@Garfield:
Ќе може ли преку линк до весник, или нешто слично, да ми покажеш кога и на кој начин владата им дала гаранција за исплата на млекарите?
Барав, но не можев да најдам, а затоа што ми е малку нелогично, би ти била благодарна доколку ми го поткрепиш со пример тоа тврдење.
АДО во Грција, Франција, Германија и ред други немаше комунизам, па кога ќе запне земјоделец или транспортер цела држава е блокирана.
Дури и во САД најчист пример на суров Северно Атлантски капитализам, земјоделците протестираат против банки и слични состојби и се разбира блокираат.
Така да не знам што зборуваш?
Се сеќавам во времето на ТИТО немаше бе блокади на патишта,па изгледа според неколкумина овде на форумов тогаш сме живееле во вистински капитализам.Зошто тогаш не бараа краварите владата да им го реши проблемот со млекото,кога во капитализмот нели не смеат да блокираат патишта за приватни побарувања.
АБЦ и тенеке, нигде не го оспорувам правото на штрајк на млекарите.
Само ме интересира дали имаат основ да бараат исплата од владата, односно дали истата има законска/правна обврска да го направи тоа, или се што треба (и тоа како чин на добра волја) е да го забрза пронаоѓањето на нов инвеститор кој би бил обврзан да го исплати долгот.
Комунизмот пак, го спомнав во друг контекст, односно дека меѓу нашиот народ сеуште постои убедување, водено од инерција, дека државата има законска обврска да се грижи за најразлични нивни побарувања. Па кога ќе им ги шлапнат у фаца законите и обврските, кои се сепак малку повеќе изменети од времето на социјализмот, се чешаат за глава.
И би било многу подобро кога од старт би биле свесни за ризиците и можностите за санација на евентуалните штети и би чукале на вистинската врата, без залудната надеж дека "без бриге...ево, сад че се влада побринути за све".
А, кога сме кај штрајковите во Франција, Германија и сл...Тие се обраќаат директно на владата поради повишени даноци и други нешта кои се ВО ингеренција на државата, а не поради должничко-доверителски односи со приватни фирми.
И покрај тоа, сведоци сме на снимките, кои покажуваат како полицијата ги третира штрајкувачите...Ми текнува на штрајкот на рибарите во Франција, од пред неколку месеци, кога се бунеа за некој данок...И сликата на истите седнати на земја, врзани меѓусебно со рацете позади грб, и полицајци кои им стојат како свеќи над главите.
За крај, АБЦ, нормално дека во сфрј немаше блокади...Треба да набројуваме зошто?
