Suits

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Suits е нова ова серија во продукција на Usa Network Television премиерно прикажана на 23ти јуни 2011та година. Снимена е само првата сезона со 12 епизоди. (екстра инфо)

Во серијата која по жанр е драма-комедија ни го прикажува Мајк (Patrick J. Adams) чиј сон да стане адвокат е уништен откако е исфрлен од средно школо (под доста интересни околности) и со тоа целосно му е одземена можноста да се запише на престижен колеџ каде што ќе студира право. НО, Мајк има уникатна способност поради која е исфрлен од школото бидејчи се обидел да ја искористи на нелегален начин... Мајк има способност да памти неверојатна количина на детали и информации... цели книги и секакви ситници...
Приказната ни го прикажува и Харви Спектер (Gabriel Macht) еден од најпрестижните и најблескави адвокати од Њу Јорк, млад и едноставно несопирлив, добива големо унапредување и претпоставените му налагаат да си најде помошник кој мора да биде перфектен т.е негова идеална копија... тука на многу интересен начин патиштата му се вкрстуваат со Мајк и на двата брилијантни умови не им треба многу да се препознаат и да почне приказната.


На имдб има 9ка која е потполно заслужена - топла препорака да ја почнете серијава и да уживате доколку ви се допадне првата епизода.​
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Колку епизоди има досега излезено? :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас се заразив со серијава. Ептен ептен ме бендисува.
Плус е од областа на правото, она што го учам и работам.
Дечките се феноменални и одлично им стојат оделцата мх мх за женски очи (y)
Има некои работи се напумпани тешко остварливи во реалноста но сепак филм е нели.
Јас сум им голем фан, 10че чисто им давам вака за почеток и онака имаат мислам дека најголема оценка 9ка од сите до сега серии од оваа правна бранша.
А ќе има втора сезона читав, но тука одат и лошите вести. Дури идното лето и мислам но не сум сигурна дека ќе има 16 епизоди.
Јас сеуште не сум ја догледала ни првава сезона, до средина сум а викендов ја симнав. Одам да дремнам па да гледам :icon_mrgr:
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Уживанција!
Како што вели Росонерка „...Има некои работи се напумпани и тешко остварливи во реалноста но сепак ...“ ме одушевуваат дијалозите и карактерите.
Интелигентна и духовита серија. Некаде во средината на јули почнува втората сезона. :vozbud:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Серијава те тера да носиш одело и по дома, и на плажа!!! А што е најдобро, втората сезона почнува за 7 (седум) денови... :D
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Ја изгледав пред некој ден првата епизода од втората сезона и ми се допадна.
Има добри дијалози, хумор на ниво, ама не знам дали би издржал да изгледам уште една сезона, затоа што се е едно исто. Има безброј серии слична на оваа, само што разликата овде е што Мајк ја има способноста да памти се што ќе прочита. Доколку неговиот талент не го стават во преден план, серијава иста како и другите.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
За серијава имало тема?:eek:
Иначе секако вреди да се гледа, оние што не гледаат не знаат што пропуштаат.





Пријатно гледање :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене баш ми се допаѓа серијата. Првата сезона ја изгледав маратонски за два дена, и не можев да дочекам да почне втората. Сега па не можам да дочекам да поминат седум дена за нова епизода :icon_mrgr:

Супер е втората сезона засега, кон правилна насока се движи серијата, и сѐ уште не ми здодеала.

Мајк и Рејчел (y)
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Одлична серија, ја изгледав прва сезона и епизодите од 2ра во еден ден.. :)
 
Член од
2 август 2011
Мислења
81
Поени од реакции
41
Серијава е баш како што сакам hot lawyers плус хумор по малку...Ама и лани и оваа година мачење ми е што морам да чекам епизода по епизода.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
По долго истражување и бирање на наредната серија, почнав пред некој ден со Suits и сум сосем задоволен од изборот. Одлична серија. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom