Спиење кај партнерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Пааа.. тоа ми е сосем нормално.. порано кога идев со бившиот пошо идевме скоро 2 години и мене ме знаеја од дома , мама го знаеше ... а и мене ме знаеја неговоите ..така да скоро секогаш останував на спиење таму.. или пак тој кај мене... и немав никаков проблем со родителите..

Кажи им мацо :) шо се разбират ... ние Струмичаните напредни сме хахах , јас ко ке бев кај женската со татко и ракија , салата , фудбалче гледавме и многу убаво си живеевме , па затоа и не претставуваше проблем понекогаш и да преспијам таму ...

Имам преспиено, ама сме биле сами, за празници. Баш ми е океј спиење кај партнерот, нормално е секој што е заљубен да сака да помине ноќ гушкајќи се со љубениот и сабајлето да се разбуди крај него. Не ми е јасно како на некои им е глупа идејата. :)

Моите дигаат џева, и затоа најчесто сум избегнувала да преспијам. Не дека нема да ме пуштат ако намислам, ама чисто да избегнам конфликт.

Па поубаво нешто од ова нема во светот на љубовта . зарем не е така :)
 
Имам заспано кај бившата ама само 1 саат скоро ,разбудих се. Родителите нејзини сакаа да ме запознаат ама пусти срам :( :) и таа вечер не бее дома и после станах ојдех си. :) хаха.. Струмица Лудаци сме ремоо :)
 
Бреј, што ќе правите во брак вие.
Американски..Еден во една, друг во друга соба. Заедно, на фотографии.
 
Сум останувала за спиење многу пати, понекогаш дури и скришно идев од Битола и останував кај него за да не дознаат моите. Не дека би ми забраниле ама срам ми е да им речам дека ќе спијам кај него зошто можам да си ја замислам реакцијата на татко ми. Неговите не прават проблем, многу ме сакаат и не им смета ако останам за спиење. А кај мене, само ако се на пат моите, иначе не верувам, иако се познаваат и се’, срам му било. :pos:
 
Имам спиено еднаш, кога нејзините беа во Охрид на два дена и немам ништо против тоа, баш ми е супер спиењето еден кај друг.
 
Не сум останувала на спиење затоа што моите паничеле најчесто. Макар што можев да најдам решение во секој случај.:)

И двајцата сакавме, па имавме некоја фора од одприлика саат или два да преспиеме заедно.
 
Само девојката кај мене.
Еднаш.
И моите почнаа да планираат свадби.
Затоа ми е глупо некако.
А некогаш е убаво да биде само-СПИЕЊЕ.И ништо повеќе.Го сакам тоа.Ама штета шо,99% од луѓето,под спиење кај партнерот,подразбираат секс кај партнерот.Не дека ја нејќам тоа,ама некогаш е убаво само онака да си лежите...и ништо повеќе.Многу опушта.
п.с ја кај девојче,не сум спиел.Освен ако не се важи,преспивање кај неа у стан,у време коа треба да бидеш на факс.
 
Ммм спиење.
Вистинско спиење.
Многу сакам да спијам, па уште со друго живо суштество до мене, уш боље.
Да го клоцаш, да го штипеш, да го гушкаш, да му се излигавиш него наместо на перницата, да му 'рчиш, да го будиш таман кога ќе заспие, и обавезно да го буткаш на крајот од креветот ммм.
 
Ммм спиење.
Вистинско спиење.
Многу сакам да спијам, па уште со друго живо суштество до мене, уш боље.
Да го клоцаш, да го штипеш, да го гушкаш, да му се излигавиш него наместо на перницата, да му 'рчиш, да го будиш таман кога ќе заспие, и обавезно да го буткаш на крајот од креветот ммм.

Мераци Годес... :)


Спиење кај партнерот... сега не е баш изводливо, but I sure like to. :)
 
ја донесов на една вечер божем да преспие а она остана скоро 17 години кај мене а родителите не ми правеа никаков проблем
 
Ммм спиење.
Вистинско спиење.
Многу сакам да спијам, па уште со друго живо суштество до мене, уш боље.
Да го клоцаш, да го штипеш, да го гушкаш, да му се излигавиш него наместо на перницата, да му 'рчиш, да го будиш таман кога ќе заспие, и обавезно да го буткаш на крајот од креветот ммм.




:pos::pos:Се изнасмеав со постов на Годес...
Да убаво е, еве јас спијам секоја вечер со живо суштество и така е се клоцкаме, сепревртуваме па ќе ни текне ќе се гушнеме.... хрчење има чат пат кога некој од нас е преуморен, се на се убаво е цело време на некој да му го тргаш ќебето и сабајле да ти се жали дека грб го боли од цел ноќ откриен шо спиел и така...:wink:
 
ја донесов на една вечер божем да преспие а она остана скоро 17 години кај мене а родителите не ми правеа никаков проблем
Мажи, еве супер причина зошто никако да не дозволувате девојката да преспие кај вас. Ќе почне да се осеќа ко дома, да ги облекува твоите маици... :nenene:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom