Superhero Movies

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
It goes without saying, прехајпнат сум за филмот. Трејлеров искина, многу хардкор Бетмен ќе биде ова изгледа...

Очекував сепак да видам повеќе од Пол Дејно (или Дано? Како се чита човеков стварно?) пошто нели го најавуваа Ридлер како главен негативец. Наместо тоа видовме повеќе од Пингвинот. Се надевам оваа мистериозност околу Ридлер е со добра причина.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.029
Поени од реакции
5.676
Синоќа го гледав Spider-man No way home. Намерно немав гледано ниеден трејлер од филмот, и уживав.Хумор, акција, драма. За тие што се фанови на спајдермен, ова ќе им биде wowwww. Времеплов...
Нема да ви откривам премногу, но за мој вкус филмот завршувам премногу трагично. Сепак е суперхеро филм, можеа да бидат со крајот малку поблаги
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Го гледал ли некој новиот Спајдермен да сподели импресии?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Eternals - најлош филм во MCU до сега и општо доста лош филм. Се каам искрено што воопшто седнав да го гледам ова. Можам еден стварно долг пост да напишам зошто толку ми беше лош филмов ама ај ќе сведам на неколку точки.

- Предвидлива и досадна клише приказна.

- Тотално неинтересни ликови. Буквално со ниту еден лик не се поврзав, од почеток до крај. Онака ич не ми беше гајле што ќе се случи со било кој од нив. Додуша оној Индиецот ми идеше да го мавнам со пегла во фаца од толку што ми беше одбивен. И ми падна малку смешно дека има девојка што се вика Спрајт. Ај може во продолжението ќе дојде сестра и 7up која дел од македонската публика ќе ја нарекува Зуп.

- Колку да се труделе да дадат логично објаснување зошто овие ликови не се мешале до сега во MCU ништо не им држи вода. Буквално нема никаква логика приказнава од филмот да не е поврзана со се што претходно се деси во Марвел универзумот. Дури во една сцена сами си пукаа во нога, кога кажаа дека она со Танос ги одложило настаните од филмов. Тоа не е доволен мотив да се вклучат? Немој да ме ј***ш бе...

- Непотребно спомнување на ликови од ривалите DC како Бетмен и Супермен. Ова е мислам прв пат во MCU и стварно не знам кој им е мотивот. Ми личеше на чаламење во стилот „Е тоа се приказни а ова нашево е the real deal"

- Во исто време во филмот имаш очигледни копии на ликови од DC - имаш Супермен и Флеш од Али Експрес

- Претерување со woke културата. Кој го гледал филмот знае за што зборам...

- Тотално неинтересни post credits сцени. Во првата копија видовме на лепраконот од смешните хорори од 90-тите заедно со појавување на поп ѕвезда за која треба да бидам возбуден дека ќе биде важен лик од универзумот? Не, ич не се возбудив. Ни најмалку. Во втората сцена не најдоа за згодно барем малку да ни објаснат што се случува. А да, имаше некој непознат глас за кој морав да гуглам чиј е и разбрав дека било најава за нов iconic лик. Хм, пак не сум хајпнат, псоебно кога ликов задоцнето се појавува во MCU и не гледам каква улога би одиграл понатаму

Иако сум фан на DC секогаш сум им симнувал капа на Марвел за тоа што го правеа до сега и за целиот MCU. Ама после Endgame осеќам дека работите ќе одат само на полошо. Ем се’ потешко ќе одржуваат континуитет и логика во приказните, ем ќе ни сервираат филмови со вакви третокласни ликови како Eternals. Дури жал ми е за добри актери и актерки кои не добија кастинг во подобрите филмови на Марвел па мора сега да глумат во вакви глупости. Ако DC одиграат паметно во следниот период имаат голема шанса пак да дојдат во преден план.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Конечно го гледав новиот Бетмен. Одличен трилер, супер детективска приказна. Ми се свиѓа многу тонот на Ривс и тоа како ја тера приказната. Вака во моментов уште не би го рангирал пред филмовите на Нолан, но сигурно ќе го гледам уште неколку пати па ќе видам како ќе ми оди мислењето ослободен од почетните импресии.

Патинсон одличен Бетмен, нешто послаб Брус Вејн (емо фризурата е стварно прелоша). Пол Дејно испадна перфектен кастинг за Ридлер. Очекував поголема улога за Пингвинот ама веројатно ќе го гледаме уште во продолженијата. Ама па затоа добив повеќе од што очекував од Џон Туртуро како Фалконе. Ептен пријатно ме изненади.

Се' на се' ептен сум задоволен. Оцена 9/10. Едвај чекам продолжение уште од сега.

Избришаната сцена што излезе по интернет заслужува посебен коментар, да не влегувам во спојлери. Само ќе кажам направиле правилен потег што останала избришана.
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
289

Боите во филмов се фантастични.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796

Боите во филмов се фантастични.
И Хи Мен вака го имаше у трејлерот и мислевме дека серијата е за него и околу него. Така не лажеше и Сајлент Боб. После скроз друго излезе.
Ми се чини дека и тука таков случај ќе биде.
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
289
10/10 Doctor Strange 2та. Мене ми беше одличен и воопшто не ме интересира што мислат критичарите. Беше малку позериозен од другите.
Олсен искина со глумата. Изненадувањата беа одлични :)

Strange со девојчето влегуваат во универзум каде место avengers има illuminati.

Ги предводи Proffesor X(од оригиналните Х-Мен), а во групата се и Captain Carter(Пеги од филмовите со капетан америка), Mr. Fantastic(John Krasinski ), некој си Black Bolt(цело време молчи, одличен костум), Sorcerer Supreme Mordo(место Strange/Wong), и црна верзија на кап. Марвел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom