Србија сака да го чува и македонското небо?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Србија сака да го чува и македонското небо?

D0FFF7834D3F4243869FE9F64B36A678.jpg



Сплит – Србија, и покрај рецесијата, има намера да ја зајакне воената авијација, а своите услуги за контрола на воздушниот простор да им ги понуди на соседните земји. Ова го пишува хрватскиот весник „Слободна Далмација“, додавајќи дека српското Министерство за одбрана до 2012 година би требало да донесе одлука за набавка на нов борбен авион, а во 2013 првите борбени ловци треба да почнат да го чуваат српското небо, а можеби и воздушните простори на соседните земји.

Во опкружувањето на Србија, без составена контрола на воздушниот простор се Црна Гора, Албанија и Македонија, изјави за весникот извор близок со српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, додавајќи дека небото на Словенија или на прибалтичките држави го чуваат авиони на други држави на НАТО, за износ меѓу 40 и 60 милиони долари на годишно ниво.

Весникот наведува дека може да се случи Србија да и' понуди на Хрватска да го чува и нејзиното небо, со оглед на лошата состојба на хрватската воена авијација.

Србија упорно негува големи амбиции кога е во прашање војската, смета хрватскиот воен аналитичар Игор Табак, додавајќи дека српското воено воздухопловство не е способно ни технички да ги одржува постојните авиони.

„Слободна Далмација“ додава дека најавите за јакнење на српската авијација се подгреваат пред доаѓањето на претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, во посета на Србија во октомври по повод 65 години од ослободувањето на Белград, кога треба да биде одржан и самит за српско-руско стратегиско партнерство. (Макфакс)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77ACCEAA95F0F6429472C3E430FE91BE
 
Словенија ја чува Италија а нас и албанија мислам дека Бугарија. Мислам дека по договорот за Партнерство за мир, и ако сакаш да бидеш во НАТО, мора да го контролираш своето небо, што подразбира (според дефиницијата на договорот) патрола во воздух.

Ако немаш свои ловци, мора некои други да летаат.
 
ќе го чувале нашето небо...?
ооооо.... колку благородно од нив....:fuckoff:
 
ооооо.... колку благородно од нив....:fuckoff:

Не мислам дека станува збор за благородност, љубезност, љубов или било што слично од српска страна.
Станува збор за бизнис. Чувањето на небото, нормално, би се наплаќало.
Ништо ново... истиот бизнис што го врти НАТО.
 
алооо, мислам, го примети смајлито? Да, тоа беше сарказам :icon_roll
 
Личи на шпекулација.
Многу е поверојатно таков договор да се склучи со Бугарија, како членка на НАТО.
 
Спекулациja.
Како го видите една држава почти (со едната нога внагре) членка на НАТО да биде чувана от Србиja?Повероватно след приемането на РМ во НАТО да се даде чуването на небето на Грциja,Албаниja или на Бугариja,но почти невероватно на Србиja.
 
So nekoj sekako mora dali Bugari, Grci ili Srbi takov dogovor mora da imame ako sakame u NATO.
 
Па подобро србија него бугарија или грција што не ја почитуваат македонија.
 
Па подобро србија него бугарија или грција што не ја почитуваат македонија.

Најдобро е сами да си го чуваме небото. Па уште ќе сме требале да им плаќаме на соседите за да ни го "чувале" небото.:uvo: Како што е пренесено во информацијата (т.е. шпекулација).
 
Србија неможе да си го чува своето небо , а не па на други соседни држави. Со што ке ги чува со само што не распаднати МИГ - 29 или пак со МИГ 21 од времето на виетнамската војна ?
 
Србија неможе да си го чува своето небо , а не па на други соседни држави. Со што ке ги чува со само што не распаднати МИГ - 29 или пак со МИГ 21 од времето на виетнамската војна ?

Е не македонија со патничките авиони на мат ке се чува!
 
Е не македонија со патничките авиони на мат ке се чува!


Не и треба на македонија воени авиони. Подобро да ги модернизира хелихоптерите МИ-24 и да набави нови МИ-28 :smir:
 
Спекулациja.
Како го видите една држава почти (со едната нога внагре) членка на НАТО да биде чувана от Србиja?Повероватно след приемането на РМ во НАТО да се даде чуването на небето на Грциja,Албаниja или на Бугариja,но почти невероватно на Србиja.

Ах бугарија па една војска што има... Србија може да чува соседни неба има капацитет...

Не и треба на македонија воени авиони. Подобро да ги модернизира хелихоптерите МИ-24 и да набави нови МИ-28 :smir:

4 вакви имаме моментално link Su-25. Повеќе од доволни за нашево поднебје .Ми-24 се веќе модернизирани, и се купени уште 4 Ми-24....
 
Ах бугарија па една војска што има... Србија може да чува соседни неба има капацитет...



4 вакви имаме моментално link Su-25. Повеќе од доволни за нашево поднебје .


Мед ви тече от устите га говорите за србиа:)
Синдрома на македонченцето :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom