SunWireless интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
јас мислам дека интернетот ви е за никаде, користеше мој другар........катастрофа. Не се лажете да ставете!

Здраво Sony,

За да не е рекла-казала муабети пренесени од другари,комшии и брачеди...и за да Ве разубедиме во тоа што велите дека Ви го пренеле....имате отворена понуда од наша страна за гратис 2 месеци :)
--- надополнето: 6 септември 2012 во 09:31 ---
Добредојдовте на форумов SunWireless,

Сум користел и други два оператори.. но од SunWireless сум најзадоволен.

Ги користам откако се преселив во Скопје.....значи околу 1 година.. и досега сум немал никакви поголеми проблеми.

Добро е што брзината им е константна, па за љубители на фудбалот како мене битно е што за време на стриминг на фудбал воопшто не сецка :)

Здраво Hooligan,

Ви Благодариме за убавите зборови, се надеваме дека и во иднина ќе успееме да ги задоволуваме Вашите очекувања.
--- надополнето: 6 септември 2012 во 09:32 ---
Можеби причина да оствариме состанок во скоро време ... Еве Acid ќе поработи на таа идеа ...
Слободно пишете маил на contact@sunwireless.com.mk , и нашиот тим од маркетинг секторот ќе Ви одговори.

Или пишете ни Ваши податоци во ПП и ние ќе им пренесеме !
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
За постпејд мора да се склучи договор на 24 месеци или можи на неограничено? Дали има можност за користење на еден постпејд пакет поделен на повеќе корисници?
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Здраво mladenc0 ,

Пост-пејд договорите може да се склучат на 12 месеци (SunClassic) и 24 месеци (AirOptic).

Иначе еден пост-пејд пакет е за еден корисник, секако тој ако си го стави дома со помош на рутер може да го користи на повеќе уреди :)
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.639
Поени од реакции
787
Кога ќе ја пуштите антената во Чаир? Дали таа ќе биде доволна да покрие Скопје Север и дали имате покриеност во Радишани?
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Кога ќе ја пуштите антената во Чаир? Дали таа ќе биде доволна да покрие Скопје Север и дали имате покриеност во Радишани?

Здраво mishko,

Базната во Чаир е предвидена да стартува на 1-ви Октомври 2012.
Ќе имаме покриеност на Скопје Север.

Во Радишани во моментов немаме сервис, но ако утврдиме дека има продажна можност (повеќемина заинтересирани) можеме да обезбедиме.

Поздрав,
 
Член од
3 март 2008
Мислења
29
Поени од реакции
5
е сварно ви е за никаде интернетов...... па ќе ми кажувате ке имате 2 месеци гратис бла бла бла, земав припејд ваучер и сварно нетот ви е ,,добар''. Само прикаски продавате!
Сега да ми речете и 1 год имаш гратис не би ставил од што сте многѕ добри!!
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
е сварно ви е за никаде интернетов...... па ќе ми кажувате ке имате 2 месеци гратис бла бла бла, земав припејд ваучер и сварно нетот ви е ,,добар''. Само прикаски продавате!
Сега да ми речете и 1 год имаш гратис не би ставил од што сте многѕ добри!!

Здраво Sony,

Веруваме дека коментаров не е злонамерен, но навистина би сакале да ни споделите за што конкретно не сте задоволни од нашата услуга.

Кој е проблемот што го имате со при-пејд ваучерот? Досега Вие сте прв што се пожалил на проблем со при-пејд услугата. Ние стоиме на ставот дека ја обезбедуваме таа услуга што ја ветуваме и промовираме, така да етикетирањето на “продавање прикаски“ не држи вода.

Пријатен ден,
 
Не е злонамерен, а проблем имам со брзината!
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Не е злонамерен, а проблем имам со брзината!
ОК. Брзината често знае да зависи од местоположабата од која се приклучувате. Затоа препорачливо е да при секое закачување на мрежата имате добар сигнал од најмалку 3 црти.

кај мене тешко дека има 3 црти..... сепак имаат добра покриеност....
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Не е злонамерен, а проблем имам со брзината!

Здраво Sony,

Во нашите хотзони не би требало да има проблем со брзините.
1 односно 1,5 Mbps има секаде каде што покриеноста е добра и сигналот е 3 или повеќе цртички.

Сепак, можно е ако се закачувате од некоја локација која е надвор од хотзоните или ако сте во движење да не се постигнале дадените брзини.
 
Член од
3 март 2008
Мислења
29
Поени од реакции
5
Здраво Sony,

Во нашите хотзони не би требало да има проблем со брзините.
1 односно 1,5 Mbps има секаде каде што покриеноста е добра и сигналот е 3 или повеќе цртички.

Сепак, можно е ако се закачувате од некоја локација која е надвор од хотзоните или ако сте во движење да не се постигнале дадените брзини.
Сепак се откажувам дефинитивно од вас, и жалам за купениoт ваучер....... no coment! И ве молам не ги лажите луѓето, средете си го нетот прво моја препорака до вас! bye for ever!
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Сепак се откажувам дефинитивно од вас, и жалам за купениoт ваучер....... no coment! И ве молам не ги лажите луѓето, средете си го нетот прво моја препорака до вас! bye for ever!

Здраво Sony,

Воопшто не ги лажеме луѓето за ниту еден дел од тоа што го промовираме и нудиме.
Нашите услуги се дизајнирани според желбите, потребите и можностите на нашите клиенти и целни групи.

Заради тоа нудиме и најевтини пакети за да секој кој сака интернет да може тоа да си го дозволи.

Интернетот е максимално квалитетен и тоа го покажуваат бројките на нови корисници и трендот на раст на продажбата која се зголемува од ден на ден.

Сепак, свесни сме дека не секогаш е возможно сите да се задоволни од определен производ или услуга.
Заради тоа жалиме што нашиот производ не ги оправдал Вашите лични очекувања и Ви нудиме рефундирање на парите кои сте ги потрошиле за при-пејд картичката.
Повелете во нашите простории со Вашата картичка и парите ќе Ви бидат вратени.

Поздрав и имајте пријатен ден,
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Дали е можно да бидам поврзан истовремено од два компјутери со еден при-пејд код?
 
SunWireless

Официјален профил на SunWireless !
Член од
17 февруари 2012
Мислења
59
Поени од реакции
27
Дали е можно да бидам поврзан истовремено од два компјутери со еден при-пејд код?
Здраво MladencO ,

Не, не е можно. Еден код истовремено може да се користи на еден компјутер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom