- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.503
- Поени од реакции
- 119.394
Па нели 1 и т1 3 плус ја типуваше?Mestena e baba, englezi su to prike moj
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па нели 1 и т1 3 плус ја типуваше?Mestena e baba, englezi su to prike moj
РусијаДали сфаќате сега колку е интересно кога ќе си го кажете својот фаворит?
Next?
Фудбалски точно објаснето и дефинитивно стои тоа што го кажа за Германија, ама читав денес дека после поразот имале собир каде што секој кажал што има да каже и излегле од тој собир со заедничка цел - мора све да се остави на страна и мора да се победи Шпанија,имаат добра и млада екипа и мора да се покаже карактер.Имаа ако не се лажам седум офсајди во 45 минути и рушија некој неславен рекорд од пред дваесеттина години. Само овој податок е доволен показател за играта на Аргентина во прво полувреме.
Во однос на второ, сигурно, играа добро, инаку...
Од тие седум офсајди не беа сите среќлиски како што велиш (иако се согласувам со тебе комплетно, таквите офсајди се бесмислени и не ја подобруваат играта никако, особено сега со будалаштината наречена полуавтоматски офсајд). Имаше ситуации каде апла аргентинските напаѓачи се наоѓаа во недозволена позиција. Штом против Саудиска Арабија за толку краток период извисуваш, тоа искрено многу кажува за неспособноста во таа фаза од теренот, но и за она што всушност го одигра Аргентина.
Без идеја, не врзаа повеќе од три додавања, рогај напред па некој ќе истрча од нашиве. Концепција ала Арсими. Па еве, освен шансата на Меси во втора минута, не ми текнува на нешто конкретно создадено од Аргентинците во прво полувреме.
Германија патем, до примениот гол играше добар фудбал. Покрај Шпанија, ретко смислен фудбал досега на Мундијалов. Немаше некоја спектакуларност, ама до примениот гол можеа слободно да водат 6:0.
Само малиов Мусиала да беше поприсебен ќе имаше хет-трик. Во една акција непосредно пред да биде 1:1, јапонскиов голман интервенираше три или четири пати. Ептен, ептен промашуваа и не се снаоѓаа пред гол, а лесно стигаа.
Проблем е што малку ги потценија (и не мислам овде на Рудигер, такви циркузарии си прави постојано), туку општо. Се опуштија и добија по муцка. Со Суле на десен бек и Раум на лев, небалансиран пивот од Кимих-Гундоган, непотребен Милер и тотално бескорисен Хаверц на деветка, виси во воздух. Дали против Јапонија, дали против било кој.
Мене исто ми се симпатични Аргентина, како и сите репстации од тој континент и навивам за нив, арно ама она не личи на ништо. Банда распашана.
Пред нив веројатно ке биде Фулкруг и класичен шпиц е најдобро решение за ситуацијава.