Студирање/учење на два факултета/две средни училишта

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би студирале/учеле на два факултета/ две средни училишта?


  • Вкупно гласачи
    69
Залудно трошење на време. Дури и да имаш два факултета сигурно нема да водиш два паралелни бизниси ниту ќе работиш на две паралелни места. Некои работи едноставно не одат заедно. Два факултета се за луѓе со недоумици, со дилема што би станале/работеле во животот, за оние кои не можат да се одлучат што ќе бидат кога ќе завршат факултет.
 
Не сум чул до сега владата да пропагира студирање на два факултета паралелно, ако е така ондак црн бумбар. Многу знаења и умеења во животот се стекнуваат и надвор од образовните институции, нема потреба од создавање роботи. Ваквата појава нека остане на изолирани случаи. :smir:

Има реклама сум ја гледала на неколку телевизии. Ги поттикнуваат младите да се запишуваат на факултет.
Нормално им требаат студенти отворија 100 факултети, ја зголемија партиципацијата, менуваат закони до половина, па уште и во рекламата наведуваат дека многу студенти во странство (мислам дека ја спомнува тука Словенија ама не сум сигурна) студираат на два факултета паралелно па зашто тоа да не е случај и со Македонија.
Фин е текстот што го читаат да, само реалноста е поинаква. Не гледам никаков напредок во образованието и се помалку се цени факултетска диплома. Ако немаш книшче и врски џабе ти е. Ама и клошар да си со основно можеш се да успееш ако тие две работи ги имаш (книшче и врски).

Инаку не сум размислувала сериозно, но би студирала можеби на два факултета (мада ме мрзи :icon_lol:) но да имам поволности со тоа. А не со огромни партиципации, со застарен систем на образование (каде ретко на кој факултет може да се организира навистина да можеш 2 факултети да учиш, зашто кога сакаат си закажуваат испити), па и плус имаме ужасна стипендија од само 50сетина евра. Со нив не можеш ни пола од основните трошоци на факултет да ги надоместиш. А плус што само 1500 студенти добиваат стипендија. А и имаме државна квота, која е се само не државна и бесплатна каква што треба навистина да биде.

Кога би имало услови, кога би се подобрило образованието и кога повеќе би се ценело може би имало амбициозни студенти кои ќе учат два факултети.
Засега тој број е мал, али сепак ги има. Повеќето се одлучуваат за постдипломски од друга област, него паралелно да учат друг факултет, и тоа заради средствата нормално. А заради тоа што не се цени!
 
E da be ke zaulavuvam jas, ke si ja tepam glavata, nema od doma da ispagjam samo za skoloto ke ziveam. Ako tolku mi se uce ce si odam posle na posdiplomski, pa na doktorati i uste 300 drugi cuda i ce se nadograduvam postepeno, a vaka naednas 2 nema sansi.
 
И што ако заврши некој два факултети?
Нема да знае повеќе економија (пример) од оној кој учел само економски и се посветил само на тоа, ниту пак ќе знае повеќе фармација (пример пак) од оној кој се посветил само на фармација!
Не би отишол на 2 факултети, колку и да имам блиски на некој факс, веќе дојде време кога секој има факултет, прашањето сега е колку имаш научено од факултетот и колку ќе ти користи тоа, а не дали имаш завршено факултет!
Убаво рече еден член над мене, седи на еден стол бидејќи ако седиш на два може да паднеш:smir:

Еее друже ти одбра смртна комбинација која мислам дека никој нема да ја заврши.:pos::pos::pos:
Инаку мислам дека има шанси да се завршат два факултети но сепак за тоа е потребна голема желба и воља за учење а секако тоа значи минимално слободно време за други активности. Имав професорка која имаше завршено 3 факултети и тоа за англиски, француски и латински јазик, па вие сега видете.:icon_lol:
 
Еее друже ти одбра смртна комбинација која мислам дека никој нема да ја заврши.:pos::pos::pos:
Инаку мислам дека има шанси да се завршат два факултети но сепак за тоа е потребна голема желба и воља за учење а секако тоа значи минимално слободно време за други активности. Имав професорка која имаше завршено 3 факултети и тоа за англиски, француски и латински јазик, па вие сега видете.:icon_lol:

И првиот дечко си го фатила на 35 години ?
 
Зашто да не, ако некој има доволно капацитет и време, нека си учи на 2 факултета.
 
Јас сум дефинитивно против ова. Одличен начин да си го УБИЕШ општествениот живот. Закопај го носот в книга и кога ќе завршиш, да можда ќе имаш поголеми квалификации ама можеш ли да замислиш што се ќе имаш пропуштено?
 
