Серијата продолжувам да ја гледам и понатаму,и сам не знам зошто,можеби од ИНАЕТ И СЕИР,
наспроти цел тој разум и свест кои потсвесно нон стоп ми сугерираат да не се замарам со глупости,ама упорно останувам да гледам како некое теле.
Не за нешто друго,туку да видам до кај можат да отидат идиотите од сценаристи на серијата.
За мината сезона се е кажано,и за таа претходно,и за сите,освен можеби за првите две кои навистина колку толку личеа на нешто.
Сето она шо се случуваше понатаму е надвор од правната сфера,и се коси со сите закони-дали биле пишани,обичајни,верски,било какви.
Додека не го фатија Мајк со фејк Харвард диплома како изиграва мангуп адвокат се трпеше некако,ама сеа откако си одлежа некој месец во апсана,па на крај излезе дека му бил цимер на некој домазет на некојси голем бизнисмен кој напрајл некоја далавара.
Ај сето тоа,ама на крај таа фалш диплома од Харвард наместо да ја искинат тој си оди фино лепо во Адвокатска Комора на Њујорк,и фаќа милион врски и на крај му даваат шанса без диплома од правен факулет да застапува на суд,хаха каде бе?
Тоа ти е како јас сеа да сакам да сум судски вештак,на пример од областа на економијата,Зошто?Зошто ме бива со бројки
.Каде бе Холивуде?
Хаха,па и последната сцена во последната епизода, со тој дебелиот адвокат кога купува хот-дог пред тезга,му оди Мајк мангупот со некој си доказ кој го стекнала онаа преварантката од шпион шо ја ангажираат да ископа
за душманите(доказ шо нема никаква важност во ниеден правосуден систем во светот,камоли Американскиот).
И оп му оди Мајк со ливче како таа компанијата за осигурување кога склучувала договори со осигурувачите се водела со примарна цел-ДА НЕ ИМ ЈА ИСПЛАТИ ПРЕМИЈАТА НА ОСИГУРЕНЦИТЕ,хахааааааааааааааа
Па нормално ,која осигурителна компанија сака да ја исплати полисата?
И на крај дебелиот адвокат дури и му вика ИЗВИНИ МАЈК,ТЕ МОЛАМ,се ќе ти дадеме,немој аман само не го вади тоа ливче хартија пред поротата и судот.
Хаха,ма немојте бре да не јебетееее.
Ај за Дона шо проба да стане сениор партнер,ок,на крај ја измазнија некако работата,иако си лапна место во администрација,сепак за
ДОНА ПРАЈМЕ МУАБЕТ.
Која смеа од серија еј,дури и жал ми паѓа за тие шо се мачат околу правење на серијава,сериозно,кои мачни души.