TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.833
- Поени од реакции
- 6.392
Србија сака да го чува и македонското небо?
![]()
Сплит – Србија, и покрај рецесијата, има намера да ја зајакне воената авијација, а своите услуги за контрола на воздушниот простор да им ги понуди на соседните земји. Ова го пишува хрватскиот весник „Слободна Далмација“, додавајќи дека српското Министерство за одбрана до 2012 година би требало да донесе одлука за набавка на нов борбен авион, а во 2013 првите борбени ловци треба да почнат да го чуваат српското небо, а можеби и воздушните простори на соседните земји.
Во опкружувањето на Србија, без составена контрола на воздушниот простор се Црна Гора, Албанија и Македонија, изјави за весникот извор близок со српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, додавајќи дека небото на Словенија или на прибалтичките држави го чуваат авиони на други држави на НАТО, за износ меѓу 40 и 60 милиони долари на годишно ниво.
Весникот наведува дека може да се случи Србија да и' понуди на Хрватска да го чува и нејзиното небо, со оглед на лошата состојба на хрватската воена авијација.
Србија упорно негува големи амбиции кога е во прашање војската, смета хрватскиот воен аналитичар Игор Табак, додавајќи дека српското воено воздухопловство не е способно ни технички да ги одржува постојните авиони.
„Слободна Далмација“ додава дека најавите за јакнење на српската авијација се подгреваат пред доаѓањето на претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, во посета на Србија во октомври по повод 65 години од ослободувањето на Белград, кога треба да биде одржан и самит за српско-руско стратегиско партнерство. (Макфакс)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77ACCEAA95F0F6429472C3E430FE91BE
Хрватска никогаш нема да и даде и да има ужас воздухопловни сили Србија да и го чува небото.А и онака сега набауваат нови 12 авиони,или грипени или ф-16,најверојатно грипени.
А чисто се сомневам во вистинитоста на ова,бидејки Слободна Далмација,во Хрватска е позната по јадење говна,и трсење глупости.