Survivor Србија/Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата TGTBF
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се исполни желбата за Хрвоје, туку забележав дека опасно лицемерие владее во црвеното племе.
Наџа два пати по ред се бори за опстанок откако е изгласана па потоа се радуваат што победила. :pos:
 
Не можам да сфатам како мина ниту еднаш до сега не беше номинирана за бркање..и не можам да сфатам како плавите си избркаа двајца јаки играчи :( (ги дели ли некој моите фрустрации?)
 
Ми излезе многу интересна статистика за Наџа на инстаграм. Пред да почнат да и ја полнат главата дека е најслаба карика и да ја глсаат на советот, Наџа имала учинок 7-4 (од кои 3-1 против Тена и 3-0 против Сумеја). Од тогаш има 0-7.

Горан од друга страна е единствен учесник што има позитивен учинок против секој натпреварувач на противничкото племе до сега. Не му одговорив на @TGTBF некоја страна поназад, ама и самиот објасни зошто гласаше за Хрвоје - за да не ги прати и двајцата. Јас сум за плавите и баш ми беше паметен потег (баш се мислев во себе дали ќе му текне на некој да смени, со оглед на тоа што Хрвоје доби 4 од старт), Роко и онака е следен на листата. :D

Искрено Горан иако игра тактички (се гледа по политчките одговори и сл), мислам дека наративот дека тој ги исфрла најдобрите играчи не е на место. Апла е дека сами бараат сите да си одат (за Кристијан ми е малце сумливо додуша, ама и тој веднаш се откажа во дуелот). Стефан од црвените мислам дека е најопасен, а и Владо може да изненади, ама не ми изгледа дека има капацитет да манипулира.

Виктор не знам што бара уште во шоуто. Со заебано колено не знам како планира да продолжи. А кога некој ќе каже дека Роко, со тој птичјиот мозок тактизирал ми доаѓа да се фрлам од прозор. Роко со самиот себе неможе да се договори, а стварно има луѓе што мислат дека е способен да ги мота другите. :D
 
Од тогаш има 0-7.

Од овие 7 барем 3-4 беа во фото финиш. Од друга страна исфрли дваца силни играчи од плавото племе, што им даде огромна предност на црвените.
Далеку е од најслаба алка. Барем додека Мина е тука.
 
Тууу, брутална игра денес. А утре фудбал хаха :D
 
Јака беше претходнава ептен [emoji16]

До мене е или во последно време правилава некако ги тераат во корист на плавово племе?

Претпоследната допуна кога влегоа Рамиз/Јована и Хрвоје/Невена некако они добија според мене поквалитетни натпреварувачи, сега претходна недела само они добија дополнителен член, вчера ја извртеа последната серија двајца мажи едно женско и апла премина на нивна страна балансот.

Знам дека е удружено шоу и треба и во Хрватска да се емитува до крај ама ако планираат на сметка на гледаност да влијаат на резултатот ќе го поебат цел впечаток.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Вегетаријанката Мина од црвениот тим се врати на месо јадење.
 
Последно уредено:
Каде го гледате survivor? Има некаде на интернет?
 
Приметувате кај црвениве дека има два клана? Хаос е племето, се убиваат од јадење гомна за некој за послем као колку сме среќни јееее не сакавме да не напуштиш
 
Ви кажав ли дека не се од Горан организирани? :D

Виктор е мајмунот, а пак ќе кажам, не ни игра братот... Така ќе си истера до финале. Циркус :D
 
Плавиве глупи се или се прават дека се , номинираат се јаки играчи
 
Ова што Виктор не може да биде номиниран поради повредата е смешки невидени...штом не може да игра нека го исфрлат како што ја исфрлија претходно Ивана кога се повреди.
 
Претеруваат малку со наградиве храна. Еве во вчерашната епизода си јадеа кроасани иако наградата не беше храната главното.

Други сезони кога имало повеќе се јадеше ориз или како што србиве го викаат пиринач.
Паметам сезоната кога Тони Зен беше им даваа плус како награда од спонзор оние житарки со овошје Витанова.


Вчера ме расплакаа црвените кога им пуштаа пораки од блиски пријатели. Милица некако дали сака да глуми дека е фина жена, полна со љубов за сите или мене ми се чини дека е тоа глума затоа што знае на моменти да спука јаки коментари како во ситуацијата кога коментираше за Роко од плавиот тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom