Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Малку е тешко да дојде до такво нешто, зошто уште при запознавање на некое машко, можам да предвидам отприлика дали во иднина меѓу нас ќе има нешто или не.
Прво при првиот впечаток, врз основа на физички изглед, одма можам да го класифицирам во да/не/можеби (би бил мој потенцијален партнер).
Првава класификација е лабава и несигурна зошто е извршена врз слаба основа.
После првиот асален муабет веќе можам со 80%-на сигурност да го класифицирам во „потенцијален другар“ или „потенцијален дечко“.
Првата и втората класификација не секогаш се поклопуваат, па така тој што во првата спаѓал во „можеби“ може многу лесно да премине во „да“ откако подобро ќе го запознаам; или тој што бил да од прв впечаток, после два реда муабет (во кој ќе го прочитам шо е и како е) лесно може да премине во „не“, без оглед на тоа како изгледа.
Од друга страна, тој што уште у старт бил „не“, многу тешко може да премине во „да“, зошто факторот на физичка привлечност е сепак важен, барем на почетокот.
Предвидувањата од класификацииве се исполнуваат во најголем дел од случаите, иако сепак постои мала можност нешто да се случи па да го смени текот на настаните, како на пример премногу да се зближиме па со тек на време некој кој воопшто не ме привлекувал претходно, да почне да ми буди интерес од ваков тип.
Ова досега не ми се случи, значи сепак сум прецизна во предвидувањата.
Сума сумарум: ако некого почнам да го гледам како другар уште од старт (тука мора да се спомне дека освен од тоа дали ме привлекува, исто многу зависи и како он ќе се постави), многу тешко некогаш да завршам со него, дури и ако се јави иницијатива од негова страна.
И обратно: ако некого сум го класифицирала како "must have", тогаш тешко да се задоволам со другарство, дури и ако не ми се оствари желбата да бидам со него.![]()