Студирање/учење на два факултета/две средни училишта

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би студирале/учеле на два факултета/ две средни училишта?


  • Вкупно гласачи
    69

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дали сте размислувале да студирате или учите на два или повеќе факултета или две средни училишта? Или пак некои од вас веќе студираат или учат на повеќе факултети/средни училишта?

Гледав проект на Владата каде ја укажува важноста на студирањето и цели на поголем број матуранти да се запишат на факултет и го спомнува студирањето на повеќе факултети од страна на еден студент.
Има доволно студенти кои студираат напоредно на два факултети кои можат да се слични но и доста различни во однос на областа на студирањето, а сметам дека тој број се повеќе ќе се зголемува.
А зошто?
Дали студирањето на два факултета е позитивност и студентот добива образование од повеќе области и има можност за повеќе работни места? Или пак е некој начин примораност од оваа денешна огромна невработеност каде студентите учат на два факултета само за да можат да се вработат.

Дали вие би студирале на два или повеќе факултети? И од кои причини ви студирале или не би студирале.

Исто има и доста случаи на учење во две средни училишта.
Зошто е тоа така? Неодлучност на средношколците за тоа на кој факултет би се запишале или сакаат повеќе да научат или нешто сосема трето...
 
Дали сте размислувале да студирате или учите на два или повеќе факултета или две средни училишта? Или пак некои од вас веќе студираат или учат на повеќе факултети/средни училишта?

Гледав проект на Владата каде ја укажува важноста на студирањето и цели на поголем број матуранти да се запишат на факултет и го спомнува студирањето на повеќе факултети од страна на еден студент.
Има доволно студенти кои студираат напоредно на два факултети кои можат да се слични но и доста различни во однос на областа на студирањето, а сметам дека тој број се повеќе ќе се зголемува.
А зошто?
Дали студирањето на два факултета е позитивност и студентот добива образование од повеќе области и има можност за повеќе работни места? Или пак е некој начин примораност од оваа денешна огромна невработеност каде студентите учат на два факултета само за да можат да се вработат.

Дали вие би студирале на два или повеќе факултети? И од кои причини ви студирале или не би студирале.

Исто има и доста случаи на учење во две средни училишта.
Зошто е тоа така? Неодлучност на средношколците за тоа на кој факултет би се запишале или сакаат повеќе да научат или нешто сосема трето...



hahahhh jas edvaj eden fakultet NE mozam da zavrsam a kamoli dva.
inace stvarno mu se voshituvam na tie sto zapisale po dva i zavrsile.
zasluzuvaat pocit
 
Тоа е булшит од владата, како и цел тој текст што оди. Има луѓе кои што немаат завршено факултет, и ја водат државата, а шират глупости меѓу народот. Тоа важи и за двете најголеми политички партии, да не испадне ширам партиски омрази.

На темата, доколку некој смета дека може да постигне, зашто да не. Да беа бесплатни факултетите сигурно и повеќе ќе се нафаќаа на таква работа, али чим се со пари нема шанса.
 
Mене не ми се оди во едно средно училиште а камоли две:tapp:
 
Искрено мислам дека би можел да завршам и два факултети напоредно, но не сакам. Секако ако студираш 2 работи напоредно не можеш да имаш 10ки (освен ако си некој вундеркинд), но ако ти се учи можеш да постигнеш за 5 - 6 години да ги завршиш 2та.
Дека ќе имаш предност со 2 факултета мислам дека ќе имаш, ама сепак лично според мене подобро е да се посветиш на тој еден и да гледаш да се усовршиш во таа област.
Најдобра опција можеби би била да земеш пост - дипломски на друг факс и со тоа би направил некаква комбинација.
 
Кој седи на 2 стола може да падне на среде:jaj:
Определи се за една област и унапредувај таму, земи си постдипломски, докторати, бла бла, втор постдипломски оди некаде хрватска или Словенија, ако имаш познавања од странски јазик оди Америка или Англија.
Сконцентрирај се на една област:mist:
 
Ау не.
Незнам како е возможно да се постигне тоа.
Кога се упишував во средно, се двоумев мегу гимназија и средно музичко, и ми рекоа дека најубаво е да се запишам гимназија, а музичко вонредно да сум учел, на настава да сум идел сабота.Апсолутно неизводливо и неподносливо.
Да не правам муабет па за на факултет.Ке ти се зимешаат предметите, нема да знаеш главата кај ти е, ке испомешаш кој ден што полагаш, мислам дека би било тотален хаос, барем во мојот случај.
Крај, на крај, може некој да заврши неколку факултети, и пак да не биде човек, туку обичен идиот:pipi:
 
Поради би завршила еден - добро, отколку два и да заглавам во двата:toe:
Не ја гледам поентата, што по ѓаволите зборуваат овие, денес е тешко еден да истуркаш со трошоци, не пак два. Или пак даваат стипендија за тие шо ќе земат втор?

Како што рекоа погоре... доколку не сум комплетно задоволна со факултетот, ќе земам пост-дипломски на нешто што сакам да го продлабочам, али многу јасно да е поврзано со факултетот. Гледам многу случаи на мојов факс, шо се префрлиле од јазици, и имаат еден куп т.н. „долгови“ (испити што фалат) и стварно треба да се запнеш јако за да успееш затоа што има многу предмети што не ги признаваат, иако се истите што си ги правел во трите години. Јас не би се нафатила на тоа, затоа добро размислував на кој факултет да се запишам.
 
Еден факултет. НЕ можам да излезам на крај со еден а камоли со два :)
Да се заврши факултет е многу тешко, треба многу вложен труд и многу време. Не можам 4 години да ги минам над книга, сакам да имам слободно време да излезам да си поминам најдобро што можам. Тоа тешко можи да се издржи и со еден факултет. Малку се опуштив во 2ра година и одма се појавија проблеми. Ми останаа многу неположени предмети за во Август, што значи и многу повеќе пари за запишување на испитите.
Колку и да се трудиш, 2 такви работи не можиш да направиш одеднаш, освем ако не го вложиш сиот свој труд и време само на тоа..
 
Не знам, два факултета по мене е глупост. Ако веќе имаш толку слободно време и желба, поарно вложи повеќе труд во тоа што повеќе те интересира. Подобро мајстор на еден занает отколку чирак на 3.
 
пфф , да имаш кеш да платиш 2 приватни, ке ги завршиш одма ... ама сеа за сеа само футуристичко ми е ова од владава .. така да нека ми дава поддршка во пари едно 500евра месечно ке ги завршам со сласт ..
 
Две средни школи паралелно не сум чул, ако има такви деца веројатно се жртви на забегани родители, па после деца без детство и тако даље. :nesum:

Два факултети паралелно знам неколку примери, ниту еден од нив не е на два државни, а сите имаат родител или ептен блиска особа барем на еден од факултетите што е на јака позиција и држи конци таму. Две дипломи да, повеќе знаење можеби, а дека веќином од студентите имаат реално капацитет за тоа НЕ. :jaj:

Не сум чул до сега владата да пропагира студирање на два факултета паралелно, ако е така ондак црн бумбар. Многу знаења и умеења во животот се стекнуваат и надвор од образовните институции, нема потреба од создавање роботи. Ваквата појава нека остане на изолирани случаи. :smir:
 
Глупости. АКо не најдеш работа со едниот со другиов сигурно наоѓаш као демек:nesum: Ти еам глупите ти еам.

Две средни паралелно прв пат слушам??

Како шо е скапо шкокувањево, тешко е и еден да се заврши. И доста е еден, уствари кој сака нека учи цел живот ако сака, и нека го закопаат у деканат.
 
И што ако заврши некој два факултети?
Нема да знае повеќе економија (пример) од оној кој учел само економски и се посветил само на тоа, ниту пак ќе знае повеќе фармација (пример пак) од оној кој се посветил само на фармација!
Не би отишол на 2 факултети, колку и да имам блиски на некој факс, веќе дојде време кога секој има факултет, прашањето сега е колку имаш научено од факултетот и колку ќе ти користи тоа, а не дали имаш завршено факултет!
Убаво рече еден член над мене, седи на еден стол бидејќи ако седиш на два може да паднеш:smir:
 
Не сум чул до сега владата да пропагира студирање на два факултета паралелно, ако е така ондак црн бумбар. Многу знаења и умеења во животот се стекнуваат и надвор од образовните институции, нема потреба од создавање роботи. Ваквата појава нека остане на изолирани случаи. :smir:

Има реклама сум ја гледала на неколку телевизии. Ги поттикнуваат младите да се запишуваат на факултет.
Нормално им требаат студенти отворија 100 факултети, ја зголемија партиципацијата, менуваат закони до половина, па уште и во рекламата наведуваат дека многу студенти во странство (мислам дека ја спомнува тука Словенија ама не сум сигурна) студираат на два факултета паралелно па зашто тоа да не е случај и со Македонија.
Фин е текстот што го читаат да, само реалноста е поинаква. Не гледам никаков напредок во образованието и се помалку се цени факултетска диплома. Ако немаш книшче и врски џабе ти е. Ама и клошар да си со основно можеш се да успееш ако тие две работи ги имаш (книшче и врски).

Инаку не сум размислувала сериозно, но би студирала можеби на два факултета (мада ме мрзи :icon_lol:) но да имам поволности со тоа. А не со огромни партиципации, со застарен систем на образование (каде ретко на кој факултет може да се организира навистина да можеш 2 факултети да учиш, зашто кога сакаат си закажуваат испити), па и плус имаме ужасна стипендија од само 50сетина евра. Со нив не можеш ни пола од основните трошоци на факултет да ги надоместиш. А плус што само 1500 студенти добиваат стипендија. А и имаме државна квота, која е се само не државна и бесплатна каква што треба навистина да биде.

Кога би имало услови, кога би се подобрило образованието и кога повеќе би се ценело може би имало амбициозни студенти кои ќе учат два факултети.
Засега тој број е мал, али сепак ги има. Повеќето се одлучуваат за постдипломски од друга област, него паралелно да учат друг факултет, и тоа заради средствата нормално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom