Имав прилика да го видам градов...благодарност до Торчо што се понуди како водич.
Градот го видов само во вечерно светло,и тоа некаде после полноќ,некаде кај 1 и нешто,немаше жива душа..баш како што сакам јас!

Не видов многу,ама страшно една уличка ме потсеќа на Охрид...не влеговме во Селект...оти?И тој на врата не знаеше да ни каже...јас не сфаќам...внатре луѓево имаат фобија од небричени нозе ако видат луѓе во тричетврт пантолона?

глупост!
Ама затоа па супер си поминав во едно нет кафе пиејќи нес со Торчорикс,работи 24 часа,е сега не знам како се викаше,ама нема врска,знаете за кое зборувам...или не?хехе
И тоа штандот со СУД и БИНА(дефиниции за нив) и заедно даваат СУДБИНА...кул мен!
И да си се фалите,супер ви е градот..се додека не дефилираат по градот таканаречени манги со маиците во фармерки и што имаат стеј ин а лајф чекор,прекршени...

Да заокружиме...кул!
П.С.Торч,ми порасна..егото од погледите што ги добив и што ме направиле британка само оти носев патики со сукната тогаш..кул бре!
И од тоа скалите во твојава зграда,мускулите ми се воспалија
