Светско првенство(мажи)-Хрватска, Данска, Норвешка 2025 [14 јануари - 2 Февруари]

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?

  • Данска

    Гласови: 35 47,3%
  • Франција

    Гласови: 17 23,0%
  • Шведска

    Гласови: 0 0,0%
  • Норвешка

    Гласови: 3 4,1%
  • Хрватска

    Гласови: 6 8,1%
  • Шпанија

    Гласови: 3 4,1%
  • Германија

    Гласови: 4 5,4%
  • Некој друг

    Гласови: 6 8,1%

  • Вкупно гласачи
    74
Па тоа ми е зборот, после доста време се враќаат во игра. И најверојатно ќе играат со Унгарија што значи имаат големи шанси и за 1/2 финале.
убав ракомет игрет ,би сакал мала промена да бидат и прваци или тие или португалците
 
Кога Португалциве научија да играат ракомет, изгледа нешто не сум во тек.... :misticen:
 
Пример треба да ни биде Португалија за тоа како треба да напредуваме како репрезентација.
Да да, кога Вардар, Пелистер и Алкалоид ќе играат ЛШ ракомет во континуитет и ќе вртат такви буџети како Спортинг, Порто и Бенфика, тогаш ќе се споредуваме со нив.
 
Последно уредено:
Ај Шпанија се во процес на создавање моќна екипа како што беа, но што е со Шведска после прво полувреме? Не било случајност поразот на Норвешка од Бразил.
 
Да да, кога Вардар, Пелистер и Алкалоид ќе играат ЛШ ракомет во континуитет и ќе вртат такви буџети како Спортинг, Порто и Бенфика, тогаш ќе се споредуваме со нив.
Епа тогаш што е проблемот што не сме ја добиле Унгарија и што нема да играме 1/4 финале?
Тогаш да се споредуваме со Италија :)
 
Епа тогаш што е проблемот што не сме ја добиле Унгарија и што нема да играме 1/4 финале?
Тогаш да се споредуваме со Италија :)
Како дојдовме до Унгарија не знам, само ти кажувам дека ни фалат јаки утакмици и ракомет на голема сцена за истите тие играчи што сеа грешат под притисок и избрзуваат да ги користат истите шанси. Одма се гледа кај Кузмановски што игра битна улога у клуб кој е у ЛШ. Кога би играл и Алкалоид ЛШ, или би направиле ете и трансфер у ЛШ екипа каде би играле, а не грееле клупа, друга песна ќе се пее.
 
Па дојдовме до тоа дека жалиме што не сме ја победиле Унгарија, екипа каде што играчите им играат во јаки клубови и имаат јаки утакмици низ цела сезона и лигата им е на завидно ниво со три топ клубови најмалце. Според тоа ако се водиме кој колку јаки има домашни екипи и кај играат играчите тогаш Германија треба да е секоја година со медал.

Португалија ја зедов за пример за тоа како расте како репрезентација. Не е ова преку ноќ нивното како што ние сакаме да биде нашето и да се разочаруваме оти не сме играле 1/4 финале или не сме победиле голема репрезентација. Океј сето тоа стои дека е убаво да победиш јака екипа, ама нема што да се жали за до толку.

Подобро од првенство до првенство да се развиваме и да сме редовни отколку да имаме инстант успех и после да не снема од мапата, како што беше пример со кошаркарите од четврто место на ЕП па сега стигнаа ниво на аматерска репрезентација.
 
Бразил и Португалија во 1/4 финале, многу веројатно и Исланд и Египет, иако и Хрватска има свои шанси таму. Нови имиња оваа година во топ 8 , добро освен Египет ајде
 
Пример треба да ни биде Португалија за тоа како треба да напредуваме како репрезентација.
Се гледа од авион дека момциве имаат потенцијал но за да се изградат како квалитетни играчи им требаат стрес тест утакмици. Киро секако има такво искуство може да им пренесе дел од тоа, ама треба да осетат на своја кожа.

Јас сум задоволен од тоа што го прикажаа на првенствово. Но мора да се работи, од денес мисли за 10 години, собирај талентирани дечишта и чекор по чекор изгради ги во играчи кои можат да се држат против секоја репка.
 
Бразил и Португалија во 1/4 финале, многу веројатно и Исланд и Египет, иако и Хрватска има свои шанси таму. Нови имиња оваа година во топ 8 , добро освен Египет ајде
Мило ми е за Исланд, заслужија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom