Supernatural

  • Креатор на темата Креатор на темата adolfo
  • Време на започнување Време на започнување
^^^магде^^^ последно ти вредеше :aplauz:

Серијава ја обожавам, првите серии онака ми беа малку досадни дека се едно исто се дешаваше, али од 2 сезона па навака почнаа да имаат смисла малку по малку. Баш би сакала да видам како ке изгледа Дин како "превозно средство" на Михаел а Сем на Луцифер. :)

..Lucifer wearing Sam to the prom. :pos2::pos2:
 
Добро никој не ја гледа петта сезона што не пишите на темава?
 
Уште 1 епизода и крај на сезоната. Изгледа од сезона на сезона се коментира. :) Инаку оваа сезона имаше интересни епизоди, ама тематиката се продолжи со борбата против Луцифер и сл., за мене поинтересни беа епизодите кога секогаш за нив имаше различни натприродни суштества да средат.
 
Од коа се појавија ангелите-закон ми е серијата.
Само не препорачувам некој да глеа дур јаде:)
И знам дека коа ќе заврши сезонава многу ќе се изнервирам зашо ќе треба да чекам цело лето. Ќе не остават пак во исчекување ко минатиот пат.
И да, Дин сеуште владее. Највеќе се смеам кога ќе се труди да напраи некоја заебанција а Сем ќе го гледа бледо... :)
 
Искрено немам гледано подобра приказна. Комплена,перфектно смислена. Со многу доза на хумор во одредени ситуациi, посебно Деан .
Фаворит ми е: "i shot the sheriff, Dean: "but you didnt shoot the deputy".
Во 5тава сезона заврши приказната од откровението, крај на апокалипсата.
Малце очекував поинаков крај на сезонава но сепак сега немам замерки :) Оставија голем простор за следна сезона.

6та сезона веќе е најавена, но не се знае во кој тек ќе тече. Оригниналната идеја завршува заклучно со оваа 5та сезона и Ерик Крипке, авторот чија идеја е целава приказна ќе се повлече од главен автор. Неговата работа ја презема Сера Гембел, инаку автор на многу епизоди од серијава.
Баш ме интересира како ќе течат настаните понатака? Интересно ќе е како ќе го вратат Сем во игра, Кастиел не се знае дали ќе продолжи, а ако продолжи како ќе се врати како обичен човек или како ангел. Деан почна фамилјарен живот ...нееееееееееееееее :)
 
Уффф, не знаеш колку ме израдува со ова дека ќе продолжи со нова сезона.
На последнава пишуваше ди енд и мислев дека е крај и многу тужно ми дојде.

Инаку, закон беше последнава епизода, заборавав да трепкам на моменти :)
Oдлично разрешување. Ми се допаѓа како ги спојуваат работите од прва сезона па се до сега, како ги враќаат ликовите и некои случки.
Сега ќе видиме што ќе се случува со Сем, пошто нели он сега е сатаната.
:)
 
Сега ќе видиме што ќе се случува со Сем, пошто нели он сега е сатаната.
:)

Да, да нели на крајот го вратија, ама дали е Сем или е Луцифер не знам :) Тоа ќе ме мачи цело лето. Моментот што сијалицата над него прекина ме тера да мислам дека Луцифер, а само што ги гледаше, Сем.
Интересно е Кастиел дали ќе продолжи има најави дека можеби ќе ќе го вратат со негивиот првобитен лик Џими или како и да се викаше :) и да биде Hunter-in-training или да остане Кас, како заменик на Михаел во рајот.
 
Јас пак ги сакам good old random monsters! Сакам секоја епизода различни суштества да има и паралелно да си тече другата приказна, така и беше во неколку епизоди од сезонава. А Финалето си беше баш интересно и еден поздрав со песнава:

Не сум гледал досега ниедна епизода од серијава, а од тоа што го читам имам намера да ја почнам. Ме интересира: има хорор сцени кои ќе те извадат од памет, или е во нормала; оти не сум љубител многу многу на хорор филмчиња?
 
Не е до толку хорор и со напната музика што кога ќе се појави нешто ќе скокнеш од кај што седиш.
И ако слушаш рок има добри песнички како sound track.
Затоа што ќе ја гледаш од почеток запримети како се претставуваат браќава ко ќе одат негде да се распрашуваат .... (имиња или презимиња од рок ѕвезди)
 
Не сум гледал досега ниедна епизода од серијава, а од тоа што го читам имам намера да ја почнам. Ме интересира: има хорор сцени кои ќе те извадат од памет, или е во нормала; оти не сум љубител многу многу на хорор филмчиња?

Немој да јадеш и да гледаш :)
А инаку ретко има нешто ептен страшно. И ја не сакам хорор филмови, ама ова ми е таман.
 
Во 6тава сезона ќе има многу моменти кои би биле добри да се видат, само не знам во која насока ќе ја тераат.

Се спомнува дека највероватно ќе се концентрирале на односот на Сем и Дин, ама интересен факт е не знам дали го заприметивте, кога на крај Чак-писателот на Supernatural напиша the end и после тоа исчезна. Е сега се поставува прашањето дали всушност Чак е Господ, бил цело време тука или е пророк. Ако бил тука цело време значи бил во акцијата ама настрана и им давал директни насоки на Дин и Сем (тој му кажа каде ќе се одвива битката меѓу Луцифер и Михаел).

Дали Дин ќе тргне по Господ како што му рече на Кастиел? А и уште една интересен момент е што кога го пикнаа Луцифер во кафезот, со тоа Дин ја ослободи смртта од Луцифер, може и во таа насока да оди. Господ vs Смртта. Тие се на исто ниво по моќносто (level). Дури и смртта била постара од Господ како што му кажа на Дин :)

Не знам за вас ама јас едвај едвај чекам да почне наредна сезона :)
 
И ја си помислив дека овој пророков може да боде Господ, ама Кастиел би знаел дека не е пророк, пошо нели еднаш рече дека ги знае имињата на сите пророци, и плус Кастиел го бараше Господ и не можеше да го најде, не верувам дек аим се маткал пред очи цело време.
И мислам дека сега Сем ќе биде ѓаволот и Дин ќе пробува да го спаси, или може ќе се преправа дека е Сем а да биде ѓаволот. Многу ми е невозможно туку такаСем да излегол од пеколот.
А за смртта не сум размислувала сеуште :)
 
Ја почнувам серијава, ги имам сите 5 сезони што се досега излезени, па ќе видиме... :)
 
Почнав да ја гледам и прекинав, ми фали X фактор во неа, односно е и една од ретките серии што сум ги прекинал! во таа листа спаѓаат,

1. Хироус
2. 24
3. Лост
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom