Наркос е добра, нема збор, ама е серија базирана на реални ликови и настани (доста работи беа нашминкани и тоа добро, тоа мора да им признае) и трае кратко. Сакав да кажам дека Нетфликс нема серија која има своја оригинална приказна со ликови со кој ќе се приврзеш како Тони Сопрано, Хајзенберг, Декстер и тн, со character development каде ликови се менуваат од сезона во сезона, со разводнување на приказната и со култни и незаборавни сцени (crawl space од Breaking Bad на пр) и епизоди како Ozymandias, Constant од Lost, Rains of Castamere и тн. Сериите на Нетфликс се како некој филм со повеќе продолженија, прават серија која почнува добро чисто колку да ти го задржи вниманието и после кога не им текнува како да продолжат прават нова серија со стариот рецепт и така на секое. Кога тогаш таквиот концепт на правење серии ќе им се удри од глава и луѓето ќе престанат да се претплаќаат на Нетфликс само колку да се in.
Изгуглав, трае две сезони плус е документарец, така да останува првичниот муабет за тоа како Нетфликс прават серии.
Серијава има рејтинг 8.8 на Имдб, повисок од серии како Better Call Saul и Mad Men, ако тоа не е преценето тогаш треба да го изфрлиме тој збор од употреба. Серија која што "краде" сцени од култни филмови само за да разбуди носталгија во никој случај не може да има толку висок рејтинг.