод на хрватите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom