Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Acid отклучи ја темата за репрезентацијата и да ги префрлиме муабетите за Брестовац таму :D
 
И сега кој ќе биде нов селектор?
 
Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 - јануари 2021 година.
Ракометна Федерација на Македонија
Најдобрата вест во последниве неколку месеци. Овој не само што не го бива, туку и глуп испадна. Место да си поднесе сам оставка и да покаже барем доблест, тој дозволи да го избркаат и да испадне уште попосран.
 
Норвешка немаат победа над Шпанија од 2000 наваму, 9-0 за Шпанците... :eek:
 
Норвешка немаат победа над Шпанија од 2000 наваму, 9-0 за Шпанците... :eek:

Затоа Шпанците не тактизираа со Унгарија и сакаа победа... Ама ќе видиме, историјата ништо не значи...
 
Па Норвешка не ни имаа нешто јака репрезентација порано. Главен и најпознат играч после Мирхол им беше оној левиот бек, еден жут со пуцвал коса како се викаше не ми текнува.
Кај нив секогаш жените биле доминантна сила у ракометот.

После се појавија Бјорнсен, Јоханесен, Јондал, О Саливен и потпомогнати од Сагосен, Род, Тонесен и Бергеруд на гол се тоа што се моментално у ракометот.

Мислам дека ќе тепаат со Шпанците, спори и стари се овие за браќата викинзи.
 
Шпанците намерно ја одбраа Норвешка токму поради овој дел, дека тие немаат победа над нив и имаат 9 од 9, што сега мислам тоа не мора да значи ништо. Ќе биди доста интересен дуел, прогнозирам тесен меч со многу голови. Според обложувалниците благ фаворит е Норвешка, јас давам мала предност тука на Шпанија пред се заради искуството, уште се жежок костен шпанците опасна селекција, топ пополнета на сите позиции, опасни крила, искусни бекови во името на Ентрериос, Канељас, Македа. Тешкаши во одбрана во името на Гвардиола и Морос и најдобриот голман во светот Перес де Варгас.
Норвешка пак ја прогнозирав за шампион на ова СП, Сагосен дефинитивно е играч број 1 во светот, Бјорнсен, Јондал, Тонесен исто топ играчи, добар голман, ќе видиме дали ја научиле лекцијата од порано.
Победникот од овој дуел мислам ќе биди шампион.

Франција-Унгарија, имаат тука мислам добри шанси маџарите, иако предноста е на Франција според мене 55-45, ама треба и Унгарија да си ја гледа шансата, кога веќе стигна до таму, треба да имаат одличен ден Банхиди и Лекаи, топ играчи и Миклер да биди со преку 50% одбранети удари, имаа ден одмор плус беа поштедени со Шпанија. Од друга страна опасни шутери имаат французите го видовме тоа со Норвешка и Португалија, ако му тргни, а на некој ќе му тргни, готово, сомелен си. Исто и тука очекувам меч со доста голови.

Данска и Шведска 90-95% победуваат и се во 1/2 финале мислам, далеку поквалитетни репрезентации, на домаќините до тука му било шо е одличен резултат за нив, нема шо да бараат мислам против Данска, исто и за Катар кој денес значително ослабен ќе биди Шариќ нема да брани со Шведска.
 
Ќе видиш дали нема шо да бараат кога ќе се уклучат судиите на најако за Египет. :)
Во одбрана ми играат Египет многу цврсто и мислам дека можат да направат изненадување против Данска. Тесен меч очекувам јас иако Данска се фаворити нормално.

Унгарија мислам дека можи до победа против Франција, против Шпанија сите играчи ги одмараше тренерот.
Јас од почеток ги типувам Маџарите да земат некој медал, ќе видиме :)

Катар знаеме дека судиите ги вратија во игра против Аргентина ама и изиграа добро второ полувреме, Капоте му се врати а Марзо е опасен шутер, и тука можно е изненадување.
Се на се интересни мечеви за гледање.
Автоматски споено мислење:

Да, да, фала богу тоа, ама од овие три екипи најмала шанса има Унгарија пошто ќе мора и Франција и Шведска да ја тепаат бек-ту-бек
Инаку знам дека и они се кадарни за финале
А Шведска као сигурен победник против Катар а ? :)
 
Јас малце навивачки типувам на Шпанија против Норвешка, иако против тенкот Сагосен не се типува. Епски дуел очекувам.

Франција ја гледав доста на првенствово и ептен кејф ми е како играат со новиов тренер. Брзо, од сите страни напаѓаат, грмат едноставно. Мае, Мем, Нгесан страшно бушат, Фабрегас ѕверот на пикер, единствено на голманската позиција ми се послаби, иначе можат и до злато ако функционира и Жерар. Маџарите играа добро, ама мислам дека ќе ги тепа Франција комотно.

Данска фаворит против Египет, ама не се отпишува Парондо магот, оставам простор за изненадување, иако нема споредба во квалитет на екипите.

Шведска ќе ги разбие Катар, сигурица е таа, се друго е изненадување.
 
Горниот дел од ждрепката делува доста појак по вкрстувањата. Шпанија-Норвешка и Данска-Египет мене ми делуваат како полуфинални дуели, можеби сите 4 од овие репрезентации се со поголеми шанси за титула од другите 4.

Шпанија - Норвешка е главното дерби, се е можно тука, но мене ми се чини време е Норвежаните да ги решат Шпанците. Староста на Шпанија евентуално ќе излезе на виделина. Клучот за Шпанија се голманите тие се дуото кое може пак да ги донесе до медал.

Данска - Египет, за мене најинтересно четвртфинале. Судир на две комплетно различни екипи, различни филозофии на игра. Ќе биде интересно да се види, каков е ефектот на Египетската атлетска надмоќ против Данската машинерија. Египет веројатно сеуште не е спремен за да ја добие Данска (тој пораз од Шведска веројатно ќе ги чини медал), но не би исклучил изненадување овде.

Шведска ќе го исплеска Катар. Со еден и пол играч и ова е многу за Катар.

Франција - Унгарија може да е интересен дуел, но иако ми се допаѓа како играат унгарците, се покажува дека против Французите не е паметно да се прогнозира.

Прогноза за полуфинале:

Норвешка - Данска
Шведска - Франција
 
Не се можни Данциве, без грешка во напад, која транзиција човече, Еѓипјаниве не ни стигаат да се постават во одбрана, многу лесни голови дозволуваат.
 
Ајде Данска! Ако Данска стане светски првак, како првак доаѓа во Скопје на 10-ти Март. :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom