Спиење кај партнерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
:pos::pos:Се изнасмеав со постов на Годес...
Да убаво е, еве јас спијам секоја вечер со живо суштество и така е се клоцкаме, сепревртуваме па ќе ни текне ќе се гушнеме.... хрчење има чат пат кога некој од нас е преуморен, се на се убаво е цело време на некој да му го тргаш ќебето и сабајле да ти се жали дека грб го боли од цел ноќ откриен шо спиел и така...:wink:
Абе, ти веќе си во тавчето :) света обврска ти е тоа :pos:
 
Ммм спиење.
Вистинско спиење.
Многу сакам да спијам, па уште со друго живо суштество до мене, уш боље.
Да го клоцаш, да го штипеш, да го гушкаш, да му се излигавиш него наместо на перницата, да му 'рчиш, да го будиш таман кога ќе заспие, и обавезно да го буткаш на крајот од креветот ммм.

Аууу, не дај боже да ти се погоди некој кој исто така сака да гњави и да се бори во кревет, па тоа ќе биде светска војна.

Инаку само едно ќе ви кажам од туѓи искуства: во моментот кога партнерот ќе донесе негова четка за заби кај вас дома, тоа значи дека веќе квази се преселил кај вас.
 
А некогаш е убаво да биде само-СПИЕЊЕ.И ништо повеќе.Го сакам тоа.Ама штета шо,99% од луѓето,под спиење кај партнерот,подразбираат секс кај партнерот.Не дека ја нејќам тоа,ама некогаш е убаво само онака да си лежите...и ништо повеќе.Многу опушта.

Потполно се согласувам. :)
Инаку, јас немам спиено кај дечко од причина што никогаш не се погодило да биде потполно сам, а би ни било сТрам и на двајцата ако се неговите дома... А дечкото има спиено кај мене 3-4 пати кога сум (била) сама дома (како сега :icon_lol:) ...исто како што ми доаѓаат другарките на спиење, така ми доаѓа и он. И тако то...
 
Супер ствар! Си се гушкате, си сесакате, си се љубите а со сето тоа се прикрива безпоштедна борба за ќебето! Јас обожавам преспивање и см апсолутно за.
 
Ќе го мавам со перница ако ми грчи (хрчи).......не можам, сите што ми грчат ги разбудувам. Тешко нив со мене
 
Бидејќи јас живеам сама најчесто тој останува кај мене,а јас кај него само кога не е со неговите
И многу ми е убаво кога се будам покрај него,а најубаво ми е кога во текот на ноќта ќе осетам како ме гушка и бакнува:back:
 
Интересно би било, ама да е сам дома, и мојте да се на 1200км од бт :)
 
пошо досегашните дечковци ми биле според критериумите на мама и тато кој од кој не ми паѓаше на памет такво нешто.. барем не додека се тие тука.. мислам хелоу... тато ко што го знам нема да може око да склопи цела ноќ.. инаку никогаш немало проблем да преспијам кај дечко али пак е крајно глупаво неговите кога се дома.. мислам стварно... мене би ми било глупаво...
 
Пааа.. тоа ми е сосем нормално.. порано кога идев со бившиот пошо идевме скоро 2 години и мене ме знаеја од дома , мама го знаеше ... а и мене ме знаеја неговоите ..така да скоро секогаш останував на спиење таму.. или пак тој кај мене... и немав никаков проблем со родителите..

Замисли кога би имала многу дечковци што би испаднало на крај ... би ја знаела секоја втора куќа, а и половина град би знаел за тебе какви пижами носиш.
Туку, додека живеев кај мама и тато и бев мала, само кај еден дечко сум спиела, но само затоа што имаше посебен спрат од нивната куќа и немаше никаков контакт со неговите. Мене тоа ми е непријатна работа. Едно е да ги познаваш родителите на партнерот и да имаш еден општ муабет, а сосем друго да остануваш на спиење кај нив. Јас немам г`з за такви работи уствари.
Друга работа е двајца возрасни да живеат сами и да спијат или да се гушкаат или грабаат за ќебе цела вечер. Се` друго ми е повеќе од невкусно.:toe:
 
чат пат кога сме сами. а кога има некој одвишок во станот(било кај мене или неа) не. никако. незгодно.
 
Замисли кога би имала многу дечковци што би испаднало на крај ... би ја знаела секоја втора куќа, а и половина град би знаел за тебе какви пижами носиш.
Туку, додека живеев кај мама и тато и бев мала, само кај еден дечко сум спиела, но само затоа што имаше посебен спрат од нивната куќа и немаше никаков контакт со неговите. Мене тоа ми е непријатна работа. Едно е да ги познаваш родителите на партнерот и да имаш еден општ муабет, а сосем друго да остануваш на спиење кај нив. Јас немам г`з за такви работи уствари.
Друга работа е двајца возрасни да живеат сами и да спијат или да се гушкаат или грабаат за ќебе цела вечер. Се` друго ми е повеќе од невкусно.:toe:

епа досега сум имала само една долга врска.. другите 3 врски ми беа кратки така да не ми се има случано спиење по втор пат...
 
Тапа е да спиеш кога нејзините се дома...замисли стануваш сабајле во неглиже и ја гледаш мајка и,и она те гледа тебе по гаќички така млад згоден неопходен....не не батали :pos2:,може ама само кога сме сами
 
епа досега сум имала само една долга врска.. другите 3 врски ми беа кратки така да не ми се има случано спиење по втор пат...

Нормално. Не ни имаш доволно години за повеќе долги врски. Наведов само подрастичен пример за да доловам колку навистина лошо ми изгледа мене. За другите немам право да кажувам ... секој има свое мислење, срам или не, култура или не, слобода или не итн итн итн:pipi:
 
Не знам како да се изјаснам по пова прашање - како родител или како преспивач.
Ај прво да си кажам како јас сум се чувствувала кога ја донесов првата изгора дома на спање. Имав строга, љута и принципиелна мајка. И крајно непредвидлива. Ама, мечка-страв-мене-нестрав, едноставно не можев да го оставам да си оди, макар било тоа само до следното утро. Нормално дека јас не спиев, туку чекав да влезе мама да ме пробуди за предавања (да, втора година факултет).
Не можам да ви опишам колку ми се свиваше стомакот од страв кога ќе ги преброи табаните под јорганот ќе викне или шпанска инквизиција, или матичарот сосе брците и Законот за брачни односи. И се отвара вратата...тивко...исто така се затвора и после некое време клуч на надворешната врата. Истрчав јас да видам кој правец фатила и гледам на масата во трпезарија сервиран доручек - за двајца.
И сега, не гледам зошто јас, на денешно време, би постапила поинаку како родител. Зар е подобро да ми настинуваат децата по ладноно?
 
Не помислувам на такво нешто и несакам таква блискост и не ми е пријатно некако.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom