Stranger Things

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
@Tyler Durden такво е општеството, прав конзумеризам. Види какви се не серии се гледаат и се некој репер (Елит побогу втф) , за жал Нетфликс не не прашуваат нас туку гледаат на глобален пазар што може да се продаде. Настрана сериите, документарците се топ, гледај ги The Great Hack, Icarus, The Confession Tapes... Oд сериите ѕирни ги и Mindhunter & Bodyguard иако не сум сигурна дали се нивно производство, вторава мислам дека е од BBC.
Додај ја тука и Inside Bill's Brain документарец за Бил Гејтс.
 
Значи зборувам за серии кои продокциски се од Нетфликс. Breaking Bad, Mad Men, Friends не се од Нетфликс, туку се купени, а се прчат со нив. Тоа е она што најмногу ме нервира кај сектава.
ОК де, ете, ја спомна он The Crown - продукциски е на Нетфликс, и е најскапата серија во историјата на телевизијата, и исто така - одлична е. Dark е исто врв...
 
Наркос е добра, нема збор, ама е серија базирана на реални ликови и настани (доста работи беа нашминкани и тоа добро, тоа мора да им признае) и трае кратко. Сакав да кажам дека Нетфликс нема серија која има своја оригинална приказна со ликови со кој ќе се приврзеш како Тони Сопрано, Хајзенберг, Декстер и тн, со character development каде ликови се менуваат од сезона во сезона, со разводнување на приказната и со култни и незаборавни сцени (crawl space од Breaking Bad на пр) и епизоди како Ozymandias, Constant од Lost, Rains of Castamere и тн. Сериите на Нетфликс се како некој филм со повеќе продолженија, прават серија која почнува добро чисто колку да ти го задржи вниманието и после кога не им текнува како да продолжат прават нова серија со стариот рецепт и така на секое. Кога тогаш таквиот концепт на правење серии ќе им се удри од глава и луѓето ќе престанат да се претплаќаат на Нетфликс само колку да се in.

Изгуглав, трае две сезони плус е документарец, така да останува првичниот муабет за тоа како Нетфликс прават серии.

Серијава има рејтинг 8.8 на Имдб, повисок од серии како Better Call Saul и Mad Men, ако тоа не е преценето тогаш треба да го изфрлиме тој збор од употреба. Серија која што "краде" сцени од култни филмови само за да разбуди носталгија во никој случај не може да има толку висок рејтинг.
Освен последната сезона, Black Mirror?
 
Првата сезона беше закон. Втората така-така, интересна ми беше ама го изгуби она мистериозното, не знам како да кажам, го немав она чувство како кога ја гледав првата. Третава сезона беше тинејџерска романтична акциона комедија. Предвидлива во секој поглед, повеќе беше како пародија. Иако забавна за гледање, далеку под нивото на првата, па и на втората сезона. Ќе ја гледам четвртата секако, ама не очекувам многу освен mindless fun.
 
Мислам дека Hopper нема да се појави сезонава. Намерно е во тизеров, само за да престанеме да се надеваме дека ќе се појави, демек "for sure" ќе го има, ама нема. :D
 
Мислам дека Hopper нема да се појави сезонава. Намерно е во тизеров, само за да престанеме да се надеваме дека ќе се појави, демек "for sure" ќе го има, ама нема. :D

Не може да не се појави, кога е еден од главните ликови.
 
Последната епизода треба да трае 2 и пол часа! :place:
 
Сите 7 епизоди се преку 1:15-1:30 час. Не знам зошто не направиле 14 епизоди по 35-40 минути како што е стандард.
 
Предобра сезонава, многу подобра од претходните две сезони. Посебно епизодата Dear Billy со Макс, врв. :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom