Како сакаме да гледаме,победа си е победа,но....
Сериозна репрезентација која се стреми кон европски квалитет
НЕ СМЕЕ во никој случај да доведува мечеви со противници од рангот на Катар и Чиле да се решаваат по последни 5 минути....
Ова е срамно за македонскиот ракомет.....
Овие репрезентации мораш да ги прегазиш со најмалку 6,7 разлика....од шега....во никој случај не смееја да се трошат и Мојсо,и Борко и Кире да запнуваат на крај да спасуваат два бода против аматери......

Да примиш 28 гола од Чиле,и дури 30 од Катар е еден голем шамар за целата репка...
Кога се знае дека грото од овие играчи играат во ЛШ,имаат успеси,победуваат,кога двата најдобри дефанзивци на репката се костурот на гранитната одбрана на Лино Червар,одбрана која соборува рекорди во ЛШ.......а сега се најдуваат во ситуација да ги прават мајмуни некои аматери од Катар и Чиле..

срамно.....
Башка,губиме по 20 топки на натпревар....

Ова е поразителна бројка,да игравме со било која друга репрезентација со овие грешки ќе изгубевме најмалку со 5 разлика....
Ги следам речиси сите мечеви,врвните репки,имаат најмногу 7-10 технички грешки на меч,и тоа играа со силни ривали,а ние играме со аматери и топката ни паѓа од раце

Велиме
никој нема да прецениме,но и да потцениме
,а самите се
ПОБИВАМЕ и испаѓаме смешни.....

Факт е дека ги потценија противниците,одејќи со мотото
ОВИЕ СЕ ГОЛА ВОДА,а малку фалеше да не изрезилат......
Среќа шо и тие не се искусни,шо немаат квалитет,да беше некоја друга репрезентација ќе ни се смееше цел свет...ќе ни се случеше нов Бразил,Естонија,Израел......и ред други бламажи шо сме ги имале низ годините губејќи од репрезентации кои се за класи зад нас....
Следуваат вистинските преедизвици.....
Сега на дело треба да се видат јунаците.....на стара слава не се живее..
Сега ќе видиме дали беа оправдани сите тие почести,величења,испиени шампањска,фалења,,,,, по освоеното 5 то место,или се било само краток момент на инспирација,инспирација пред се создадена од неколку илјадна армија на навивачи која на сите мечеви(освен со Словенија) во Србија беше најдобар македонски играч...
Да почекаме да видиме....