И првиот дечко си го фатила на 35 години ?

Па незнам, може и на 40, ништо чудно:pos::pos:
Инаку си има маж и деца, е сега малку забегува на моменти ама тоа и не е толку до неа (виша сила):)
 
Јас би. Од едноставна причина шо две неповрзани области ептен ме влечет и радо би ги студирала двете. Во никој случај не би зела да ги студирам двата факултети истовремено. Би можела 10,15 години од кога ке го завршам едниот да го земам другиот,незнам.
Брачеда ми иначе заврши две средни,гимназија и музичко. Беше редовен ученик во гимназија,а музичко учеше вонредно.Двата ги заврши со одличен успех,а не пропушти ништо од животов,истите работи како секој нормален човек ги имат доживеано. Едноставно мислам дека ако се сака,се се може. :smir:
 
Две средни школи паралелно не сум чул, ако има такви деца веројатно се жртви на забегани родители, па после деца без детство и тако даље. :nesum:

Два факултети паралелно знам неколку примери, ниту еден од нив не е на два државни, а сите имаат родител или ептен блиска особа барем на еден од факултетите што е на јака позиција и држи конци таму. Две дипломи да, повеќе знаење можеби, а дека веќином од студентите имаат реално капацитет за тоа НЕ. :jaj:

Не сум чул до сега владата да пропагира студирање на два факултета паралелно, ако е така ондак црн бумбар. Многу знаења и умеења во животот се стекнуваат и надвор од образовните институции, нема потреба од создавање роботи. Ваквата појава нека остане на изолирани случаи. :smir:

За средни знам дека комбинацијата на кое и да било средно односно гимназија редовно со паралелно вонредно музикчко не е ништо ново. Ама повеќе од тоа не сум чул.
За факс Бати, има брат на државен како нема, и тоа баш кај тебе има. Имено земање два факлутета има само тогаш смисла кога ефективно повеќе од пола од испитите од едниот ќе ти ги принзаат ан другиот ша ќе имаш ефективно да завршиш уште пола факултет а ќе добиеш две дипломи. И Батистута тоа кај нас мислам дека најчесто се прави на ПМФ има луѓе кои заемаат биологија (биохемиско-физиолошки смер) со аналитичка хемија, бидејќи ко ќе земеш аналитичка хемија ти требаа на времето само уште едно 8-9 испита да положиш за да ја земеш и дипломата од биологија.
 
Искрено од тој нашиот правен факултет, ми иде да не завршам ниеден, да си останам со средно, или да се пишам на историја или архитектура.
 
Грујова глупост
баталете тоа

Последна опомена, престани да уфрлуваш политика во темите. Подфорумот за дискутирање за политички работи е затворен, повели дискутирај на теми без политички конотации. Последна опомена и не ми реплицирај.
 
не би студирал паралелно. превише time consuming. ако е од мерак - пеки. али не верувам дека некој ќе ти каже браво (освен фамилијата :)).
два-три докторати... тоа е друго (за позиции, комисии, рецензии...) има и финансиска корист и поврат. Ова со факсовите ... шознам!?
 
не би студирал паралелно. превише time consuming. ако е од мерак - пеки. али не верувам дека некој ќе ти каже браво (освен фамилијата :)).
два-три докторати... тоа е друго (за позиции, комисии, рецензии...) има и финансиска корист и поврат. Ова со факсовите ... шознам!?

Порано за да си доктор на науки требаше да изработиш докторски труд и да го одбраниш. Тоа е ај година или две, зависи од трудот.

Ама сега со измените треба да изучуваш 3 години, 180 кредити. Па потоа да подготвиш и докторски труд. Значи се на се 4-5 па и 6 години.
И би учел и три докторски студии??? 15 години најмалку :)

Јас сум пре да учам различни постдипломски кои траат година или две, зависи од факултетот. И секако потоа магистерски труд, кој не е тежок како докторскиот кој е цело истражување, една големка книгичка :)

Во секој случај за пофалба се сите оние кои изучуваат два факултета или средни паралелно. Иако најчесто примерите во средно се паралела со средно музичко, ама имам ете другарка фармација и општа гимназија заврши. :) Летно време си учеше фармација и си ги даваше испитите. Испитите се далеку помал материл, од оној на редовните.
А за факултет најчесто се слични факултети, каде половина испити им се признаваат на студентите. Иако има најмногу случаи за двојни постдипломски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom