Океј, ја гледав серијава. Иако ја имам дома скоро две години, фатив неколку епизоди, односно 11. Се откажав после 11тата епизода.
Зошто? Многу причини. Серијава иако е моментално најгледана (изгледа и тоа ми фати око) и има многу добар рејтинг на имдб, мене не ме бендиса.
1. Во серијава има само ДВАЈЦА главни ликови...? Што е многу тажно

. Не можеш ни да засакаш/замразиш некој лик, како што тоа го има во други серии, затоа што овие се само...двајца. Цела серија значи, гледаш двајца кај што шетаат низ Америка, а Бог знае од кај имаат толку пари, јас ни долар не видов.
2. Во серијава типциве им помагаат само на згодни женски, што беше случај во 10 од 11 епизоди. И на крај секако им се заблагодаруваа со бакнеж в уста/образ.
3. Секоја епизода беше за себе, добро, после можеби се изменале нештата, ама беше и прилично досадно. На многу тежок начин отпрво се прикажува негативецот, па после, со помош на една локална легенда, тој се средува со една сачмарка или со света вода. Wow.
4. Многу е предвидлива серијава. Нема некој цврст дијалог за да те привлече. Не ни видов некој дијалог за да го "подвлечам". Ниеден цитат, ни ништо.
+ Само саундтракот вредеше искрено. Добра рок/метал музика, тоа само. Не би продолжил да ја гледам, иако имав препорака од двајца другари дека е одлична, јас не ја пронаоѓам како интересна.
НЕ ни ми недостигаат ликовите. Тоа е лошо. На пример, кај други серии, кога не гледаш барем еден ден некоја епизода, ти недостигаат ликовите.