Superhero Movies

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Многу добар Логан, се надевам дека ќе продолжат со самостојни R филмови за суперхерои кои нема да бидат само летање и тепање. Навивам следно Магнето на Фасбедер да добие свој филм, има интересна оригин сторија и е доволно комплексен и бедес лик за да можи сам да носи филм.
 
Ориџин сторија Магнето имаше во X-Men: First Class и тоа беше сосема доволно. Ама не е лоша идејата за самостоен филм со Фасбендер. Мислам дека и само Волверин и Магнето како ликови се интересни за свој сопствен филм од целиот X-Men универзум. Останатите се супер само како тим.
 
Магнето е еден идиот, што мора за него филм да се снима?

WTF? Од каде па сега ова? Магнето е еден од најдобро креираните ликови. Комплициран е и има многу јасен мотив и агенда. Можам слободно да кажам дека е втор најквалитетен негативец во целиот стрип универзум, после Џокер.
 
WTF? Од каде па сега ова? Магнето е еден од најдобро креираните ликови. Комплициран е и има многу јасен мотив и агенда. Можам слободно да кажам дека е втор најквалитетен негативец во целиот стрип универзум, после Џокер.

Магнето е лик што не знае кај тера, а има огромна моќ, за разлика од него џокерот е негативец до коска.
 
Магнето е лик што не знае кај тера, а има огромна моќ, за разлика од него џокерот е негативец до коска.

Магнето има јасно зацртана агенда од која не отстапува, а има и добра причина за тоа, со оглед на се’ што му се има случено. Негова примарна цел никогаш не биле мутантите на Професор Х, туку луѓето. Неговиот однос со Ксавиер е многу интересен, пошто и двајцата во суштина сакаат да постигнат иста цел, само со тотално различни средства. И да, извонредно е моќен. Мислам дека во оригиналната трилогија тоа беше многу малку искористено. Се’ на се’, супер интересен лик, барем за повеќето стрип фанови. Сега секој си има мислење и вкус, во тоа не ти се мешам.
 
Магнито соло ориџин филм, ФОКС планираа пред десетина години т.ј. кога ја завршија првата Х-Мен трилогија. Но, тогаш им се деси Х-Мен Ориџинс: Волверин, отиде се' у три лепе, се расколебаа на цело, го откажаа соло филмот, па одлучија да ја раскажат неговата приказна преку новата приквел/рибут Х-Мен трилогија.

За сега нема најава околу реактивирање на проектот, но и кога би се десило такво нешто во иднина, ориџин приказна за Магниот нема да биде, јер то је веч виџено. Претставување на лударата Скарлет Вич во Х-Мен Универзумот и ''House of M'' филм, во кој што реалноста е извртена, мутантите владеат со Светот и Магниот царува бетер од Путин .. Тоа е филмот во кој што треба Магнито пак да го видиме и да блесне. А и прашање е дали Фесбендер ќе се врати на улогата. Од триото (МекАвој, Фесбендер, ЏејЛо), само МекАвој потпиша нов договор и потврди имал состанок со Сајмон Кинберг околу идните Х-Мен филмови и улогата на Чарлс Егзејвиер во нив.

Бтњ кога сме веќе кај Х-Мен, Рејнолдс вчера објави дека Зези Бииц (Атланта) ја добила улогата на Домино во Дедпул-2. Кој ќе го лапне Кејбл уште останува да се види ..:гик:
C6hq34zVwAAccea.jpg
 
Suicide squad ми направи ќеиф, знам каснам али тоа е :D Крајот не ми се допадна али генерално одличен - cool & fun! 8/10

Од секогаш сум бил против сексизам, и worship на девојки без разлика на улогите, али Маргот Роби беше.........К Р А Ј !!!!!!!! и како капак на се одглуми маестрално - перфектна интерпретација.
 
горе-доле ќе ја следат истата формула како и Авенџерс филмовите, цел филм ќе се борат против Читаури, Ултрон Ботс или во случајов со Пара-демони, и на крај со главниот негативец, единствен џокер моментално им е Супермен, да видиме која е неговата улога...ми се свиѓаше трејлерот иначе!
 
Го изгледав Логан на ТС снимка, ме бендиса ептен иако беше ТС.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom