Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Требаше и утре да е неработен ден :) Како ли само ќе станам утре за на работа ...
 
Кога се у план Суперхикс и Кирил?
 
Abe patiotu zarem ne znaes i ne si videl do sega subara ? ete toa ti e fintata so kapite.
дечко да не не смеам да дадам мислење случајно? забрането ли е ?
или не смее некој поинаку да размислува... сите ќе бидеме роботи и ќе кажуваме едно исто ..
 
А у бидна! Добро, за некого уште трае. Време е за впечатоци. Гужвата беше очекувана, сепак е голем јубилеј. Единствена замерка која можам да ја дадам за целата прослава е именувањето на Александар како воин на коњ. И да го кажеа како Александар, нека изглумат после дека било грешка на тој што кажал (како цел свет што прави)... а не вака делува како со сила да сакаат да ни стават до знаење тоа дека е Воин на коњ! Друго, Каролина не успеав да ја видам.... Парадата беше одлична. Почнувајќи со химната која ретко кој ја знае во целост (тоа се докажа денес), заедно со воениот оркестар почетокот беше феноменален. Колку и да делуваше мала и едноставна парадата на нашите сили, сепак ти се наша гордост и срцето игра додека ги гледаш како под конец подредени чекорат покрај собранието. Потоа дечињата со Македонското сонце под Портата аххх... Она што мене најмногу ми се допадна е претставата која се случуваше кај музејот на Македонската борба. Целиот се наежив додека го слушав Бранко Ѓорчев како ги раскажува клучните моменти од нашата историја. Особен впечаток ми остави листата на имиња на клучни фигури од нашата историја. Одлично замилно, секоја чест. Огноментот беше спекталуларен на самиот крај. На почетокот не можев да го видам, а на тоа се жалеа и повеќе луѓе околу мене. Нема врска, глупост е да удрам критика на тоа. Фонтаната е одлична. Не бев изненаден премногу зошто на јутјуб излегоа милион клипчиња па знаев точно што ќе видам... Изборот на музика исто така, чиста 10-ка. Тоа е така бидејќи сами ги биравме хитовите за овие 20 години. Добро, Тарчуловска квари таму... знаеме од кои причини ја ставија да `пее`. Е сега, што не ми се допадна - говорот на Никола. Не зошто не го сакам... говорот му беше премногу долг. На таков ден очекувам да се збори за историјата, за клучни моменти во `91... а он само почна со тоа, и продолжи за образование и бла бла. Половина партиски митинг си направи... особено со изјавата `повеќето од вас тука ни ја укажаа довербата`.... Добро, Никола го множам со нула, така што за целата прослава ставам 10. И да, ново нешто што нучив за осамостојувањето на Македонија: предлогот парите да се викат статери, излезноста на референдумот во Дебар од само 30%, Гостивар 30,3% и точниот број на заокружени ЗА - 1079308 или 95,09%.

Уште еднаш да е вечен овој ден. За следниот јубилеј да бидеме помасовни и сите сплотени. Како што денес се фатија за оро луѓе што прв пат се сретнуваат, така да биде секогаш за овој ден!
Вечна да е Македонија и вечно да не нејзиното име!

пс. Конечно се надевам дека постарата популција ќе запамти дека 8 септемви и 2 август се деновите кога Македонија се стенува со државност, а не 29 ноември... што ме запрепсти од една анкета пред некој ден.
 
Тишина Васил од Германија дојде да ни ја испее песнава,ехе дури од Германија.
 
Уште еднаш да е вечен овој ден. За следниот јубилеј да бидеме помасовни и сите сплотени. Како што денес се фатија за оро луѓе што прв пат се сретнуваат, така да биде секогаш за овој ден!
Вечна да е Македонија и вечно да не нејзиното име!
Гледајќи ја сета таа радост, еуфорија и сплотеност... искрено, солзи на очи ми идеа.
 
„Она што е вечерва следно, и што следно ќе го видите ...“ - no comment
 
јас имам видео од огнометот ама не е некој посебен квалитет
ај ке пробам да гоставам асап на нет :)
 
јас имам видео од огнометот ама не е некој посебен квалитет
ај ке пробам да гоставам асап на нет :)
овие од МТВ пак се покажаа дека не се достојни за пренос во живо, ништо не видовме од огнометот...
 
овие од МТВ пак се покажаа дека не се достојни за пренос во живо, ништо не видовме од огнометот...
Да бе, изгледаше ко да имаат 100 камери и како да ги менуваа кадрите на секои 2 секунди од една до друга камера, безвезе...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom